Алсат

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Алсат М)
Алсат М
ДржаваСкопје, Македонија Македонија
ЈазикАлбански, македонски
СедиштеДТЦ Мавровка, ламела Ц, кат 9, Скопје
Веб-странаalsat.mk
Достапност
Терестријална телевизија
ДигиталнаКанал 011
Сателитска телевизија
Total TVКанал ?
Кабелска телевизија
А1Канал ?
TelekabelКанал ?
Достапна на повеќето кабелски операториПроверете ги локалните оператори за достапност
IPTV
Max TVКанал 022
Семрежно емитување
MaxTV GOmaxtvgo.mk (само за корисници на МТ)
A1 Web TVwebtv.a1.mk (само во Македонија Македонија)

ТВ Алсат М (албански: Alsat M) — македонска национална приватна телевизија која емитува програма на албански и македонски јазик од 1 март 2006 година. Програмската шема на Алсат-М во Македонија се претставува со нов формат, различен од тој во Албанија, кој е целосно посветен на информативната програма. ТВ Алсат-М освен информативниот дел, за гледачите во Македонија нуди и нови програмски содржини и најавува квалитетни емисии од различни новинарски жанрови. Програмската шема предвидува емисии од образовен карактер, култура, спорт, како и емитување филмови, документарни емисии и забавни емисии за младите. Алсат-М во рамките на својата програма предвидува и дебатни емисии во кои отворено ќе се зборува за различни теми од општествениот живот[1][2].

Од 1 јуни 2006 година гледачите можат да ги следат вестите на Алсат телевизија на македонски јазик. Информативниот блок на македонски јазик се емитува во 22,30 часот и има траење од половина час. Вестите се преведувани од албански јазик и презентирани во полчасовната информативна емисија. „Целта е нашите гледачи да ги разберат вестите кои ги презентираме со оглед на тоа што сме национален концесионер. Не сакаме паралелни редакции, туку сакаме да создадеме една компактна редакција каде што новинарите - Македонци и Албанци ќе работат заедно“, вели главниот и одговорен уредник на Алсат, Мухамед Зекири. Вестите ги подготвуваат новинарите од информативниот дел на редакцијата. „Почнуваме со една емисија вести која се надеваме набргу ќе застане на свои нозе, па потоа ќе можеме да ја прошириме и со други термини“, вели Зекири. Тој додава дека тие почнале и да ги титлуваат документарните емисии од албански на македонски јазик.

Серии[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Webpage Profile“. Архивирано од изворникот на 2013-02-03. Посетено на 2015-01-14.
  2. „Alsat-M Broadcasting DOO“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]