Римски триумф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
rmn-military-header.png

Статијава е дел од серијалот:

Римска војска (Портал)
800 п.н.е. - 476 н.е.

Структурна историја
Војска (видови единици и рангови,
легии, генерали)
Морнарица (флоти, адмирали)
Походна историја
Листи на Војни и Битки
Одликувања и Казни
Технолошка историја
Воено инженерство (кастри,
опсадна машинерија, арки, патишта)
Лична опрема
Политичка историја
Стратегија и тактика
Пешадиска тактика
Граници и утврдувања (Лимес,
Адријанов ѕид)

Римски триумфјавна церемонија и верски обред во Стариот Рим, во чест на војсководец (дукс) за неговите забележителни успеси во војна или поход вон Рим како и за приказ на сите благодети на победата. Само луѓе од сенаторски ранг можеле да изведуваат триумф и да бидат триумфатори.

За добивање на триумф, војсководецот дуксот морал:

  1. Да извојува значајна победа над туѓ непријател, со над 5,000 убиени непријатели, и да се здобие со титулата император.
  2. Да биде избран за магистрат со моќ на империум, т.е. конзул или претор.
  3. Да ја доведе војската дома, со тоа означувајќи крај на војната и потребата од таа војска. Се разбира, ова важело само во републиканското доба каде војската била граѓанска војска. Во царскиот период, кога војската била професионална, вистинскиот триумф бил резервиран за царот и неговото семејство. Доколку царот му доделил триумф на еден војсководец, тој марширал со симболичен број на неговите единици.
  4. Во републиканскиот период, римскиот сенат морал да го одобри триумфот врз основа на горенаведените услови.

Церемонијата се состоела од спектакуларна парада, која се отворала со поглаварите на покорените народи (подоцна погубувани во Тулијанумот), по што доаѓале каравани со злато и други скапоцености запленети во војната (вклучувајќи и робови), потем музичарите, танцувачите, плакати со сцени од битките, па победничкиот војсководец на чело на неговите единици (кои во доцната република и царството биле симболичен број на војската, а не сета војска). Ова била конкретна изложба на воениот плен доведен во прилог на богатството на татковината - Senatus Populusque Romanus (S.P.Q.R.).

Детал од Титовата арка со триумфот по Грабежот на Ерусалим во 78 год.

Триумфаторот се возел во веќе древна четириколка влечена од два бели коња, а лицето и телото му било обоено црвено. Роб стоел позади триумфаторот и држел ловорова круна над неговата глава (без да ја допира). Овој роб имал за задача постојано да му ги повторува на војсководецот зборовите мементо мори („Запомни дека си смртник“). Некои извори велат дека робот викал „Respica te, hominem te memento“ („Осврни се, ти си само човек“). Церемонијата води потекло од далеката антика, можеби од претходни етрурски ритуали.

Парадата следела прецизна маршрута по улиците на Рим, започнувајќи од надворешната страна на Сервискиот градски ѕид, на Марсовото Поле на западниот кеј на реката Тибар. Триумфаторот потоа го преминувал помериумот во градот низ т.н. Вија Триумфалис (која по повеќе векови била повторно отворена под името Вија деи Фори Импријали од страна на Бенито Мусолини за и тој да може да маршира во триумф) и патувал по улицата Вија Сакра, па во форумот Форум Романум. Триумфот го достигал својот врв кај храмот на Јупитер Оптимус Максимус на ридот Капитол, каде трумфалниот војсководец му дарувал победнички ловори на богот.

За подобро прославување на триумфот понекогаш се градел и паметник. Ова води потекло од Титовата арка и Константиновата арка, недалеку од Колосеумот, или можеби близу бојното поле како во случајот на т.н. Тропеум Трајани. Исто така династијата Флавии подигала и т.н. Мета Суданс за да се одбележи местото каде триумфалната поворка скршнувала од улицата Вија Триумфалис во Вија Сакра и Форумот.

По воспоставувањето на Принципатот, само членовите од царското семејство можеле да добијат триумф. Другите граѓани добивале Орнамента териумфалија (триумфални бележја), така што царската фамилија можела подобро да ги контролира патиштата кон политичкиот прогрес.

Велизар бил последниот човек кој добил триумф (привидно заменувајќи го царот Јустинијан I), како заслуга за неговата победа над Вандалите. Оваа церемонија се одржала во Цариград.

Триумфална музика[уреди]

Поврзано[уреди]