Католички кралеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Шпанија

Историја на Шпанија

Escudo de España (mazonado).svg
Античка историја

Рана историја
Иберија
Хиспанија

Среден век

Визиготи и Визиготско кралство
Свеви и Кралство Галиција
Спанија
Ал Андалуз
Реконквиста

Кралство Шпанија

Хабсбуршка Шпанија
Просветителство во Шпанија

Република

Прва Шпанска република
Реставрација
Втора Шпанска република
Шпанска граѓанска војна

Модерна Шпанија

Франкова Шпанија
Прва светска војна
Втора светска војна
Демократска Шпанија
Шпанија

Портал:Шпанија


Католичките кралеви (шпански: Reyes Católicos) е титула која во историјата се користи за кралицата Изабела I Кастилјска и Фернандо II Арагонски. Оваа титула била дадена од страна на Папа Александар VI (во историјата е познат како Родриго Борџија). Тие се венчале во 1469 година во Ваљадолид.

Католичките кралеви го користиле своето познато мото: "Tanto monta, monta tanto, Isabel como Fernando" (македонски: "Колку вреди едното, толку вреди и другото, Изабела како Фердинанд"). Соединувајќи ги “круните“ на најголемите кралства во тоа време на Иберискиот полуостров, Кралство Кастилија и Кралство Арагон. Со ова, тие всушност ги поставиле темелите на новото Кралство Шпанија, кое конечно било формирано во времето на нивниот внук Карло V. Со времето, оваа титула на еден начин му била оправдана ако се има предвид протерувањето на Маврите од Иберискиот полуостров за време на Реконквистата.

Владеењето на Католичките кралеви се совпаѓа со периодот на завршување на Средниот век и започнувањето на модерната историја. Преку создавање на силна централистичка власт со помош на градовите, била создадена монархија која имала сила да се бори против големите феудални семејства. Со освојувањето на Гранада, Навара, Канарските острови, како и делови од Северна Африка била создадена држава која денеска во историографијата е позната како Кралство Шпанија.

Откривањето на Америка во 1492 година се совпаѓа со годината на крајот на Реконквистата. Преку колонизацијата на Новиот свет, Шпанија станала една од најголемите светски велесили во тоа време.