Истанбулско метро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Истанбулско метро
İstanbul Metrosu
Општо
Сопственик Општина Истанбул
Место Истанбул
Тип на превоз Метро
Бр. на линии 1 европска во употреба (моментално се продолжува);
1 азиска
Бр. на станици 10 во употреба;
22 во изградба
Сообраќање
Почнал 2000
Превозник İstanbul Ulaşım A.Ş.
Бр. на возила 34 (January 2009)[1]
Технички податоци
Долж. на системот

In service:
15,65 km (9,7 mi)


во изградба:'
24,37 km (15,1 mi)
Таксим-Кабаташ (connection with Seabus):
0,6 km (0,4 mi)
Јеникапи-Аксарај (connection with LRT):
0,6 км
Мостот кај Златниот Рог:
0,936 km (0,6 mi)
тунел „Мармарај“:
13,6 km (8,5 mi)

Вкупно:
55,75 km (34,6 mi)

Истанбулското метро (турски:İstanbul metrosu) или М2 претставува јавна транзитна подземна железничка мрежа која се наоѓа во Истанбул, Турција.

Тенел 1875[уреди]

Истанбул е поврзан со две подземни железнички жичари. Постарите на овие две е Тунел (1875). Во употреба бил пуштен на 17 јануари 1875,[2]. Тунел 1875 е втората најстара подземна железничка линија во светот по лондонското метро кое датира од 1863 година и првата подземна урбана железничка линија во континентална Европа, иако првото целосно метро кое се состоело од повеќе подземни станици во континентална Европа била Линијата 1 во Будимпешта од 1896 година.

Метро[уреди]

Изградбата на Истанбулското метро (М2) започнала во 1992 година, а првиот дел од изградбата била завршена на 16 септември 2000 година, на релација Таксим и Левент[3]. Овој дел од линијата е долг 8,5 km (5.3 mi) и има шест станици. [3] Просечно, се транспортираат околу 130.000 патници дневно. На 30 јануари 2009 година, новиот проект бил даден на EUROTEM[4]. EUROTEM треба да изгради 92 нови вагони за линијата М2.[4][5][5]Според податоци од 30 јануари 2009 година, од вкупно 34 вагони, секој четврти бил користен од на линијата М2.

На нејзиниот северен дел, линијата продолжува од Левент кон Маслак и истата била отворена на 30 јануари, 2009. [6]. На нејзиниот јужен де, линијата продолжува од Таксим до Јеникапи, преку Златниот Рог. Линијата била завршена до станицата во Шишан, исто така на 30 јануари 2009 година.[6]

Во моментов, на линијата М2 се работи на 10 места од европската страна на градот и на 16 нови станици од азиската страна. Патната мрежа помеѓу станицата Шипхан и станицата Ататурк Ото Санај во Маслак е долга 15,65 км (9,7 mi), а патувањето трае 21 минути. [7][8] Вкупната должина на европската страна на линијата М2 ќе достигне 18,36 км (11.4 mi), кога сите 16 места од Хаџиосман до Јеникапи ќе бидат завршени; [3][4][9], не вклучувајќи го метрото на Златниот Рог кое е долго 936 метри[10], 0,6 километри долгиот тунел Такшим-Кабаташ[11], 0,6 километри долгиот тунел Јеникапи-Аксарај[4], и 13,6 километри долгиот тунел „Мармарај“ пуштен во употреба на 29 октомври 2013 г.[12]

На азиската страна од градот, изградбата на 21,66 km (13.5 mi) долгата линија од линијата М2 во Ејуп до Картала продолжува, и истата ќе има вкупно 16 станици. [13] Овој тунел (Босфорски подморски тунел со железничка) ќе биде поврзан со метро линиите на азиските и европските делови на градот. Според плановите, целиот проект би требало да биде изграден најдоцна до 2012 година.

Станици[уреди]

Карта на Истанбулскиот железнички транспорт. Картата не вклучува некои од Метро станиците кои се моментално во изградба на европската и азиската страна на градот.
Станицата во Османбеј
Станицата во Гајретепе
Линијата која ги поврзува Таксим и Кабаташ

Европска страна[уреди]

Од север кон југ:[14][15][16]

1. Хакиосман (во изградба)
2. Сејрантепе- Стадиум (во изградба)
3. Дарушфака (во изградба)
4. Маслак (2009)
5. İTÜ - Ајазаџа (2009)
6. Санаји Махалеси (2009)
7. 4. Левент (2000)
8. Левент (2000)
9. Гајретепе (2000)
10. Шишли-Меџидијеќој (2000)
11. Османбеј (2000)
12. Таксим (2000) - поврзан со Кабаташ со İDO [11]
13. Бејоглу (2009)
14. Ункапани (во изградба)

15. Шезадебаши (во изградба)
16. Јеникапи (во изградба)[18]

Азиска страна[уреди]

Од запад кон исток:[19]

1. Јадикој (во изградба)
2. Ибрахимага (во изградба)
3. Ацибадем (во изградба)
4. Јуналан (во изградба)
5. Ѓузтепе (во изградба)
6. Јенишахра (во изградба)
7. Козјатаџи (во изградба)
8. Бостанџи (во изградба)
9. Ќучукјали (во изградба)
10. Алтајчемше (во изградба)
11. Малтепе (во изградба)
12. Ѓулсују (во изградба)
13. Цевизли (во изградба)
14. Хастане (во изградба)
15. Соганлик (во изградба)
16. Картал (во изградба)


Наводи[уреди]

  1. İstanbul Ulaşım: Şişhane - Atatürk Oto Sanayi (M2)
  2. „The Tunnel“. IETT. http://www.iett.gov.tr/en/section.php?sid=46. конс. 20 јуни 2009. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim - 4. Levent metro hattı“. Ibb.gov.tr. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/taksim-4Levent.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Yenikapı Metro Hattı“. Ibb.gov.tr. 23 јануари 2002. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/taksimyenikapielektro.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  5. 5,0 5,1 „İstanbul Ulaşım: Metro Şişhane'den Maslak'a uzandı“. Istanbululasim.com. 30 јануари 2009. http://www.istanbululasim.com/default.asp?ml_pn=1&menu_id=7&makale_tip=guncel&makale_id=00163.txt&modul_id=guncel. конс. 21 јули 2009. 
  6. 6,0 6,1 „Metro, Şişhane’den Maslak’a uzadı“. Istanbul Metropolitan Municipality. 30 јануари 2009. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/Haberler/Pages/BasinBultenleri.aspx?bbulteniID=5501. конс. 20 јули 2009. 
  7. „İstanbul Ulaşım: Şişhane - Atatürk Oto Sanayi (M2)“. Istanbululasim.com. http://www.istanbululasim.com/default.asp?menu_id=3&sayfa_id=1. конс. 21 јули 2009. 
  8. „İstanbul Ulaşım: Metro Şişhane'den Maslak'a uzadı“. Istanbululasim.com. 30 јануари 2009. http://www.istanbululasim.com/default.asp?ml_pn=1&menu_id=7&makale_tip=guncel&makale_id=00163.txt&modul_id=guncel. конс. 21 јули 2009. 
  9. „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Ayazağa-Hacıosman metro hattı“. Ibb.gov.tr. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/4Levent-ayazaga-haciosman.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  10. „Istanbul Metropolitan Municipality: Golden Horn metro bridge“. Ibb.gov.tr. 19 декември 2008. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/halic_metro_ge%c3%a7i%c5%9f_insaati.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  11. 11,0 11,1 „FUNİKÜLER SİSTEM Taksim - Kabataş“. İstanbul Ulaşım. http://www.istanbul.net.tr/istanbul_raylisistemler_funikuler_taksimkabatas.asp. конс. 20 јуни 2009. 
  12. Истанбул го пушта во употреба тунелот под Босфор“, Макфакс (конс. 29 октомври 2013).
  13. „Istanbul Metropolitan Municipality: Kadıköy-Kartal Metro Hattı“. Ibb.gov.tr. 28 јануари 2005. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/kadikoy-kartal.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  14. Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim - 4. Levent metro hattı
  15. Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Ayazağa-Hacıosman metro hattı
  16. Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Yenikapı metro hattı
  17. Istanbul Metropolitan Municipality: Golden Horn metro bridge
  18. Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Yenikapı metro hattı
  19. Istanbul Metropolitan Municipality: Kadıköy-Kartal Metro Hattı

Нaдворешни врски[уреди]