Таифа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на таифите во 1031 година

Во историјата на Иберија, зборот Таифа (арапски: طائفة ṭā'ifa, множина طوائف ṭawā'if) се употребувал за независните муслимански кнежества, обично емиратите или ситни кралства, иако постоела една т.н. олигархија, според која сите тие мали муслимански територии го формирале Ал Андалуз. Ниното исчезнување настапило веднаш кога во времето на Реконквистата хрисијанските кралства ги зазеле териториите кои претходно биле владеени во рок од 8 века од страна на муслинаните. Падот на Гранада како и падот на Константинопол го означиле почетокот на една нова историја на европскиот континент. Сепак ви тие оделни таифи, исламската култура, јазик и традиција оставиле трага во најразлични региони во денешна Шпанија. Во времето кога таифите биле најсилни, најпрвин во 11 век а подоцна и во 12 век, нивните емири односно владетели се натпреварувале меѓу себе си, не само воен план, туку и на културен.

Овој модел на муслиманските таифи подоцна бил користен од страна на Шпанија односно нејзиното колонизирање на Америка, каде биле создавани поголем број на држави. Тие држави, исто како и во Ал Андалуз имале дијаметрално спротивни ставови една со друга и покрај тоа што користиле еден ист јазик или имале заедничка култура.

Процесот на “таифизација“ започнал по одвојувањето на Кордопскиот калифат од Северна Африка, кој останал во рацете на Багдад. Населението во таифите било мултиетничко, со доминација на муслиманите особено во јужните делови на Иберискиот полуостров. Освен муслиманите, овде живееле и христијани, евреи и.т.н. кое доведувало до постојани конфликти подпомогнати од соседните христијански кралства на север, како и до постепено слабеење на самите таифи. По падфот на последната таифа дошло до огромна промена на верските и јазичните околности. Арапскиот јазик бил исфрлен од употреба, а на негово место како официјален станал кастилскиот шпански јазик. Следувал процес на асимилација на муслиманското и еврејското население и нивно протерување.