Монофизитство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Монофизитизам)

Монофизитството (грчки: Μονη φυσις - една природа) е христолошко учење според кое Исус Христос има само една природа како Бог, а природата на Исус како човек се отфрлува.

Оваа учење било мошне расширено помеѓу христијаните од 4 век. Оваа учење било проповедено од страна на монахот Евтихиј, кој бил ученик на Кирил Александриски. Монофизитството се расширило најмногу во Палестина, Сирија и особено во Египет. Монофизитството се формирало по крајот на Вселенскиот собор во 381 година. На Четвртиот вселенски собор оваа движење било прогласено како еретичко.

Крајот на соборот довело до раскол во црквата, по кое биле формирани повеќе христијански струи, кои денеска претставуваат посебни цркви, и тоа: Коптска православна црква, Сириска православна црква, Ерменска православна црква итн.

Монофизитството било неприфатливо за царот во Цариград затоа што, како што во тоа време се велело, доколку Исус има само божествена природа, тоа би значело дека со распнувањето бил убен Бог - кој инаку се смета за неуништлив.[се бара извор]