МРТ собраниски канал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
МРТ Собраниски канал
Mrt 3.png
Отпочната 7 јануари, 1991
Челни лица Македонија Македонија
Држава Скопје, Македонија Македонија
Област на емитување Скопје
Делокруг Бул. Гоце Делчев, Скопје
Веб-страна mtv.com.mk

МРТ собранискиот канал е третиот канал на Македонската радиотелевизија. Основан е на 7 јануари 1991 година како Канал 3 на Телевизија Скопје.

Историја[уреди]

На 7 јануари 1991 година Телевизија Скопје започнува да емитува програма и на својот трет канал. „Канал 3” се емитува пет дена во неделата по четири часа, целосно „во живо” и со поведри содржини низ кои за првпат во програмите е применет телефонски разговор со гледачите, како и повеќе други атрактивни програмски содржини и акции со кои се анимираат гледачите. Во другите временски појаси Третиот канал е исполнет со преземена сателитска програма и пренесува активностите на Собранието.

Во почетокот Третиот канал се емитуваше преку еден предавател само за подрачјето на Скопје, а подоцна, со помош на општинските собранија, се набавени репетитори и се изградени неопходни инфраструктурни објекти со што е овозможено следење на програмата во уште десетина градови низ Македонија. Co повеќе програмки акции од градовите во кои се следи „Канал 3” се наѕираат развојните можности за создавање регионална телевизиска програма во Македонија и прераснување на дописните во регионални тв-центри.

Подоцна Канал 3 е реименуван во Трета Програма на Македонската радиотелевизија за подоцна да се преиманува во Собраниски канал, и скоро во целост да се посвети на активностите на Македонскиот парламент.

Логото на Собранискиот канал беше едновремено и лого на третиот канал на Македонската радиотелевизија

Поврзано[уреди]

Телевизии[уреди]

Радија[уреди]

Надворешни врски[уреди]