Бешикташ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за општина во Турција. За фудбалскиот клуб видете ФК Бешикташ.
Бешикташ
Beşiktaş
DolmabahcefromBosphorus.jpg
Istanbul location Beşiktaş.svg
Информација
Место Истанбул, Турција

Бешикташ е општина која се наоѓа во Истанбул, Турција. Оваа општина се наоѓа на европскиот брег на Босфорот. Таа се граничи на север со Саријер и Шишли, на запад со Кагитане и Шишли, на југ со Бејоглу, и на исток со Босфорот. Директно низ теснецот се наоѓа општината Ускудар.

Оваа општина вклучува исклучително голем број на значајни локалитети по должината на европската страна на Босфорот од Долмабахче на југ до Бебек на север. Најпознати населби во општината се Јилдиз, Kuruçeşme, Ортаќој и Арнауткој.

Зборот Бешикташ потекнува од beşik што на турски значи лулка од камен.

Историја[уреди]

Во времето на опсадата на градот во 1453 година, како еден од клучните фактори за нејзиниот успех било зазимањето на грчкото село Куне Петро, кое во превод значи Камена лулка. Денес овој реон се нарекува Бешикташ. Турскиот патник Евлија Челебија напишал дека во времето на Византија на ова место постоело црква во која се наоѓал остатоци од реликви кои припаѓале на Исус. Тие реликви биле подоцна пренесени во Аја Софија каде по четвртата крстоносна војна исчезнале.[1]Според османлиската традиција, адмиралот Хазар Хајретин паша на ова место подигнал пет столба од камен на кој биле врзани отоманските бродови, па од овде дошол и самиот назив на Бешикташ (Беш Таш - пет камема).

По зазимањето на градот, реонот бил припоен кон неговата територија. Од тој период денеска се зачувани едно торбе на султанот. Во времето на Сулејман, реонот започнал во голема мера да се населува.

Знаменитости[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Stratton, Arthur (1972). „Sinan: Biography of One of the World's Greatest Architects and a Portrait of the Golden Age of the Ottoman Empire“. Macmillan Publishers. ISBN 0333029011. 

Надворешни врски[уреди]