Македонско Радио 1

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Македонско Радио 1 е првата програма на Радио Скопје кое е во склоп на Македонската Радио Телевизија. Емитува образовни, музички, забавни и информативни емисии. На овој канал секојдневно се емитува Пладневниот весник во 15:30 како и Прес 19. Првата програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија како и во соседните држави каде има Македонци: Грција поточно Егејска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија, Бугарија како и во Србија и на Косово. Првата програма на Македонското радио може да се слуша и преку интернет како и на сателит.