Шпанска реставрација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралство Шпанија
Reino de España

1874 – 1931
Знаме Грб
Химна
Марка Реал
Главен град МАдрид
Јазици Шпански
Вероисповед Римокатоличка црква
Уредување Уставна монархија
Монархија
 -  1874-1885 Алфонсо XII од Шпанија
 -  1886-1931 Алфонсо XIII од Шпанија
 -  1885-1902 Maria Christina of Austria (Regent)
Премиер ¹
 -  1874-1875 (first term) Антонио Кановас дел Кастиљо
 -  1931 Хуан батиста Азнар Кабанас
Законодавство Congress of Deputies
Историја
 -  Coup d'etat 29 декември 1874
 -  Алфонсо XIII од Шпанија 14 април 1931
Валута Шпанска песета
¹ Formal title was "Presidente del Consejo de Minstros" ("President of the Cabinet")

Реставрацијата во Шпанија претставува период од историјата на земјата по пропаста на Првата Шпанска република на 29 декември 1874 година, а завршува на 14 април 1931 година со прогласувањето на Втората Шпанска република. Така, по речиси еден век политичка нестабилност и многу граѓански војни, ова движење создало нов политички систем, кој обезбедил поголема стабилност во практиката.

Владеењето на Алфонсо XII и Марија Кристина[уреди | уреди извор]

По државниот преврат и доаѓањето на власт на Алфонсо XII од Шпанија како крал бил ставен крај на Првата Шпанска република. По ова, бил пропишан устав во 1876 година кој се спроведувал во текот на целата реставрација. Со овој устав Шпанија била основана како дводомна уставна монархија со главни функции на Долниот дом (Congreso de Diputados) и Горниот дом (Senado). Преку овој устав, кралот добил поголема надлежност и имал право да ги именува сенаторите во парламентот, да ги именува и поништува законите, како и доколку сака да биде шеф на армијата на Шпанија. Во текот на овие години бил постигнат голем економскиот просперитет. Претходно, шпанската економја била далеку од оние на другите европски земји. Така, во текот овие години започнала модернизацијата на земјата. Во повеќе сфери производството било зголемено.

Владеењето на Алфонсо XIII и криза на системот (1898 - 1923)[уреди | уреди извор]

Шпанија во 1898 година ги загубила своите последни колониии Куба, Гуам, Порторико и Филипини преку Шпанско-американската војна. Колапсот на овој систем и на неговото владеење се означило преку создавање на посилна опозиција. Шпанија во 1916 година го анексирал Беирук.

По неуспешните обиди да го освојат Мароко (Рифска војна), незадоволството уште повеќе се зголемило и во Барселона избувнал бунт познат како Трагична седмица. Востанието започнало најпрвин со генерален штрајк и истиот бил поддржан од страна на различни анархисти, радикали и незадоволни работници кои се противале на мобилизацијата односно регрутирањето на нови војници за војната во Мароко. Биле нападнати и опожарени голем број на цркви и градби, а свештениците биле убивани заедно со полицијата. Властите веднаш интервенирале испраќајќи војска за да го скрши револтот. На крајот имало 8 жртви и 124 ранети на страната на војската и полицијата наспроти 150 на страна на бунтовниците. По ова следувале голем број на апсења а самиот водич Франческо Ферера бил погубен.

Војната во Мароко сепак продолжила, но Шпанија на крај излегла како поразена.

Диктатурата на Мигел Примо де Ривера (1923 - 1930)[уреди | уреди извор]

Во 1923 година, кралот Алфонсо XIII од Шпанија го подкрепил Мигел Примо де Ривера во неговата улога за воспоставување на нова власт, која продолжила до 1930 година. Под негова директива, кралот бил принуден да издава актови кои биле насочени против класата на работниците. Била воведена смртна пресуда за националистичката и сепаратистичката пропаганда. Политиката на Мигел Примо де Ривера била наклонета кон протекционализмот над шпанската економија кое дало можност за индустриско развивање на државата но ги изострил односите помеѓу монархистите и диктатурата. Тој ја основал партијата Шпанска патриотска унија и таа била замислена како единствена правна партија во државата.

Трошоците на државата сè повеќе се зголемувале кое довело до банкротирање на административните служби. Тој ја загубил довербата од кралот Алфонсо и војската. Така, во јануари 1930 година тој бил принуден да поднесе оставка.

Последните години (1930 - 1931)[уреди | уреди извор]

Кралот Алфонсо XIII од Шпанија, во обид постепено да го врати претходниот систем и да го врати својот углед, го повикал Генералот Дамасо Беренгер да формира влада. Ова не било поддржано од страна на другите политички сили во Шпанија, кои пак повикале на создавање на Втора Шпанска република. Дамасо Беренгер поднел оставка, а владата ја формирал Адмирал Азнар. Тој ги свикал изборите на 13 април 1931 година со цел да ги задоволи барањата на демократите и републиканците.

Така, на изборите социјалистите и републиканците издвојувале победа, а веднаш по изборите следувале големи улични немири кои повикувале за отстранување на монархијата од власт. Властите во армијата изјавиле дека ќе застанат на страната на народот, па така кралот бил принуден да ја напушти Шпанија. Така била прогласена и Втората Шпанска република.