Комплекс Килиџ Али Паша (Истанбул)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Комплекс Килич Али Паша
Kılıç Ali Paşa Külliyesi
İstanbul 4930.jpg
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°01′35″ СГШ 28°58′51″ ИГД / 
Религија Ислам
Округ Тофан
Осветен 1580
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија,медреса, хамам, турбе фонтана.
Карактеристики
Минариња 1

Комплексот Килич Али Паша (турски: Kılıç Ali Paşa Külliyesi) претставува поголем број на верски градби кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Комплексот бил граден во периодот од 1580 до 1587 година од страна на Синан. Комплексот вклучува џамија, медреса, хамам, турбе и фонтана.

Во времето кога била изградена, комплексот се наоѓал со самиот брег, но за разлика од тоа време, денеска околу комплексот се наоѓаат неколку градби. Комплексот бил изграден по наредба на адмиралот Али Паша. Оваа џамија била изградена и оценета како помала верзија на Аја Софија[1][2][3].

Централната купола на џамијата е 12,70 метри (41,7 метри) во дијаметар. Кон влезот, на двете страни, има галерија. Куполата се наоѓа во центарот во стил на византиска базилика. Објектот се состои од пет куполи. Џамијата има само едно минаре, со 247 прозорци. Во дворот на комплексот се наоѓа турбе со купола, исто така направено од страна на Синан. Гробот на Али Паша се наоѓа во внатрешноста на турбето. Медресата се наоѓа наоѓа од спротивната страна, во југоисточниот дел од џамијата. На десната страна се наоѓа амамот, чија изградба била завршена во 1583 година[2].

Наводи[уреди]

  1. Eren, Güleren (June 2006), „The Heritage of A Sailor“, „Beyoğlu“ (3): 59–64 
  2. 2,0 2,1 Bayrak, M. Orhan (1994). „Türkiye Tarihi Yerler Kılavuzu“. İstanbul: İnkılâp Kitabevi. стр. 326–327. ISBN 9751007054. 
  3. Sumner-Boyd, Hilary; Freely, John (1994). „Strolling Through Istanbul: A Guide to the City“ (6 издание). İstanbul: SEV Matbaacılık. стр. 450–451. ISBN 9758176447.