Ферибот
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ферибот или траект e специјален брод за превоз на возила, патници и стока преку река, море или езеро. Постојат специјални фериботи за превоз на вагони и на цели железнички композиции. Зборот потекнува од анг. ferryboat. Во крајбрежни градови, како на пример Сиднеј, фериботите се користат како секојдневен јавен превоз за голем број од населението.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |