Зенит (весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зенит
Основан2 мај 2008; пред 15 години (2008-05-02)
Јазикмакедонски
СтраницаОнлајн издание

Зенит е местен неделен весник од Прилеп, чиј прв број излезе на 2 мај 2008 година.[1]

Тоа е весник што ги следи и објавува, респектира и потсетува традиционалните вредности.

Составен е од рубриките: политика, бизнис, пулс, живот, култура, спорт, празник, судбини и око. Се печати на 12 страници во црно бела техника. За „Зенит“ пишуваат истакнати социолози, политиколози, професори, политичари, економисти, писатели, културни работници од Прилеп.

Во редакцијата на „Зенит“ работат неколку искусни новинари, фоторепортери, технички уредници. Весникот ја организирал манифестацијата за "Избор на најдобар спортист на годината на Прилеп", на која додели награди.

Извори[уреди | уреди извор]