Капали чаршија (Истанбул)
| Капали чаршија Kapalıçarşı |
|
|---|---|
| Место | Истанбул, Турција |
| Тип | базар |
| Започнат | 1455 |
| Завршен | 1461 |
| Во чест на | Мехмед II |
Капали чаршија (турски: Kapalıçarşı, што значи Затворена чаршија) се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа е една од најголемите и најстарите покриени пазари во светот. Комплексот се состои од 12 основни згради и располага со 22 порти, кои се наоѓаат на 85 улици кои собираат меѓу 250.000 и 400.000 посетители на ден.
Содржина |
Историја [уреди]
Чаршијата се наоѓа во стариот дел на градот. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку Бајазидскиот плоштад, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и Бајазидската џамија.
Во периодот на Византија, на местото каде денеска се наоѓа чаршијата имало мали магазини од чии приходи била финансирана Аја Софија. Капали Чаршија започнала да се гради во 1461 година во времето на султанот Мехмед II.
„Ески безистен” или во превод старот безистен го претставува јадрото на чаршијата. Мехмед II го изградил безистенот со цел да се зголеми трговијата во градот и наредил да биде изградена друга градва од истиот тип како претходната, која го добила името „Сандал безистен”. Со текот на времето, улиците околу овие две градби биле покриени и објектот претворен во чаршија. Во текот на својата историја, градбата била на неколку пати опожарувана и погодувана од земјотреси. Чаршијата значително била проширена и реновирена во текот на 16 век, во времето на Сулејман Величенствениот. Реновирање објектот доживеал и во 1894 година по земјотресот во градот.
Намена [уреди]
Тој е познат по место каде што се продава најмногу накит, керамика, зачин, теписи и.т.н. Многу од тезгите во чаршијата се групирани според видот на стоката, со одредени области за кожени палта, златен накит и слично.
Објектот сам по себе претставува самостојно мало градче и еден од најголемите трговски центри во светот, не само поради големата му плоштина туку и поради големиот број на магазини и трговци. Комплексот претставува огромен лавиринт кој зазима површина од 30.700 квадратни метри, со над 80 улици. Во Капали Чаршија има околу 4.000 продавници, 5 џамии, 1 училиште, 7 чешми, 10 кладенеци, 1 протечна вода, 1 себил, 22 порти и.т.н. Во двата најстари безистени, денеска се продаваат персиски килими. Уште на самиот влез на Сандал безистен се наоѓа битпазар, каде се продаваат стоки главно со втора употреба.
Чаршијата работи секој ден во неделата. Во чаршијата се вработени околу 36 илјади луѓе а во текот на летниот период се претпоставува дека бројот на посетителите е околу 500.000 луѓе на ден а додека во зимскиот околу 300.000.
Галерија [уреди]
| Grand Bazaar Images | ||||||||||
|
||||||||||
Наводи [уреди]
- Archnet Digital Library - Covered Bazaar
- Let's Go Istanbul - Istanbul Covered Bazaar
- Turkish Culture Portal - Grand Bazaar in Istanbul
Видете исто [уреди]
Надворешни врски [уреди]
Медиумски материјали поврзани со Капали чаршија (Истанбул) на Ризницата.- Големата чаршија (на турски)
- Официјална интернет страница
- Министерство на културата
- Newspot
- Carpet shops