Културен центар Ататурк
Од Википедија, слободната енциклопедија
Културниот центар Ататурк (турски: Atatürk Cultural Center), претставува мултикултурен комплекс којшто се наоѓа на плоштадот Таксим во Истанбул, Турција.
Комплексот се состои во една голема сала со капацитет од 1307 седишта. Објектот служи како театер, оперска куќа, сала за одржување на балет. Освен поголемата, постои и помала сала, со капацитет од 502 седишта. Таа обично служи за одржување на концерти, состаноци, конференции и слично. На влезот во објектот постои отворена изложба.
Центарот е дом на:
- Истанбулкиот државен симфониски оркестар и хор (İstanbul Devlet Senfoni Orkestrası ve Korosu),
- Истанбулката современа фолк музика и ансанбал (İstanbul Devlet Modern Halk Müziği Topluluğu) и
- Истанбулската класична турска хор музика(İstanbul Devlet Klasik Türk Müziği Korosu).
Објектот моментално е во обнова. Тој ќе биде отворен во моментот кога градот ќе стане европски центар на културата за 2010 година. [1]