Гугутка
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
| Гугутка | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Columbiformes |
| Фамилија: | Columbidae |
| Род: | Streptopelia |
| Вид: | S. decaocto |
| Биномен назив | |
| Streptopelia decaocto (Frivaldszky, 1838) |
|
Гугутката е врста птица од фамилијата на гулаби (Columbiformes). Во многу јазици има народно име „турски гулаб“ бидејќи на почетокот на 20 век од Турција почнала да се населува во Европа.
Содржина |
Изглед [уреди]
Слична е на дивата гугутка. Горните пердуви од крилата на гугутките се со светло сива до кафена боја. Долга е од 31 до 33 cm, што значи дека е голема колку и градскиот гулаб, но е полесна и изгледа многу по нежно. Распонот на крилјата и достига од 47 до 55 cm, а тешка е од 150 до 200 грама. Двата пола изгледаат исто. Црвените очи им имаат мал бел оквир. Впечатлива карактеристика им е црниот прстен во близина на почетокот на вратот.
Се одгласува со трослогвни гугукања, со нагласок на вториот слок, како и голем број други птици од оваа фамилија.
Исхрана [уреди]
Тие се птици станари во паркови и дворови, секогаш во близина на човечки населби. Не се многу плашливи. Се хранат со семки, житарици и овошје. Во зима понекогаш се собираат во јата и заедно бараат храна во парковите и селските имоти.
Размножување [уреди]
Како и голем дел од голубарките, така и гугутките имаат скромно и слабо изградено гнездо. Во гнездата најчесто има едно до две јајца,на кои лежи мајката, а младите излегуваат после 13 или 14 дена. Гугутките лежат повеќе пати по ред затоа што имаат големи губитоци на јајца и младенчиња.
Распространетост [уреди]
Централна и Јужна Европа, зимува во Северна Африка