Реџеп Таип Ердоган

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реџеп Таип Ердоган
Recep Tayyip Erdoğan
Tayyip Erdoğan.JPG

Во служба
Стапил
14 март 2003
(&1000000000000001100000011 години и &1000000000000003600000036 дена)
Претседател Ахмед Сезер
Абдула Ѓул
Заменик Кемил Чичек
Булент Аринч
Претходник Абдула Гул

Во служба
27 март 1994 – 6 ноември 1998
Претходник Нуретин Созен
Наследник Али Муфит Ѓуртуна

Во служба
Стапил
14 август 2001
Лични податоци
Роден(а) февруари 26 1954 (1954-02-26) (60 г.)
Истанбул, Турција
Националност Турчин
Партија Партија на правдата и развојот
Сопружник Емина Ердоган (1978)
Деца Ахмет Бурак, Булал, Есра
Образование Универзитет Мармара
Вероисповед Ислам
Потпис Потпис на Реџеп Таип Ердоган
Портал Премиер
Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган (турски: Recep Tayyip Erdoğan) (26 февруари 1954 во Ризи} е турски политичар и моментален Премиер на Турција, на која функција се наоѓа од 2003 година, претседател на Партијата за правдата и развојот и поранешен градоначалник на Истанбул.

Во текот на 1967 година, ердоган живее во градот Истанбул. Завршил на факултетот за менаџмент во текот на 1981 година. На свои осумнаесет години стапил за прв пат во политичките води. Во текот на 1969-1982 година бил полупрофесионален фудбалер.

За градоначалник на Истанбул бил избран на локалните избори од 27 март 1994 година. Тој бил одусен на казна затвор поради потикнување на верска омраза. По ова, тој ја основал Партијата за правда и развој. Партијата по само една година од своето основање во 2002 година забележала победа на парламентарните избори. Во почртокот не станал премиер, туку на таа функција стапил на 14 март 2003 година.

Како премиер, Ердоган спровел бројни реформи. По 45 години, преговорите за пристапување на Турција во ЕУ биле отворени за време на мандатот на Ердоган. Паралелно со ова, инфлацијата, која со децении имала негативно влијание врз економијата на земјата, била донесена под контрола и на турската лира и биле отстранети шест нули. Каматните стапки за јавните задолжувања биле намалени, приходот по жител значително пораснал. Неговата партија победила на изборите од 2007 година.[1]

Ердоган, исто така бил цел на многу критики. По осумгодишниот мандат, во земјата сеуште постои напрегнатост помеѓу секуларните Турци и западната политика во врска со можното отстапување на секуларниот карактер на републиката.

Во 2009 година станал популарен помеѓу арапскиот свет, кога во очи му рече на израелскиот претседател Шимон Перес дека израелската офанзива е злосторство против човештвото поради убивањето на палестинските деца и цивили. По ова, тој во Турција бил пречекан како национален херој[2]. Во текот на 2010 година ја посетил Атина, кое претставува историски настан за односите помегу двете земји[3].

Наводи[уреди]