Кула Киз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кула Киз
Kız Kulesi
Maiden tower.JPG
Место На островче во близина на азиски брег на јужниот влез на Босфорот во Истанбул, Турција
Прва изградба 1110
Изградба Ѕидна[1]
Облик на кулата Осмоаголна призма со купола
Ознаки Бела[1]
Висина 23 m (75 ft)[1]
Карактеристика Црвен и бел блесок, во зџависност од насоката

every 3 seconds[1]

Адмирален број E4903.8[1]
Број според НГА 17372[1]
Турција number TUR-038
Мапа на Константинопол (1422) од Фиренскиот картограф Кристофоро Бунделмонти, покажувајќи ја Пера во северниот дел на Златниот рог, Константинопол на југ. Кулата се наоѓа во средината на морето, во близина на брегот на Ускудар на азиската страна од Босфорот
Кулата на девицата.
Турска банкнота од 10 лири (1966-1981)

Кулата Киз (турски: Kız Kulesi или Кулата на девицата), исто така позната во Античка Грција и Византија како Леандарска кула, се наоѓа на едне мал остров во близина на брегот на Ускудар во Истанбул, Турција. Кулата е еден од најромантичните објекти во Истанбил. Оваа градба е единствената во Ускудар која датира од византиско време. Кулата чија митска историја започнува во околу 2.500 п.н.е. е изградена врз мал остров кој се наоѓа на местото каде се среќаваат водите на Црно и Мраморно Море.

Историја[уреди]

Во античкиот период, кулата била позната со имињата Аркла или Дамијала, а според некои европски извори и како кулата на Леандар. Во денешно време, кулата е позната под името Киз. Во текот на 341 п.н.е., овој историски споменикпретставувал монументална гробница, во византискиот период бил користен како зона за наплата.

Рана историја[уреди]

Кулата била изградена во времето на Алкивиад во 408 п.н.е. целта на изградбата била поголема контрола на движењата на персиските бродови во теснецот[2] и нивно плаќање на тарифа за премин покрај теснецот, односно кулата претставувала царинска контрола за влез и излез на Босфорот. Тогаш кулата била лоцирана помеѓу античките градови Византион и денешниот Ускудар. Во 341 п.н.е., од страна на грчкиот командант Чарлс бил изграден мавзолеј на неговата сопруга.

Византиска Империја[уреди]

Кулата подоцна била проширена и изградена како тврдина од страна на византискиот император Алексеј I Комнин во околу 1110 година. Мануел I Комнен побарал да бидат изградени две караули за одбрана на градот. Едната била изградена во близина на Топкапи Сарај, а другата на островот каде денеска се наоѓа кулата. Императорот Мануел ги поврзал овие две кули со синџир, блокирајќи го влезот на непријателските чамци на Босфорот и спречувајќи го истиот без да биде платена одредена такса.

Отоманска Империја[уреди]

По освојувањето на градот во 1453 година, Мехмед II наредил разрушената кула повторно да биде изградена од камен. Во тој период кулата повторно имала истата намена, како во византискиот и римскиот период. Кулата била обновувана и на неколку пати за нијанса изменувана од страна на отоманските Турци, позначајно во 1509 и 1763[3]. За последен пат, кулата била обновена во 1998[4]. Нивото на морето околу островот на кулата е многу ниско. На улата бил ставен светилник кој служел за контрола и предупредување на бродовите кои доаѓале.

Во периодот од 1830 до 1831 година, местото служело како карантин, со цел да се спречи проширување на епидемијата на колера во градот. Во 1833 година, кулата била за последен пат реконструирана од страна на Отоманците во барок стил. Во 1857 година бил поставен нов светилник.

Република Турција[уреди]

Во 1995 година, холдингот Хемоглу добил право за управување на кулата за 49 години. По реставрацијата, за прв пат кулата била отворена во 2000 година. Денеска, во внатрешноста на кулата има кафуле и ресторан, со одличен поглед кон поранешната римска, византиска и отоманска престолнина[5]Приватни чамци даваат услуга за патување до кулата по неколку пати на ден[6].

Легенди[уреди]

Кулата на девицата на денешниот град Истанбул дала големо историско и митско значење, кој град во текот на својата историја бил престолнина на неколку големи империи. Во секој еден период од минатото, оваа осамена кула која се наоѓа во водите на Босфорот претставувала симбол на тажната љубов. Легендата во врска со кулата се основаат врз основа на невозможната љубов поради фактот што таа се издига врз едно мало парче земја и е недалеку од брегот на градот. Таа претставува толку голема љубов што ниту самиот град неможел без кулата, ниту пак самата кула без градот. Најголемата љубов на кулата Киз е Галата (кула)|кулата галата, која се наоѓа на брегот од Златниот Рог. Кулата Киз според легендите е вљубена во Галата, но помеѓу нив поминува Босфорот кој не дозволува да се сретнат.

Херо и Леандар[уреди]

Постојат многу легенди за изградбата на кулата. Едно од најстарите имиња на кулата е кулата на Леандар. Ова име доаѓа од старогрчката легенда за Херо и Леандар. Херо била калугерка на Афродита, која живеела во една кула во древниот град Систос на крајот од Дарданелите. Леандар бил младо момче од Абидос, кој живеел од другата страна на протокот. Тој ја засакал на неа и секоја ноќ пливал до кулата за да бидат заедно. Секоја ноќ, Херо го палела светилникот за да може нејзиниот сакан да се ориентира каде се наоѓа кулата.

По една расправија со Афродита, божицата на љубовта отстапила пред Леандар и дозволила на Херо да биде девица. Херо го пуштила на Леандар кој ја дарил со своите бакнежи. Ова се повторувало секоја ноќ во текот на целото топло лето. Но во една студена ладна зимска вечер, брановите не му дозволувале на Леандар да стигне до кулата, а силниот ветар го изгаснал оганот од светилникот. Леандар се изгубил во морето и се удавил. Поради големата така, Херо не издржала и се фрлила во морето и таа се удавила.

Главно поради блискоста на Дарданелите и Босфорот, оваа легенда била прераскажувана од страна на Старите Грци, а подоцна и од Византијците.

Легенда за царската ќерка[уреди]

Една од најпознатите легенди за кулата е онаа за царската ќерка. Дел од легендата се раскажува за ќерката на византиски император, а идентична легенда раскажува за ќерка на еден султан. Така, според легендата на еден цар му се родила една ќерка. По нејзиното раѓање се празнувало низ целата империја. По неколку години, императорот започнал да размислува како да ја подготви својата ќерка за престолот. Еден од неговите поданици му рекол дека таа ќе биде каснета од една змија и дека ќе почине пред да наполни осумнаесет години. По ова, нејзиниот татко се исплашил и наредил таа да биде испратена на ова мало островче, каде изградил тврдина.

По неколку години, девојката речиси наполника 18 години. Нејзниот татко и испратил на својата ќерка една кошница полна со грозје. Кога таа започнала да јаде од овошјето, се појавила една змија и ја каснала, по кое таа починала.

Нејзниот татко бил шокиран. Тој не сакал да ја закопа својата ќерка во земјата со мислата дека змиите нема да ја оставаат на мира ниту во нејзиниот гроб, па затоа наредил нејзиното тело да биде балсамирано и да се положи во железен ковчег.

Подоцна, при изградбата на Аја Софија, ковчегот бил ставен на самиот влез. На тој ковчег постојат две дупки, според кои се докажува дека змиите не ја оставаат на царската ќерка ниту по нејзината смрт.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]