Телевизија во Македонија
Телевизијата во Македонија за прв пат е претставена во 1964.
DVB-T дигитален сигнал[уреди]
Дигиталната телевизија во Македонија е започната во ноември 2009. Платформата е лансирана од страна на операторот ONE под името "BoomTV". Каналите во стандардна дефиниција се емитуваат преку MPEG-2 методот за компресија, а каналите во висока дефиниција се емитуваат преку MPEG-4 методот за компресија. Четириесет канали се достапни за гледање, меѓу кои спаѓаат и сите национални телевизиски мрежи, вклучувајќи ја Македонската Телевизија. Дигиталната телевизија во Македонија моментално е достапна за 95% од населението во Македонија.
Интернет телевизија (IPTV)[уреди]
На 17 ноември 2008 во Македонија, започнато е емитувањето на телевизија преку Интернет протокол, уште попознато како IPTV или Интернет телевизија. Платформата е лансирана од страна на операторот Македонски Телеком под името "MaxTV".
Кабелска телевизија[уреди]
Кабелската телевизија е високо развиена во Македонија, со пенетрација до 67% во македонските домаќинства. Вкупно има 49 провајдери на кабелска телевизија во Македонија, од кои најистакнати се кабелските оператори Blizoo и Телекабел, кои држат окопу 80% од пазарот. Истите овие два кабелски оператора нудат телевизиски пакети преку аналоген и дигитален сигнал, а од почетокот на 2007 нудат и Трипл Плеј (TriplePlay) пакети.
Јавни телевизиски станици со национални фреквенции[уреди]
Приватни телевизиски станици со национални фреквенции[уреди]
Македонски телевизиски станици со сателитски сигнал[уреди]
- МРТ Сат
- МРТ 2 Sat
- Сител
- Сител 3
- Канал 5
- Канал 5 плус
- Наша ТВ
- Алфа
- ТВ Сонце
- ЕРА (Era Sat)
Локализирани верзии на транснационални телевизиски станици[уреди]
- Fox Life, со македонски DVB превод
- Fox Crime, со македонски DVB превод
- AXN Adria, со македонски DVB превод
- National Geographic Channel, со македонски DVB превод
- Discovery Channel, со македонски DVB превод
- Animal Planet, со македонски DVB превод
- TLC Balkans, со македонски DVB превод
- MTV Adria, со македонски DVB превод (ексклузивно кај BoomTV)
- E! Entertainment, со македонски DVB превод
- HBO Adria, со македонски DVB превод
- HBO Comedy, со македонски DVB превод
- DaVinci Learning, со македонски DVB превод
- 24 Kitchen, со македонски DVB превод
- FOX, со македонски DVB превод
- Cinestar TV, со македонски DVB превод
- Cinestar Action, со македонски DVB превод
- OK Orlando Kids, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик
- KidsCo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот повеќе не се реемитува)
- History channel, со македонски DVB превод
- AXN SPiN (каналот сеуште не го нуди на ниту еден оператор)