Ејуп Султан џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ејуп Султан џамија
İstanbul 5999.jpg
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°02′52″ СГШ 28°56′01″ ИГД / 
Религија Ислам
Држава Турција
Осветен 1458
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија
Карактеристики
Висина на минаре 17,5 метри

Ејуп Султан џамија е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.

Историја[уреди]

По завземањето на Константииопол во 1453 година, султанот Мехмед II дал наредба да бидат изградени голем број на џамии во градот. Првата џамија која била изградена во градот била Ејуп Султан џамија, која се наоѓа на местото каде се верува дека се наоѓа гробот на Абу Ајуб ал-Ансари, наследник на муслиманскиот пророк Мухамед. Ансари загинал за време на опсадата на Константинопол во 674 година. Турскиот патописец, Евлија Челебија раскажал за отварањето на гробот.

Џамијата била изградена во 1458 година. За многу краток период, џамијата се претворила во свето место за муслиманите од новиот Истанбул.

Кон почетокот на 19 век, џамијата била целосно реставрирана од страна на отоманскиот султан Селим III.

Денеска комплексот е еден од најпристижните во муслимснкиот свет. Во текот на отоманскиот период се сметало за чест да се биде погребан во џамијата Ејуп.

Опис[уреди]

Џамијата имаквадратна форма со една голема купола и осум помали кои се наоѓаат околу големата. Една од тие мали куполи го покрива и олтарот. На влезната порта од комплексот се наоѓа арка на победата и води до градината во џамијата. Минарињата биле изградени во времето на Ахмед III а турбето во времето на Махмуд II. Едно од турбетата, кое припаѓа на Ајас паша било изградено од страна на Мимар Синан. Освен тоа, овде се наоѓа и турбе на Лала Мустафа Паша, на Булак Мустафа кој бил адмирал во времето на Сулејман Величенствениот.

Надворешни врски[уреди]