Џамија Лалели
| Џамија Лалели Laleli Camii |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Истанбул, Турција |
| Координати | |
| Религија | Ислам |
| Осветен | 1760 |
| Архитектонски опис | |
| Архитект | Мехмет Тахир Ага |
| Архитектонски тип | џамија |
| Архитектонски стил | барок |
| Завршено | 1763 |
| Карактеристики | |
| Висина на купола (однадвор) | 24.5 метри |
| Дијаметар на купола (однадвор) | 12.5 метри |
| Минаре/иња | 2 |
| Материјали | гранит, мермер |
Џамијата Лалели (турски: Laleli Camii, или Tulip Mosque) е џамија која се наоѓа во Фатих, Истанбул, Турција[1].
Историја [уреди]
Џамијата била изградена во времето на Отоманската империја од страна на Мустафа III во периодот од 1760-1763 година во стил на барокна архитектура|барок од страна на отоманскиот архитект Мехмет Тахир Аџа. Џамијата била разрушена во 1783 година од пожар. Исто така и од пожарот во 1911 година биле уништени мадресите. Во моментот има два минариња.
Џамијата била изградена од наемнината на еден комплекс од продавници кој се наоѓа до самата џамија. Самата џамија се состои од една голема просторија од осум огромни столбови[2] .
Џамијата има форма на правоаголник, со галерија на западната страна. Ѕидовите се шарени, со мермер во црвена, сина и жолта боја, украсени со разновидни медалјони и скапоцени камења. Михработ и минибарот се исто така украсени со скапоцени камења. Внатрешноста е добро осветлена со многубројните прозорци.
Куполата на џамијата е висока 12.5 метри со дијаметар од 24,5 метри.
Во оваа џамија се наоѓаат гробовите на султанот Мустафа III и неговото семејство.
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Laleli Complex. ArchNet
- ↑ Freely, Blue Guide Istanbul
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Џамија Лалели“ |