Реконквиста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Текот на Реконквистата

Реконквиста (шпански: Reconquista) претставува период на протерување на арапските Маври од Иберискиот полуостров од страна на христијанското население во Шпанија и Португалија. Периодот на Реконквистата траел вкупно 774 години.

Маварско освојување на Иберија[уреди]

Борбата околу престолот во почетокот на VIII век помеѓу Визиготите кои владееле со Иберискиот полуостров им овозможила на муслиманските Маври на навлезат на европска почва преку претходно освоената Северна Африка. По само три години, Маврите во 714 година освоиле голем дел од полуостровот. По инвазијата на полуостровот, тие продолжиле кон север, каде војувале со државата на Каролинзите. Муслиманите стигнале до градот Поатје, каде во 732 година биле поразени во битката кај Поатје од страна на Карло Мартел.

Текот на Реконквистата[уреди]

Во времето кога Маврите навлегле на полуостровот, малобројното визиготско население се повлекло кон планинските предели на Астурија и Кантабрија, каде подоцна го основале Кралството Астурија. Карло Велики основал т.н. Шпанска марка која претставувала погранична зона и нејзината цел била да го сопре напредувњето на Арапите кон внатрешноста на Европа.

Битката кај Ковандога, која се одиграла во 720 година го означила почетокот на Реконквистата. По битката, Дон Пелајо бил прогласен за крал на Визиготите. По неговата смрт во 737 година, неговиот наследник Алфонсо I повторно покренал подход кон Маврите, напредувајќи кон Риоха и реката Дуеро.

Кон крајот на IX век, западниот дел од т.н. Шпанска марка станал дел од новосоздаденото Кралство Навара кое ги опфаќала Баскија, Памплона и Арагон. Од нејзината десна страна било создадено Графство Барселона. Кралство Астрија до 1000 година било поделено помеѓу Кралство Леон и Кралство Кастилија.

Во текот на X век, христијанските кралства само ја шириле својата територија на сметка на Маврите. Астурските кралеви Ордоњо I и Алфонсо III Астурски ја потврдувале својата позиција покрај граицата со Арапите. Во 913 година било создадено Кралство Леон, време кога кралевите на Астурија ја преместиле престолнината од Овиедо во Леон. Во 931 година, грофот Фернан Гонзалез Кастилија ја претворил во грофовија независна од Леон. Во исто време ја добил титулата крал на Кастилија, според многу тврдини (шпански: castillos) кои се наоѓале на овие простори. Во следните години кралството се проширило на сметка на Леон.

Во средината на X век, христијанските земји ги опфаќале Леон, Астурија, Галиција и Кастилија, како и делови од Баскија и Навара. Рамиро II продолжил со проширување на христијанските земји кон југ на сметка на муслиманските Арапи. Во времето на Алфонсо V, на Леон му биле изречени посебни закони, а во исто време се грижел и за останатите делови кои биле освоени. Кастилија благодарение на Фернан Гонзалез кој ја искористил смртта на Рамир II, успеала да ги утврди своите граници и да стане независна. Кастилија настанала на самата граница на Кралство Астурија. Територеијата била населена од Баскијци. До XIII век, Леон и Кастилија на повеќе пати биле соединувани и повторно разделувани. Конечно, во 1230 година дошло до последно обединување на Кастилија и Леон, кога Фернандо III од Кастилија го наследил Кралството Кастилија во 1217 година, а во 1230 година го наследува Леон од својот татко Алфонсо IX.

Што се однесува до муслиманскиот свет, сè додека тие останале единствени помеѓу себе, христијаните не можеле ништо да направат туку само да ја чуваат својата територија. Во 1034 година дошло до распаѓање на Кордопскиот халифат, кој бил поделен на повеќе од дваесет мали држави. По опва, христијаните добиле можност за побрзо напредување кон јужниот дел на полуостровот.

Во текот на Реконквистата, голем број на монаси започнале да ја проповедат војната против шпанските муслимани. Еден од најзначајниот поход бил оној на Рајмонд Тулиски од 1085 година. Во текот на XI век, голем дел од христијанските земји на полуостровот припаѓале на двајца кралеви, Алфонсо VI- крал на Кастилија и Леон и Санчу Рамирези- крал на Арагон и Навара. Овие два крала, заедно со француските витези презеле голема офанзива против муслиманските таифи. Во 1085 година, Алфонсо VI го освоил градот Толедо, град кој бил голем културен центар на муслиманскиот5 свет. Во следните години, овие два крала постојано војувале со муслиманите, и постепено ја слабееле нивната држава. Во тоа време, славниот јунак Родриго Дијаз де Вивара, меѓу муслиманите познат како Ел Сид, ја освоил Валенсија. Во меѓувреме, освен војната против муслиманите, постоеле и повремени војни помеѓу самите христијани. Ова значително ја оспорило Реконквистата.

La rendición de Granada (1882) од Франсиско Прадила.

Таифите бргу заклучиле дека нивните противници се премногу силни, па затоа стапиле во сојуз со Алморавидите, народ кој владеел со Северна Африка. Со нивна помош, муслиманите ги принудиле на Алфонсо VI да се повлече кон север во градот Ларида и Валенсија. Меѓутоа, многу бргу муслиманскиот сојуз се распаднал, па ова било повод за нов поход кон јужниот дел на полуостровот. Алфонсо I од Арагон и Навада, во 1118 година ја освоил Зарагоза, а грофот на Барселона Рамон Беренгер III ги освоил регионите кои се наоѓале околу Медитеранот, а самиот остров Мајорка го опљачкал. Пои триесе години, Алфонсо VII ги зазел Кордоба и Алмерија. Во 1150 година Рамон Беренгер IV се венчал со Петронила од Арагон, ќерка на Рамир II со кое дошло до обединување на двете кралства.

Во 1125 година, берберското племе Алмохади ја зазела Северна Африка, а Алморавидите биле прогонети. Така, муслиманското население од Иберискиот полуостров ги повикале на помош новите владетели на Северна Африка. Во 1146 година стигнале на полуостровот и ги освоиле сите територии кои претходно ги освоил Алфонсо VII.

Алфонсо VIII од Кастилија и неговиот вујко Фернандо II од Леон покренале нов поход кон муслиманите. Во 1195 година, во битката кај Аларкос, војската на Алфонсо VIII доживеала тежок пораз. Во наредните години, и двете години се спремале за одлучувачката битка која се случила на 16 јули 1212 година, позната како битка кај Лас Навас де Толуз. Во битката, муслиманите претрпиле тежок пораз.

По оваа голема победа, христијанските земји започнале да војуваат меѓусебно. Процесот на Реконквиста продолжил по 1230 година. Фердинанд III, крал на Леон и Кастилија во 1236 година ја зазел Кордоба, а во 1248 и Севиља. Џејми I Арагонски ги освоил Мајорка, Менорка и Валенсија. Последен паднал градот Гранада во 1492 година, под раководство на Католичките кралеви.

Протерување на евреите[уреди]

На 31 декември 1492 година, Катличките кралеви потпишале указ за протерување на Еврејското население (или поточно, Сафадите) од Кралство Кастилија. Фернандо II Арагонски исто така напишал указ за протерување на Евреите од Кралство Арагон. Како основач на овој документ се смета дека бил Фра Томас де Торкемада. Аргументите биле од исклучиво религиозна пригода: мерките биле преземени поради заштита и ширење на католичката вера. Според многу свештеници, Евреите во голема мера ги убедувале христијаните да се одречат од нивната вера и да преминат во Јудаизам.

По заземањето на Гранада во 1492 година, маварскиот крал Боабдил преговарал за условите според кој ќе биде предаден градот, но претходно барал од Католичките кралеви право на вероисповед на муслиманите и нивна толеранција, потоа дека муслиманите нема да плаќаат поголеми даноци од христијаните, христијаните кои веќе го имале прифатено Исламот нема да бидат присилно враќани во христијансктата вера. Ова до некаде било прифатено од страна на Католичките кралеви. Но, во 1499 година и една посета на Гранада од страна на кралевите, тие виделе колку уште во градот владее муслиманскиот дух и култура. Така, контроверзни мерки биле преземени од страна на кардиналот Сиснеросу, кој наредил насилно покрстување на муслиманите. Ова довело до драстично иселување на муслиманите од градот.

На 14 февруари 1502 година, на исти начин биле протерани и шпанските муслимани (познати како морискоси). Така, 272.000 муслимани биле протерени од Шпанија.