Макфакс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Макфакс
Тип Приватна
Oснована 1992
Седиште Скопје, Македонија
Клучни личности Давор Пашоски (управител); Серјожа Неделкоски (главен и одговорен уредник)
Дејност Новинска агенција
Производи Вести
Портал www.makfax.com.mk

Макфакс e независна новинска агенција, основана во август 1992 година. Непрекинато емитува сопствени вести од мај 1993 година. Макфакс е првата приватна новинска агенција во поширокиот регионот еден од првите приватни медиуми во Република Македонија. Макфакс е регионална новинска агенција. Вестите ги објавува тројазично: на македонски, албански и англиски јазик.

Макфакс се самофинансира и работи врз пазарни принципи.

Макфакс е претседавач на Асоцијацијата на приватни новински агенции (АПНА) со седиште во Скопје, член на Медиумската организација за Југоисточна Европа СЕЕМО, при Интернационалниот прес Институт (IPI). Макфакс има поддршка од Светската Асоцијација на Весници (WAN), а член е и на Асоцијацијата на печатени и електронски медиуми (АПЕМ) на Македонија.

Основач на Макфакс е Ристо Поповски (1945), со долгогодишно искуство во агенциско новинарство, добитник на Наградата за животно дело на Здружението на новинарите на Македонија за 2003 година.

Од 2012 година главен и одговорен уредник на Макфакс е Серјожа Неделкоски.

Принципи на работа[уреди]

Макфакс спаѓа во групата на најпосетувани онлине гласила, со регистрирани 400.000 посетители месечно, односно 20.000 во работен ден. Според анализи, тоа се повеќе од 120.000 уникатни посетители месечно, кои го користат Макфакс како основен ресурс за вести. Вкупно се читаат околу 9.000.000 страни месечно, и тоа ја сортира Агенцијата Макфакс како еден од најдобрите информативни Македонски сајтови.

Работењето на Новинската Агенција Макфакс се темели на принципи кои се почитуваат од основањето на агенцијата, и преставува главен адут за работата во иднина. Како приватна Новинска Агенција, независноста е наша одлика, што гарантира информација без никакво влијание.

Навременоста, која ја дефинира секоја информација како добра, доколку е навремена.

Непристраснота, која исклучува секаков вид на дискриминација, искривување на вистината, фалсификат, плагијат, навреда, клевета.

Вистинитоста, како резултат дека секој читател има право на неа.

Веродостојност, како стремеж на известување исклучиво од проверени и доверливи извори.

Редакција[уреди]

Независната новинска агенција Макфакс кадровски и организационо е една од најсилните редакции во Македонија. Најголем број од постојано вработените се новинари, од средната и помладата генерација. За Макфакс постојано хонорарно, како стрингери, работат повеќе новинари и преведувачи. Постојано и хонорарно вработените се врвни и одговорни професионалци, афирмирани независни новинари, преведувачи и организатори.