Македонско Радио Сат (познато како Радио Македонија) — радио станица на Македонската радио-телевизија. Радиото се емитува преку среднобрановиот предавател Овче Поле помеѓу 19 и 5 часот секоја вечер на честота од 810 kHz. Исто така, програмата е достапна преку сателит и на мрежното место на МРТ.