Преторијански префект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
rmn-military-header.png

Статијава е дел од серијалот:

Римска војска (Портал)
800 п.н.е. - 476 н.е.

Структурна историја
Војска (видови единици и рангови,
легии, генерали)
Морнарица (флоти, адмирали)
Походна историја
Листи на Војни и Битки
Одликувања и Казни
Технолошка историја
Воено инженерство (кастри,
опсадна машинерија, арки, патишта)
Лична опрема
Политичка историја
Стратегија и тактика
Пешадиска тактика
Граници и утврдувања (Лимес,
Адријанов ѕид)

Преторијански префект (лат. Praefectus praetorio) била постојана титула на висока функција во римската држава чие значење во голема мерка се менувало низ вековите.

Командант на преторијанската гарда[уреди]

Преторијанскиот префект бил командант на Преторијанската гарда сè до царот Константин I кој ја укинал во 314. Преторијанските префекти продолжиле да бидат назначувани сè до времето на Хераклиј, но самата функција се променила во глава на граѓанската и правосудната администрација на царството.

За време на царството претоиријанците (царска гарда) биле командувани од еден, два или три префекти (praefecti praetorio), кои биле биле бирани од царот и свикувани од редовите на витезите. Тој можел да ги отпушта и менува во било кое време по своја волја. Од времето на Александар Север оваа позиција била отворена и за сенаторите, а и доколку еден витез биде назначен, тој автоматски влегувал и во сенатот. Сè до времето на цар Константин, кој ѝ го одземал воениот карактер на оваа функција, префектурата на гардата секогаш му припаѓала на докажан војник, често од оние кои по пат на воени подвизи се искачувале по офицерските рангови. През времето оваа функција командувала сите војници во Италија освен корпусот на градскиот префект (cohortes urbanae).

Специјалната функција на Преторијанците им давала најмногу моќ во рамките на римската држава, а нивниот префект, praefectus praetorio, бил еден од најмоќните луѓе во државата. Иако царевите секогаш се обидувале да се додворуваат на Преторијанците, овие сепак режирале пучеви и често ги менувале царевите по своја волја. Така, Преторијанците ја дестабилизирале римската држава, наспроти нивната првобитна функција. Во доцното царство Преторијанскиот префект станал главна административна фигура во државата, кога оваа позиција ѝ дала на една индивидуа функцијата главна команда на генералштабот, со директна команда врз гардата исто така. Диоклецијан значително го намалил авторитетот на овие префекти како дел од неговата голема реформа на административните и воени структури на царството.

Листа на познати Преторијански префекти[уреди]

Познати префекти на Преторијанската гарда 2 п.н.е. - 312 н.е.
Име
Во служба на
Публиј Апер
Октавијан Август
Квинт Осторииј Скапула
Октавијан Август
валериј Лигур
Октавијан Август
Луциј Страбон
Октавијан Август, Тибериј
Луциј Елиј Сејан
Тибериј
Квинт Суториј Макрон
Тибериј, Калигула
Марко Арецин Клеменс
Калигула
Руфриј Полио
Клавдиј
Кантониј Јуст
Клавдиј
Руфиј Криспин
Клавдиј
Лусиј Гета
Клавдиј
Секст Афраниј Бур
Клавдиј, Нерон
Фаениј Руф
Нерон
Гај Офониј Тигелин
Нерон
Нимфидиј Сабин
Нерон
Корнелиј Лакон
Галба
Плотиј Фирм
Ото
Лициниј Прокул
Ото
Публиј Сабин
Вителиј
Јуниј Приск
Вителиј
Тибериј Јулиј Александар
Веспазијан
Ариј Вар
Веспазијан
Арекин Клеменс
Веспазијан
Тит Флавиј Веспазијан
Веспазијан
Корнелиј Фуск
Домицијан
Каспериј Елијан
Домицијан
Норбан Домицијан
Петрониј Секунд Домицијан
Каспериј Елијан Нерва
Субуран Трајан
Клавдиј Ливијан Трајан
С. Сулпициј Симилис Трајан
К. Септициј Клар Адријан
Маркиј Турбо Адријан
Гај Максим
Адријан, Antoninus Pius
Татиј Максим
Антониј Пиј
Фабиј Корнелиј
Антониј Пиј
Фуриј Викторин
Антониј Пиј, Марко Аурелиј
Макрин Виндекс
Марко Аурелиј
Басеј Руф
Марко Аурелиј
Тарутениј Патерн
Марко Аурелиј, Комод
Тигидиј Перенис
Комод
Клеандар
Комод
Луциј Јилијан
Комод
Емилиј Лет
Комод, Пертинакс, Дидиј Јулијан
Флавиј Генијалис
Дидиј Јулијан
Тулиј Криспин
Дидиј Јулијан
Ветериј Макрин
Септимиј Север
Гај Фулвиј Плаутијан
Септимиј Север
Папинијан
Септимиј Север, Каракала
Оклатиниј Адвент
Каракала
Марко Опелиј Макрин
Каракала
Улпиј Јулијан
Макрин
Јулијан Нестор
Макрин
Валериј Комазон Евтихкијан
Елагабал
Антиохијан
Елагабал
Улпијан
Север Александар
Јулиј Паул
Север Александар
П. Елиј Виталијан
Максимин
Филип Арапот
Гордијан III
Гај Јулиј Приск
Филип Арапот
Силван
Галиен
Аурелиј Хераклијан
Галиен
Флоријан
Такит
Кар
Проб
Апер
Кар, Карин, Нумеријан
Аристобул
Нумеријан, Диоклецијан
Афраниј Ханибалијан
Диоклецијан
Константиј Клор
Диоклецијан
Асклепиодот
Диоклецијан
Руфиј Волусијан
Максентиј
Публиј Корнелиј Анулин
Максентиј

Транформација во администратор[уреди]

Понатаму, покрај воените функции, преторијанскиот префект се здобил со криминална јурисдикција, во рамките на која тој не бил делегат, туку како претставник на царот, и затоа царот Константин прогласил 331 пресудите на еден преторијански префект не се подложни на апел. Пред времето на Септимиј Север преторијанскиот префект имал слична јурисдикција врз случаите опфатени од граѓанското право. Затоа познавање на правото била квалификација за функцијата, која за време на Марко Аурелиј и Комод, но особено за време на Север, им припаѓала на врвните правници во тоа време , (на пр. Папинијан, Улпијан, Паул) и Јован Кападокиецот, додека воените квалификации сè повеќе станувале позадински. За времето на Константин функцијата магистер милитум сосема го отстранила воениот карактер на преторијанскиот префект; но истата останала највисоката граѓанска функција во царството.


 Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост„“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.