Џамија Шабанџи Меркез
| Џамија Шабанџи Меркез | |
Џамијата Шабанџи Меркез е најголемата џамија во Турција |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | |
| Координати | 36°59′29″N 35°20′03″E / 36.99139°N 35.33417°EКоординати: 36°59′29″N 35°20′03″E / 36.99139°N 35.33417°E |
| Религија | Ислма |
| Регион | Медитеран |
| Покраина | Адана |
| Округ | Сејхан |
| Функционален статус | активна |
| Архитектонски опис | |
| Архитект | Неџип Дтнч |
| Архитектонски тип | џамија |
| Архитектонски стил | отоманска |
| Темел | 1988 |
| Завршено | 1998 |
| Карактеристики | |
| Капацитет | 28500[1] |
| Висина на купола (однадвор) | 54 |
| Минаре/иња | 6 |
| Висина на минаре | 99 |
Џамијата Шабанџи Меркез (турски: Sabancı Merkez Camii) се наоѓа во Адана, Турција и е најголоемата џамија во Турција[2]. Надворешноста на џамија приликува на Султан Ахмедовата Џамија (Сина џамија) во Истанбул, додека пак внатрешната декорација е слична на Селимије џамија во Едрене.
Содржина |
[уреди] Историја
Џамијата Шабанџи Меркез била целосно отворена во 1998 година. Таа е изградена на вкупно 52.600 квадратни метри земјиште и има затворена површина од 6.600 квадратни метри. [3]
Џамијата била изградена заеднички од страна на Турската Религиозна финдација и Фондацијата Шабанџи Меркез. Сопственоста на џамија е во рацете на Аданската религиозна фондацијата и муфтијата на џамијата.
Џамијата Шабанџи Меркез била изградена на пресекот на главните артерии, железнички линии и патишта кои ја поврзуваат Адана со околните градови и региони. Џамијата е речиси симбол на градот, каде своите високи минариња се видливи од речиси сите страни во градот. Џамијата, која има капацитет од 28.500 луѓе, е симбол како една од најголемите џамии на Балканот и Блискиот исток.
Џамијата се наоѓа на бреговите на реката Сејхан. Таа има т.н. величествена структура со 6 минариња. Постојат осум столбови кои лежат на главната купола, која пак има дијаметар од 32 метри. Висината на главната купола е 54 метри од подот. Четирите минариња, кои се во непосредна близина на главната зграда, се високи 99 метри, а другите две минариња кои се со полузатворен трем се високи 75 метри.
Во џамијата постои комплекс којшто вклучува 4 училници, 10 итикаф соби, соби на имамот и муезинот, фонтана и.т.н. Целата калиграфска уметност во џамијата му припаѓа на Хусеин Култу.
[уреди] Галерија
[уреди] Витете исто
- Исламска архитектура
- Листа на џамии
- Листа на најпознати џамии во Турција
- Османлиска архитектура
- Ислам во Турција