Галатасарај Лисеси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Галатасарај Лисеси
Lycée de Galatasaray
Galatasaray High School
Galata Sarayı Enderun-u Hümayunu
Galatasaray
Mekteb-i Sultanisi
Mekteb-i Sultani

Galatasaray Lisesi logo.svg
Место
Општина: Галата, Бејоглу
Место: Истанбул, Турција
Основни информации
Настава на: турски
Контакт информации

Галатасарај Лисеси (училиште Галатасарај) е средно училиште кое се наоѓа во Истанбул, Турција. Ова училиште е едно од највлијателните во земјата. Било основено во 1481 година како едно од најстарите османлиски училишта, и втора најстара образовна институција во градот по Истанбулскиот универзитет којшто бил основан во 1453 година. Интересен факт е тоа што ФК Галатасарај, којшто во 2000 година го освоил купот на УЕФА било формирано во ова училиште. Училиштето членува во т.н. клуб на Галатасарај, во кое членуваат и Универзитетот Галатасарај и Галатасарајскиот спортски клуб. Името на училиштето во превод значи “Дворецот Галата“, бидејќи објектот се наоѓа во регионот Галата, во близина на кулата Галата, во Бејоглу.

Образованието се одвива на француски и турски јазик. Исто така се изучува и англиски и италијански јазик. Нормално, постојат услови за изучување и на другите светски јазици како: персиски, арапски, латински, грчки и.т.н. Образованието е распределено на осум години.

Видете исто[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наовди[уреди]