Црква “Света Софија“ Истанбул

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост (на грчки: Αγία Σοφία, турски: Ayasofya, Agίa Sofίа, лат. Sancta Sophia) е поранешната престолна црква на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул), која била преобразена во џамија од страна на османлиите, кога паднал и самиот град под нивна власт во 1453 година. По 1934 година џамијата била претворена во музеј. Објектот бил изграден за само пет години (532-537 ).

Света Софија
Света Софија


Содржина

[уреди] Историја

На местото на денешната Света Софија црква постоело уште од времето на императорот Константин I, која била започната да се гради уште во 325 година. Но црквата горела до темел многу пати и била разрушена во времето на Јустинијан I во 532 година.

[уреди] Градење

Уште истата година започнала изградбата на новата црква, која ја има и новата архитектура. За главни архитекти биле избрани Исидор од Милет и Антимиј од Трал, известни по тоа време теоретичари во архитектурата и математиката. Императорот им поставил за цел многу амбициозен план, чија цел била да се создаде најголемиот и храм во историјата. За таа цел не биле штедени никакви средства и црквата била завршена во многу краток период од 5 години под контрола на Јустиниан. Биле користени скапи и многу вредни материали од територијата на целата империја. Целата внатрешност на црквата била обликувана или со злато или со скап вид на некој мермер. Многу од мермерните плочи биле донесени од стари храмови од античките градови во Мала Азија.

При осветувањето на црквата на 27 декември 537 година, смета се дека Јустиниан ги рекол следните зборови „Соломоне, јас те надминав“, имајќи го предвид Храмот на Соломон во Ерусалим. Св. Софија е најголемата црква во светот во продолжение на скоро 1000 години и се уште е четврта по плоштина во светот.

По доаѓањето на крстоносците во текот на 1204 година, црквата била опљачкана и многу ценети предмети со религиозно и историско значење биле уништени или открадени. Исто така бил разрушен и сребрениот и златниот иконостас и вратите. Во преиодот на Латинската империја (1204-1261 г.), во црквата се користел католичкиот обред. По завземањето на градот од страна на османлиите, султанот Мехмед II наредил црквата да биде претворена во џамија. Црквата а најмногу нејзиниот иконостас биле покриени со малтер кој по тоа била построена во исламски дух.

[уреди] Претварање во музеј

Од 1934 година, во време на градењето на новата турска држаа на чело со Мустафа Кемал Ататурк, џамијата била претворена во музеј. Денеска, во Истанбул таа претставува најголема туристичка атракција во градот.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки