Алмерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алмерија
Поглед на Алмерија
Население (2018)
 • Вкупно196,851[1]

Алмерија е пристаништен град во автономните заедници на Андалусијанците и главен град на покраината Алмерија во јужна Шпанија и се наоѓа во широкиот средоземен залив. Алмерија потсетува на северноафриканските градови: има тесни улици, стари бели куќи, градини и алеи на палми. Исто така е и главен град на истоимената покраина.

Географија[уреди | уреди извор]

Градските кварти на овој средоземен град многу се разликуваат. На запад живеат Роми, особено во квартот Ла Чанка, во многу лоши услови, делумно во пештери. Во останатите проблематични кварти на запад на градот изразена е дрога и проституција, а остатокот од градот е релативно мирен со исклучок на мал криминал.

Клима[уреди | уреди извор]

Алмерија е град со највеќе сончеви часа во година во Шпанија, скоро околу 3.000. Годишна просечна температура е околу 18ºС, 19ºС, а во зима температурарата на водата е поголема од температурата на ваздухот. Честпати дува силен ветер.

Историја[уреди | уреди извор]

Името на градот е изведено од арапски јазик и значи огледало на море. Алмерија ја основал Абд ар-Рахман III во 955 година како главно пристаниште на своето големо царство. Во 1489 година го освоиле каталонските владетели Фердинанд и Изабела во времето на реконкиста. 16 век за Алмерија бил век на големи природни непогоди. Градот доживеал најмалку четири земјотреси од кои оној во 1522 бил најсилен. Освен тоа, во секој век имало редовни напади од страна на Пиратите кои се задржале сè до XVIII век. Тогаш луѓето кои живееле на брегот претежно биле одведувани во ропство.

Население[уреди | уреди извор]

Според проценките, во градот во 2008 живееле 187.521 жител. [2]

Култура[уреди | уреди извор]

Голем дел од градот е уништен во 16 век, така да Алмерија нема некоја особена културна значајност. Универзитетот на градот со помош на европските донации бил основан во 1993 година со комплет нова опрема. Алмерија има многу студенти (околу 15.000) кои претежно живеат во квартовите на исток и во центрот на градот.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во стопански поглед градот долго заостанувал. Пристаништето на градот Алмерија е значајно за извоз на различни производи од покраината, како и на минералните производи од Сиера де Аламиља.

Партнерски градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Општински регистар на Шпанија 2018 - Национален статистички институт
  2. „Становништво по општинама“. Државни завод за статистику. Архивирано од изворникот на 2013-12-08. Посетено на 3 октомври 2012.