Ева Перон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ева Перон или Марија Ева Дуарте де Перон (7 мај 1919 година – 26 јули 1952 година), била втора сопруга на претседателот Хуан Перон ( 1895-1974 ) и служела како прва дама на Аргентина од 1946 година се до нејзината смрт во 1952 година. Таа често се нарекува едноставно Ева Перон или Евита според нежниот деминутивен шпански јазик.

Таа била родена како вонбрачно дете во селото Лос Тодлос во Аргентина во 1919 година, четврто дете од вкупно пет деца. Во 1934 година на петнаест години таа заминала во главниот град, Буенос Аирес, во потрага по нејзината кариера како сценска и филмска актерка. Ева го запознала Колонел Хуан Перон на 22 јануари 1944 година во Буенос Аирес, за време на еден добротворен настан во Луна Парк Стадиум за жртвите од земјотресот во Сан Хуан, Аргентина. Двајцата стапиле во брак следната година. Во 1946 година, Хуан Перон бил избран за претседател на Аргентина. Во текот на наредните 6 години, Ева Перон станала моќна жена првенствено поради настапувњето во одбрана на правата на работниците. Исто така, таа раководела со министерството за труд и здравство, ја основала и ја водела добротворната организација „Ева Перон“, се борела за правото на глас на жените во Аргентина и ја основала и ја водела првата голема политичка партија на жените, пероностичка партија на жените.

Во 1951 година, Ева Перон се откажала од перонистичката номинација за потпретседател на Аргентина. Со тоа, таа добила голема поддршка од базата на перонистичката партија и од аргентинците од работничката класа кои биле нарекувани парталковци или „descamisados“. Сепак, противењето на воените сили и буржоазијата на народот, како и нејзината влошена здравствена состојба ја натерале да се повлече од кандидатурата. Во 1952 година, кратко пред да умре од рак на 33 години, националниот конгрес на Аргентина ѝ доделил титула за „Духовен водач на народот“. Ева Перон имала службен, државен погреб и покрај тоа што не била избрана за претседател на Аргентина. Ева Перон стана популарна во меѓународната култура поради познатиот мјузикл Евита. Кристина Алварез Родригез, правнука на Ева Перон, тврди дека Ева никогаш не ја напушти колективната свесност на Аргентина. Кристина Фернандез де Кирхнер, првата жена избрана за претседател на Аргентина, тврди дека жените oд нејзината генерација и должат на Ева за „нејзиниот пример за страст и борбеност“.


Младост[уреди]

Детство[уреди]

Во автобиографијата на Ева, La Razon de mi Vida, нема податоци или белешки за настаните од детството и не е наведено местото на раѓање или кое било нејзиното име кога се родила. Според граѓанаската архива на Јунин, во изворот од матичната книга на родените стои дека Марија Ева Дуарте била родена на 7 мај 1922 година. Постојат аргументи дека таа не била родена во Аргентина, туку во мал град во Парагвај во близина на границата од двете држави. Поради ривалството помеѓу Аргентина и Парагвај тој факт бил оспоруван. Сепак, во нејзиниот крштален лист стои дека таа се родила на 7 мај 1919 година под името Ева Марија Ибаргурен. Во 1945 година, се мисли дека Ева го фалсификувала нејзиниот извод од матичната книга на родените за нејзиниот брак.

Ева Перон детството го поминала во Јунин, провинција на Буенос Аирес. Нејзините родители Хуан Дуарте и Хуана Ибаргурен ( понегогаш споменувана како Дона Хуана) потекнувале од имигрантите Баски. Хуан Дуарте бил богат ранчер од близината на Чивилкој, каде што тој имал спруга и фамилија.

Во тоа време во Агентина, како провинциска земја, било невообичаено да видеш бодат маж со повеќе фамилии. Во 1920 година, кога Ева имала една година, Дуарте се вратил кај неговата законска фамилија, оставајќи ја Хуана Ибаргурен и неговата фамилија од пет деца во тешка состојба на сиромаштија. Бидејќи се осиромашиле, Ибаргурен и нејзините пет деца се преселиле во најсиромашната област на Јунин. За да овозможи услови за себе и за нејзините деца, Ибаргурен шиела облека за соседите. Поради напуштањето на таткото семејството било јавно осудено, посебно кога законот во Аргентина не ги одобрувал незаконските деца. Наводно, во 1945 година Ева го уништила нејзиниот извод од матичната книга на родените за да го избрише тој дел од нејзиното минато.

Јунин[уреди]

Хуан Дуарте ѝ бил единствената поддршка на Хуана Ибаргурен пред да ја напушти. Биографот Џон Барнес пишува дека по неговото напуштање сè што им оставил на семејството било еден документ во кој се изјаснувало дека децата се негови, така што можеле да го користат презимето Дуарте. Хуана со нејзините деца се преселиле во еднособен апартаман во Јунин. За да ја платат киријата за еднособниот дом, мајката и ќерките работеле како готвачки во куќите на локалните estancia. Конечно по заслуга на финансиската помош на постариот брат, семејството се преселило во поголема куќа која тие подоцна ќа ја преобразат во пансион. Во тој период, Ева со ентузијзам учествувала во сите нејзини школски претстави и концерти. Една од нејзините омилени забави било киното. Иако мајка ѝ на Ева очигледно имала неколку планови за Ева, да се омажи за еден од локалните ергени, Ева сонувала да стане позната актерка. Љубовта за глумење на Ева била поткрепена кога, во октомври 1933 година, таа играла мала улога во една школска претстава наречена „Станете студенти“ (Arriba Estudiantes), која Барнес ја опишал како „емоционална, патриотска мелодрама“. По претставата таа одлучила да стане голема актерка.


Преселување во Буенос Аирес[уреди]

Во 1935 година, на петнаесет годишна возраст Ева се преселила во Буенос Аирес за да си го оствари својот сон да стане славна. Во нејзината автобиографија, таа објаснува дека сите луѓе од нејзиниот град коишто имале појдено во големите градови ги опишувале како „прекарсни места каде ништо не беше дадено освен богатство“. За Ева, Буенос Аирес претставувал бегство од мизеријата што ја опкружувала во нејзината провинција.

Често се соопштува дека Ева Перон патувала во Буенос Аирес со воз заедно со пеачот Агустин Магалди, кој бил вешт танго играч. Сепак, биографите Мариса Наваро и Николас Фрејзер тврдат дека тоа е неверојатно, бидејќи нема запис од оженетиот Магалди дека настапувал во Јунин во 1934 година. Сестрите на Ева тврдат дека Ева патувала во Буенос Аирес со мајка и. Сестрите исто така тврдат дека Дона Хуана ја придружувала ќерка ѝ на аудиција за во радио – станица и средила Ева да живее со семејството Бустамонтес, кои биле пријатели со семејството Дуарте.

Во 1930-тите Буенос Аирес бил најголем космополитски град и елегантна метропола во континетот и наскоро станал познат како „Париз на Јужна Америка“. Како и во секој голем главен град во Европа центарот на градот бил исполнет со кафичи, ресторани, театри, кино, продавници и раздвижена толпа народ.

Ева била една од многуте луѓе од провинција, кои привлечени од развојот на идустријализацијата, дошле во Буенос Аирес. Кога таа пристигнала со куфер малку поголем од картон со неколку нејзини работи, сигурно се чувствувала осамена и несигурна. Во спротивност на гламурот на главниот град, 1930-тите биле години на голема невработеност, сиромаштија, глад во главниот град и оние кои пристигнувале од внатрешноста биле принудени да живеат во ефтини станови за изнајмување, мизерни интернати и во далечни, сиромашни квартови познати како Villas miserias.

Веднаш по пристигнувањето во Буенос Аирес, Ева се соочила со тешкотии за преживување бидејќи била необразована и без врски. Градот бил пренаселен особено во овој период поради миграциите што ги предизвикала големата депресија. На 28 март 1935 година, таа имала професионален настап во претставата “The Perezes Misses” во театарот Comedias.

Во 1936 година, Ева ја обиколила целата држава заедно со театарот, каде што работела како модел и исто така ѝ биле доделени неколку улоги главно во ниско-буџетски филмови. Во 1942 година, Ева осетила економска стабилност кога компанијата Candilejas ја вработила во една од нивните радио- драми за денска улога, што се емитувале на најзначајната радио- станица во државата во тоа време, Radio El Mundo ( Светско радио). Подоцна истата година, таа потпишала пет-годишен договор со радиото Белграно, кој ѝ ја обезбедил улогата во популарната историска радио-драма наречена „Големите жени во историјата“, во кој таа ја глумела Елизабета I од Англија, Сара Бернард и последната царица на Русија. Конечно, Ева станала косопственик на компанијата. До 1934 година, Ева Дуарте заработувала пет или шест илјади пезоси месечно, што ја правеле најплатената радио-актерка кај народот. Пабио Ракиопи, кој заедно со Ева ја воделе радио- станицата Светско радио, не ја сакал Ева но забележал дека таа била „потполна сериозна“. Ева исто така имала кратка филмска кариера, но ниеден од нејзините филмови не биле многу успешни. Во еден од нејзините последни филмови, La Cabalgata del Circo ( Циркусот кавалкаде), Ева играла улога на млада селска девојка сопереничка на постара жена, филмската ѕвезда, Либертат Ламарк.

Како резултат на нејзиниот успех во радио- драмите и филмовите, Ева постигнала финансиска стабилност и удобност. Во 1942 година, таа се преселила во нејзин сопствен апартамн во ексклузивното соседство Реколета на улица Кале Посадес број 1567. Следната година таа ја започнала нејзината кариера во политиката како еден од основачите на синдикатот на радиото во Аргентина.

Врската со Хуан Перон во почетокот[уреди]

upright Хуан и Ева Перон, 1945 година

Неговите односи со жените остануваат енигма. Тој бил многу среќен со неговата прва сопруга, вистинско домаќинство. Дали е тој истиот сопруг чија втора сопруга, актерка, предизвика огромни промени во политичкиот и општествениот живит? Дали е тој еден од овие сопрузи кој неговата трета сопруга, танчерка, го направила потпретседател на Аргентина и како негов наследник таа била прва жена претседател на Западната Хемисфера. Едниот Перон ги вреднувал жените повеќе за неговата компанија отколку за нивните тела, а другиот на возраст од педесет и осум години имал љубовница од четиринаесет години, можеби во потсвесна потрага по дете кое никогаш го немал. Еден дел во него бил традиционален, а другиот дел се спротивставувал на обичаите на општеството каде што доминираат мажите.

На 15 јануари 1944 година, земјотресот во Сан Хуан, Аргентна, убил повеќе од шест илјади луѓе. Како одговор на тоа, Перон, кој тогаш бил заменик- министер за труд, основал фонд за собирање пари за да им помогне на жртвите.

Тој смислил план да се одржи „уметнички фестивал“ и поканил да учествуваат радио и филмски актери. По една недела од започнувањето на подготовките, сите учесници се сретнале на гала вечер. Таа гала се одржала на 22 јануари 1944 година, кога Ева за прв пат го сретнала Хуан Перон. Ева го спомнува тој ден како нејзин „чудесен ден“. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Хуан Перон и Ева заедно ја напуштиле галата околу 2 часот наутро.

Наскоро по запознавањето во Сан Хуан, Ева Дуарте и Хуан Перон почнале да живеат заедно. Овој потег предизвикал скандал во поблискиот круг на Хуан Перон. Во овој период во Аргентина, естрадните уметници и политичарите се сметале за две различни класи луѓе. Во врска со тоа, било несоодветно невенчан пар да делат стан. Сепак, Перон ја запознал Ева со неговиот круг на политичари и советници и членови на владата. Фрејзер и Наваро тврдат дека одлуката на Перон да ја вклучи Ева во политичкиот живот е тешко да се разбере затоа што тоа можело да му наштети во кариерата и да го доведе до скандал.

Фрејзер и Наваро тврдат дека Ева пред да го запознае Перон немала никакво знаење ниту интереси за политиката. Затоа, таа никогаш не се расправала со Перон ниту со некој од неговиот тесен круг, само внимателно слушала. Хуан Перон подоцна во неговата автобиографија потврдил дека тој намерно ја избрал Ева како негов ученик и поставил за цел да создаде во неа „второ јас“. Сепак, Фрејзер и Наваро претпоставуваат дека тој и дозволувал на Ева толку интимно изложување и запознавање на неговиот тесен круг поради неговата возраст. Тој имал 48 години а таа 24 години кога се запознале. Тој навлегол во политиката доцна во неговиот живот и затоа бил ослободен однапред да замислува каква треба да биде политичката кариера и бил подготвен да прифати секаква помош што би му понудила таа.

Во мај 1944 година, било објавено дека изведувачите на емисии мораат да се обединат во здружение и само тоа здружение ќе има дозвола за работа во Аргентина. Ева била избрана за претседателка на здружението по кратко време откако било создадено. Фрејзер и Наваро шпекулираат дека Перон го донесол овој предлог, изведувачите да се обединат во заедница, за другите изведувачи да мислат дека е добра политиката да се избере неговата љубовница. Кратко по нејзиното избирање за претседател на здружението, Ева Дуарте започнала да води дневна програма наречена “ Кон подобра иднина”, која е адаптирана во форма сапунска опера за достигнувањата на Хуан Перон. Често, говорите на Перон биле емитувани во текот на програмата, кога таа говорела, Ева Дуарте говорела на обичен јазик како жена која сака слушателите да веруваат во она во што таа самата верува за Хуан Перон.

Издигнување на моќта[уреди]

Апсењето на Хуан Перон[уреди]

Демонстрации за ослободување на Перон, на 17 октомври 1945 година. Во позадина се наоѓа розовата куќа.

До почетокот на 1945 година, група на службеници на војската наречени „ Grupo de Oficiales Unidos“ ( група на обидинетите офицери, прекар „Полковниците” , стекнале значително внимание во владата на Аргентина. Претседателот Педро Пабло Рамирез станал претпазлив од развојната моќ на Хуан Перон во владата, но не бил способен да ја контролира. На 24 февруари 1944 година, Рамирез ја потпишал својата оставка, која Фрејзер и Наваро тврдат дека ја изготвил самиот Хуан Перон. Еделмиро Хулијан Фарел, пријател на Хуан Перон станал претседател. Хуан Перон се вратил на својата работа како министер за труд. Фрејзер и Наваро тврдат дека во тој момент Перон бил најмоќниот човек во аргентинската влада. На 9 октомври 1945 година, Хуан Перон го уапсиле неговите противници во владата кои биле исплашени дека поради силната поддршка од работниците и сиромашниот народ популарноста на Перон би можела да го замрачи актуелниот претседател.

Шест денови подоцна околу 250 и 350 илјади луѓе се собрале пред Casa Rosada (розовата куќа), владата на Аргентина, за да се ослободи Хуан Перон и нивната желба била исполнета. Во 23 часот, Ева Перон се појавила на балконот на Casa Rosada и се обратила кон насобраната толпа. Биографот Роберт Д. тврди дека ова претставува моќен момент затоа што било возбудливо и потсетувало на битни аспекти од историјата на Аргентина. Кросвелер пишува дека Хуан Перон ја воведил улогата на Caudillo ( водач ) запознавајќи ги неговите луѓе со традицијата на аргентинските водачи Росас и Иригоен. Кросвелер исто така тврди таа вечер содржела „загадочни призвуци” од „полу-религиозна“ природа. На Ева Перон ѝ се припишувало дека била заслужна на организирањето на собири од илјадници луѓе кој го ослободиле Перон од затвор на 17 октомври 1945 година. Оваа верзија на настани била популаризирана во мјузиклот на Лојд Вебер. Сепак најголем дел од историчарите се согласуваат дека оваа верзија на настани не е точна. Кога Перон бил во затвор, Ева сè уште била само актерка. Таа немала влијание на синдикатите кои го поддржувале Перон и не била добро прифатена во неговиот тесен круг ниту пак ја сакале луѓето од филмскиот и радио бизнис. Кога Хуан Перон бил затворен, Ева Перон била лишена од граѓанските права. Во суштина, масивните собири кој го ослободиле Перон од затвор ги организирале различни здружувања, како што е Генералната конфедерација на труд. До денес, 17 октомври е празник на јустициалистичката партија во Аргентина (славен како Dia de la Lealtat или „ден на верност“). Ева и Хуан тајно стапиле во брак во Јунин на 18 октомври 1945 година, а се венчале на 9 декември 1945 година.

Победа на претседателските избори во 1946 година[уреди]

По неговото ослободување од затвор, Хуан Перон одлучил да води кампања за претседател на државата. Ева напорно ја водела кампањата за нејзиниот сопруг за време на нејзината неделна радио- програма со тешка популистичка реторика убедувајќи ги сиромашните да се приклучат кон движењата на Перон. И покрај тоа што станала богата од успехот во радиото и манекенството, таа го истакнувала нејзиното понизно воспитување како начин на искажување солидарност со осиромашените класи.

Заедно со нејзиниот сопруг, Ева ја посетила целата држава станувајќи прва жена во историјата на Аргентина што се појавува во јавност за време на кампањата на нејзиниот сопруг. ( Меѓу другото, таа била прва жена во Аргентина што во јавност носела панталони). Појавувањето на Ева покрај нејзиниот сопруг често ги навредувала влијателните кругови, војската и оние од политичкиот живот. Сепак, таа била многу популарна кај народот, кој ја познавал од нејзиното појавување во радио- програми и филмови. Тоа било во периодот од нејзиниот живот кога таа ги охрабрувала аргентинците за прв пат да не ѝ се обраќаат со „Ева Перон“ туку едноставно како „Евита“, што претставува шпански деминутив или нежен прекар што значи „малата Ева или Евичка“.


Европска турнеја[уреди]

Во 1947 година, Ева ја започнала турнејата позната како „виножито турнеја“ во Европа, состанувајќи се со бројни државници и шефови на држави, како што се Франциско Франко и папата Пие XII. Биографите Фрејзер и Наваро пишуваат дека турнејата започнала со поканата на шпанскиот водач до Хуан Перон. Од политички причини било одлучено Ева да оди во посета, наместо Хуан Перон. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Аргентина неодамна излегла од „воениот карантин” со што го зазела своето место во Обединетите нации и ги подобрила односите со САД. Затоа за посетата на Франко, со Салазар последниот преостанат апсолутистички водач на власт на Западна Европа, дипломатски би се гледало со неодобрување. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева одлучила ако Хуан Перон не ја прифати поканата за државна посета на Шпанија, тогаш таа ќе ја прифати. Советниците, тогаш одлучиле дека Ева треба да посети повеќе држави во Европа, за да изгледа дека Ева нема симпатии само кон фашистичка Шпанија туку кон цела Европа. Турнејата не била најавена само како политичка туку и како турнеја на „добра волја“.

Ева била топло пречекана во Шпанија, каде ги посетила Капила Реал, гробницата на шпанските монарси Фердинанд и Изабела. Франковата Шпанија не била опоравена од Шпанската граѓанска војна ( автаркиската економија и ембаргото на Обединетите нации значело дека државата не можела да ги прехрани своите луѓе ). За време на нејзината посета во Шпанија, Ева им делела по 100 пезоси на сиромашните деца што ги среќавала на патувањето. Исто така, таа од Франко ја примила најголемата награда што ја дава владата на Шпанија, орден од Изабела Католичка.

Потоа Ева го посетила Рим, каде што приемот не бил топол како што бил во Шпанија. И покрај тоа што папата Пие XII не ѝ дал папска декорација нејзе ѝ било дозволено времето што обично им го давале на кралиците и исто така ѝ дале и венец. Следна држава била Франција, каде што била топло примена. Таа ја посетила палатата Версај меѓу другите места. Исто така се запознала со Шарл де Гол. Таа ѝ ветила на Франција две пратки пченица.

Додека била во Франција Ева добила порака од Џорџ VI дека нема да ја прими во Британија, без оглед на тоа што би можело да го советува министерството за надворешни работи и нејзината посета нема да се смета како државна посета. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева кога дознала дека кралското семејство не сака да се сретне со неа, таа објаснила дека била презриво одбиена и затоа ги откажала сите планови за посета на Велика Британија. Сепак, званичната причина што ја натерала Ева да не ја продолжи турнејата во Британија била нејзината исцрпеност. За време на турнејата низ Европа, Ева ја посетила Швајцарија. Оваа посета била најлошиот дел од патувањето. Според книгата „Евита“: Биографија од Џон Барнес, додека се возеле по улица заедно со насобраните луѓе околу нејзината кола, некој фрлил два камења и ја скршил шофершајбната. Таа била шокирана и ги кренала рацете но не била повредена. Подоцна, додека седела со министерот за надворешни работи, демонстрантите фрлале по неа со домати. Доматите го погодиле министерот за надворешни работи и се распрскале на фустанот на Ева. По овие два настани, на Ева ѝ било доволно, и се вратила дома во Аргентина.

Имало шпекулирања кај членовите кај опозициската партија на Перон дека вистинската цел на оваа турнеја била да се вложат средства на сметката во Швајцарска банка.

Фрејзер и Наваро пишуваат дека опозицијата во Буенос Аирес претпоставувала дека вистинската причина за целата турнеја низ Европа била Ева и нејзиниот брат да вложат пари на сметката во Швајцарската банка, а остатокот бил наменет за да се покрие ова. Многу богати Аргентинци го правеле ова, но има многу посоодветни и не толку сомнителни начини на вложување пари на швајцарски сметки отколку состанување со министерот за надворешни работи и разгледување на фабриката за часовници. Фрејзер и Наваро се согласуваат, „имало ли таму сметка во Швајцарската банка?“ Тоа изгледа неверојатно, но секако, нема начин да се дознае за сигурно тајната природа за сметка во Швајцарска банка.

За време на турнејата низ Европа, Ева Перон се појавила на насловна станица на списанието Тајм. Насловот гласел: „Ева Перон: Помеѓу два света, аргентинско виножито”- тоа е белешка за името на европската турнеја на Ева. Ова било прв и единствен пат во историјата на списанието дека првата дама на Јужна Америка се појавила сама на насловна страница ( во 1951 година, Ева се појавила повторно заедно со Хуан Перон). Сепак во 1947 година за прв пат било објавено на насловна страница дека Ева била родена како вонбрачно дете. Списанието неколку месеци било забрането да се продава во Аргентина како одмазда.

По враќањето од Европа во Аргентина, Евита никогаш нема да се појави повторно со сложена фризура како од нејзините денови на филмска ѕвезда. Блескавата златна боја станала поублажена и дури го сменила и стилот, косата ѝ била едноставна, собрана во пунџа. Нејзиниот екстравагантен стил на облекување станал попрефинет откако се вратила од турнејата. Повеќе не носела пренагласени шапки и тесни фустани од аргентинските дизајнери. Наскоро, таа го прифатила поедноставниот и посовремен стил од француската висока мода и станала приврзаник на Кристиан Диор и накитот на Картие. Обидувајќи се да се претстави како сериозна личност од политиката, Ева започнала да се појавува во јавност облечена во деловни фустани, кои биле креации на Диор и други куќи од високата мода на Париз. Добротворни и феминистички работи

Добротворни и феминисички задолженија[уреди]

Фондацијата на Ева Перон[уреди]

Ева Перон се среќава со јавноста во нејзината канцеларија во фондацијата.

Sociedat de Beneficiencia ( Општество на добротворност), група за добротворни цели составена од 87 општествени дами, била одговорна за поголемиот дел од добротворната работа во Буенос Аирес пред да биде избран Хуан Перон. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Социеадат била најперспективната иституција, што се грижела за сирачињата и бездомниците, но тој период завршил со првиот мандат на Хуан Перон. Во 1800тите, групата Социедат ја поддржувале приватни донатори, најголем дел сопрузите на општествените дами. Но од 1940тите, групата Социедат била поддржувана од владата.

Традиција на групата Социедат била за претседател на групата да се избере првата дама на Аргентина. Но дамите на Социедат не го одобрувале сиромашното минато на Ева Перон, недоволното образование и поранешната кариера како актерка.

Фрејзер и Наваро пишуваат дамите од Социедат биле исплашени дека Ева ќе им биде лош пример на сирачињата и затоа не дозволувале таа да биде претседател на организацијата. Често се зборувало дека Ева во одмазда го прекинала финансирањето од владата на Социедат. Фрејзер и Наваро претпоставуваат дека оваа верзија на настани е спорна, но финансиите од владата што претходно ја финансирале Социедат се префрлиле на сопствената фондација на Ева Перон. Фондацијата „Марија Ева Дуарте да Перон“ била создадена на 8 јули 1948 година. Подоцна била преименувана како „Фондацијата Ева Перон“. Нејзиното финансирање го обезбедила самата Ева од 10 000 пезоси. Во првата биографија на Ева Перон на англиски јазик „Жената со камшик”, авторот Мари Меин пишува дека не биле зачувани документи за сметките на фондацијата затоа што тие биле средства на владата на приватна сметка во Швајцарската банка, што ја контролирал Перон. Фрејзер и Наваро, сепак, во спротивност на овие тврдења, пишуваат дека Рамон Цереијо, министер за финансии, чувал документи и дека фондацијата започнала „како одговор на тоа дека Ева секој ден се среќавала со сиромаштија“ и „страшна заостанатост на социјалните услуги или добротворните цели“, како што уште се нарекувале во Аргентина. Кросвелер пишува дека фондацијата била поддржана од парични донации и стоки од синдикатите на Перон, приватни бизнисмени, и дека генералната конфедерација на трудот донирала 3 дневници ( подоцна намалени на 2) за секој работник годишно. Данок на лотарија и билетите за во кино исто така помогнале за поддршка на фондацијата, како што помогнале и данокот на казиното и приходот од коњските трки. Кросвелер исто така забележал дека имало примери на бизнисмени кои биле притиснати да донираат во фондацијата, со негативни последици ако барањата не биле исполнети. За неколку години, фондацијата поседувала имот во кеш и стоки над 3 милијарди пезоси или повеќе од 200 милиони долари според девизниот курс од 1940 тите. Биле вработени повеќе од 14 000 работници, од кои 6 000 биле градежни работници и 26 свештеници. Фондацијата купувала и разнесувала годишно 400.000 пара чевли, 500.000 машини за шиење и 200.000 тенџериња. Фондацијата исто така доделувала стипендии, градела домови, болници и други институции за добротворни работи. Фондацијата била под контрола на Ева од секој аспект. Фондацијата исто така изградила цели заедници, како што е градот Евита, кој постои и денес. Фрејзер и Наваро тврдат дека поради работењето и здравствените услуги на фондацијата, за прв пат во историјата немало нерамноправност во здравствената заштита во Аргентина.

Фрејзер и Наваро пишуваат дека работата на Евита со фондацијата имала голема улога во нејзиното идеализирање, доведувајќи до тоа таа да биде светица. И покрај тоа што не било неопходно, Евита одделувала повеќе часови на ден за да се сретнува со сиромашните кои барале помош од нејзината фондација. За време на овие средби, Евита ги бакнувала сиромашнте и им дозволувала и тие да ја бакнат неа. Евита била забележана како ги става рацете на загноени рани на болни, допирала лепрозни и бакнувала сифилистични. Фрејзер и Наваро пишуваат дека и покрај тоа што Аргентина е секуларна по многу нешта, таа во суштина е католичка земја. Затоа, кога Ева го бакнала сифилистичниот и го допрела лепрозниот таа „престанала да биде сопруга на Перон и стекнала карактеристики на светица што се опишани во католицизмот.“

Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева до крајот на нејзиниот живот таа работела по 20 до 22 часа на ден во фондацијата, често одбивајќи го барањето на Перон да намали со работата и да зема слободни викенди. Колку повеќе работела со сиромашните во фондацијата толку повеќе била разлутена за постоењето на сиромаштијата велејќи: „понекогаш посакувам моите навреди да беа шлаканици или камшици. Посакувам да ги удрам луѓето за да прогледаат, само барем еден ден, она што јас го гледам секој ден“. Кросвелер пишува дека Евита станала фанатик во својата работа во фондацијата и била свесна за крстоносната војна против самиот концепт, постоењето на сиромаштијата и социјалните проблеми. Кросвелер пишува: „Не е изненадувачко тоа дека нејзината јавна кампања и восхитувањата се зголемиле по интезитет и се приближиле кон трансценденталноста“. Кросвелер ја споредува Ева со Игнатиус Лојола, основачот на дружбата Исусова.

Перонистичката партија на жените и правото на глас на жените[уреди]

Биографите Фрејзер и Наваро напишале дека Ева била заслужна за тоа што жените во Аргентина добиле право на глас. Иако Ева се обратила на радио за поддршка на жените да добијат право на глас и исто така објавувала статии во нејзинот весник „Демократија“ замолувајќи ги мажите за поддршка, најпосле можноста жените да добијат право на глас, била надвор од овластувањата на Ева. Фрејзер и Наваро тврдат дека дејствувањата на Ева биле ограничени за добивање на предлог-закон, кој го воведил еден од нејзините застапници, Едуардо Колом, предлог- закон кој на крајот бил изоставен. Бил веведен нов предлог-закон за поддршка на жените, но било неопходно да се чека повеќе од една година пред да го прифати Претставничкиот дом на 9 септември 1947 година. Законот 13,010 ја утврдил рамноправноста на политичките права на мажите и жените и правото на глас на жените во Аргентина. Конечно, законот 13,010 бил едногласно одобрен. Хуан Перон, го потпишал законот со кој на жените им се доделувало право на глас и потоа предлог- законот и го врачил на Ева, симболично како нејзин, за време на јавна прослава и церемонија. Ева Перон потоа ја создала перонистичката партија на жените, која била прва голема политичка партија на жените на народот. Фрејзер и Наваро пишуваат дека до 1951 година партијата имала 500.000 членови и 3.600 штабови низ земјата. Фрејзер и Наваро пишуваат дека додека Ева перон не се сметала себе си за феминистка, нејзиното влијание на политичкиот живот на жените било пресудно. Илјадници жени кои претходно биле аполитички настроени ѝ пристапиле на политиката поради Ева Перон. Тие биле првите жени кои ќе бидат активни во политиката во Аргентина. Со добивањето на правото на глас на жените и перонистичката партија на жените Перон освоил мнозинство (63 %) од гласовите на претседателските избори во 1951 година.

Претседателски избори[уреди]

Номинирањето за потпретседател[уреди]

Толпа од два милиони луѓе се собрале за поддршка на Перон во 1951 година.

Во 1951 година, Ева си поставила цел да добие место на гласачкото ливче за потпредседател. Овој потег разлутил многу предводници на војската, оние кои ја презирале Ева и нејзината растечка моќ во владата. Според уставот на Аргентина потпретседателот автоматски го наследува претседателот во случај на смрт на претседателот. Можноста, Ева да стане претседател во случај на смрт на Хуан Перон било нешто, што војската не можела да го прифати.

Сепак, таа добила поддршка од работничката класа, синдикатите и перонистичката партија на жените. Јачината на поддршката, што таа ја имала од овие групи, го изненадила дури и самиот Хуан Перон. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева, со големата поддршка што ја имала за нејзиното кандидирање, станала значајна за членовите на перонистичката партија колку што бил и самиот Хуан Перон. На 22 август 1951 година, синдикатите одржале голем митинг од 2 милиони луѓе наречен Мајската револуција “Cabildo Abierti” . ( Името било во чест на првата локална влада во Аргентина во 1810 година.) Перонови се обратиле кон толпата од балконот на големото скеле поставено на Авенида де Хулио 9, оддалечено неколку блокови од Casa Rosada. Над балконот биле поставени два големи портрети на Ева и Хуан Перон. “Cabildo Abierti” било најголемо излагање за поддршка на женската фигура во политиката.

За време на масовниот митинг, толпата побарала Евита јавно да ја објави нејзината официјална кандидатура за претседател. Таа се изјаснила дека ѝ треба повеќе време за да ја донесе нејзината одлука. Комуникацијата помеѓу Ева и толпата од 2 милиони луѓе станала, во еден момент, вистински спонтан дијалог, со скандирањето на публиката: „Евита, потпретседател!“ Кога Евита побарала повеќе време за да може да се подготви, толпата извикала „Сега Евита, сега!“ На крајот, тие постигнале компромис. Евита соопштила дека ќе ја објави нејзината одлука преку радио за неколку дена.

Влошената здравствена состојба и политичката опозиција[уреди]

Ева Перон им се обраќа на луѓето на 17 октомври 1951 година. Тогаш таа била немоќна да стои сама без помошта на Хуан Перон.

Конечно, таа ја одбила поканата за кандидирање за претседател, велејќи дека нејзината единствена амбиција била дека во едно големо поглавје во историјата ќе пишува за нејзиниот сопруг, а во фуснотите ќе биде спомната една жена која ги пренесла „надежите и соништата на луѓето до претседателот“, жена која на крајот ги претворила тие соништа во „прекрасна реалност“.

Во перонистичката реторика, овој настан е познат како „Откажување“, кој ја опишува Ева како несебична жена според португалски мит за marianisimo. Повеќето биографи, сепак, претпоставуваат дека Евита не се откажала од својата амбиција поради притисокот на нејзиниот сопруг и високата класа на Аргентина, кои претпочитувале дека таа не припаѓала на расата.

Во 1951 година, било очигледно дека нејзиното здравје било рапидно влошено. Во почетокот на 1950 година Евита се онесвестила во јавност и неколку денови подоцна таа се оперирала. Иако било изнесено дека таа дожевеала апендектомија ( вадење слепо црево), всушност таа имала рак на грлото на матката во развиена фаза. Таа продолжила да се онесвестува во текот на 1951 година ( вклучувајќи ја и вечерта по “Cabildo abierto’’), со тешка изнемоштеност и обилно вагинално крварење. Иако Хуан не ѝ ја кажал нејзината дијагноза, таа знаела деке не е добра. Само неколку месеци по „Откажувањето“, Евита била подлежна на тајно отстранување на матката во обид да се спречи развивањето на ракот на грлото на матката.


Повторно избирање и Духовен водач на народот[уреди]

На 4 јуни 1952 година, Евита се возела со Хуан Перон во парада низ Буенос Аирес за време на прославата за неговото повторно избирање за претседател на Аргентина. Евита била толку болна што таа била немоќна да стои сама. Под нејзиното крзнено палто имало рамка направена од малтер и жица што ѝ служела за помош. Таа зела тројна доза на лекови против болка пред да започне парадата и зела уште две дози кога се вратила дома. Неколку денови подоцна, по втората инаугурација на Хуан Перон, за време на официјалната церемонија на Ева ѝ била доделена титула за „Духовен водач на народот“.

Смрт[уреди]

Умирањето и погребот[уреди]

И покрај тоа што американскиот хирург Џорџ Т. Пак ѝ ја отстранил матката на Ева Перон, ракот за кратко време повторно се појавил. Таа имала метастази на белите дробови и била првата аргентинка што се лечела со хемотерапија во тоа време. И покрај сите можни третмани, таа била исцрпена и имала само 36 килограми. Евита починала на 33 години, во 20 часот и 25 минути на 25 јули, 1952 година. Вестите веднаш се рашириле низ целата држава и Аргентина била во длабока жалост. Сите активности во Аргентина запреле, филмовите не се прикажувале, рестораните биле затворени. Редовната програма на радио била прекината со читање на веста: Ова е моја жална долножст да ве информирам дека денес во 20 часот и 25 минути Ева Перон, духовниот водач на народот, стапи во бесмртноста. На Ева Перон ѝ бил доделен службен државен погреб.

Жалење[уреди]

Кога Ева Перон починала, владата ги одложила сите службени активности за два денови и сите знамиња биле на пола копје 10 денови. Толпата пред службената резиденција на претседателот била збиена и сите улици преполни за 10 блокови во секој правец. Подоцна, кога телото на Ева било пренесувано, осум души во толпата биле згмечени до смрт. Во следните 24 часа, над 2000 луѓе биле однесени во градските болници поради повреди во брзањето да бидат поблизу до Ева кога нејзиното тело било пренесувано од претседателската резиденција до Министерството за труд. Улиците во Буенос Аирес биле прелеани со цвеќиња наредени во купови и за еден ден од смртта на Ева Перон сите цвеќарници во Буенос Аирес биле испразнети.

И покрај фактот дека Ева никогаш не држела службена политичка канцеларија, на крајот ѝ бил доделен службен погреб што обично бил резервиран за шефот на државата. Била одржана комеморација за тимот од Аргентина за време на олимписките игри во Хелсинки во 1952 година, во чест на Ева Перон. Имало повеќе интерпретации за популарното жалење за смртта на Ева Перон. Некои репортери го сметале жалењето за вистинско, додека други чувствувале дека популарната жалост била само резултат на јавно подлегнување на „страсни претстави” од перонистичкиот режим. На пример, според списанието „Тајм“ статијата објавена на 11 август 1952 година со наслов „Во жалост” перонистичката влада го воведила пет минутното жалење веднаш по најавувањето на радио-програмата.

За време на Евита, децата кои биле родени вонбрачно немале исти права со оние кои биле родени од родители кои биле во брак. Биографот Џули М. Тејлор, професор по антропологија во универзитетот Рајс, рече дека Ева била свесна за болката да бидеш роден како вонбрачно дете. Тејлор шпекулира дека свеста за Евита за болката имала влијание на одлуката за да се смени законот, така што „вонбрачните деца” да бидат третирани како „нормални“ деца. Кога таа починала, аргентинската јавност била известена дека Ева имала само 30 години. Несовпаѓањето се поклопува со фалсификувањето на нејзиниот извод од книгата на родените. По станувањето прва дама во 1946 година, Ева ги изменила нејзините документи од раѓањето дека била родена како дете во брачна заедница и ги поместила датумите за три години за да биде помлада.

Планови за споменик[уреди]

Др. Ара го прегледува балсамираното тело на Ева Перон.

Кратко по нејзината смрт, др. Педро Ара започнал да го балсамира телото. Фрејзер и Наваро пишуваат дека неизвесно е дали Евита некогаш изјаснила желба за да биде балсамирана и претпоставуваат дека најверојатно тоа е одлука на Хуан Перон. Др Ара бил професор по анатомија кој студирал во Виена и одржал академска кариера во Мадрид. Неговата работа повремено била споменувана како уметност на смртта. Неговата високо напредна технологија за балсамирање се состоела од заменување на крвта на мртовецот со глицерин, кој ги штител сите органи вклучувајќи го и мозокот и создавал слика на жив човек, давајќи му на телото изгед на „уметничко спиење“. Др Ара бил познат во Буенос Аирес по неговата работа. Помеѓу луѓето, кој ги имал балсамирано, бил шпанскиот композитор Мануел Де Фала. Др Ара тврди дека балсамирањето на Евита, започнало ноќта кога таа починала сè до следното утро “ телото на Ева Перон било целосно непоткупливо” и затоа соодветно за прикажување на јавноста. Во книгата „Перон и загатките на Аргентина“, биографот Роберт Д. Кросвелер тврди дека Англосакцонците од Северна Америка и Европа погрешно го разбрале одговорот на Аргентина за смртта на Ева Перон како и богатиот погреб кој таа го имала.

Кросвелер го припишува ова недоразбирање на единствената структура на културата на Перонови и Аргентина, тврдејќи дека Перонови им припаѓаат на аргентинската традиција и дека нивната опозиција припаѓала на Англосанкцонците. Помеѓу изгубените спомени за Ева, имало еден кој не бил доволно забележан, но неговата важност е значајна: Наследството на неразбирањето. Нејзините кратки и блескави години биле толку успешни бидејќи таа била навлечена во филозофијата: „Јас имам тело и душа и ја имам крвта на луѓето”.

Но тоа било филозофијата на стара шпанска- креолска традиција која потекнувала од Лима. Како Перон, таа била домородец по потекло и по дух и како него, не и верувале и не ја разбирале во Аргентина од либералниот систем и во светот кој ја знаел само таа Аргентина. Истото важело и во врска со нејзината драматизирачка смрт во последните 10 години, кога таа побарала да умира во јавност како потврда за нејзината посветеност. Таквиот однос кон смртта е варијација на стара шпанска опседнатост со смртта, со достоинство и раскош. Дотогаш тоа избледило во повеќе од Европските католични заедници и тоа било непознато во Англосаксонската нација. Затоа, многумина го гледале нејзиното измачување и одговорот на Перон како елементи кои во суштина биле политичка страсна претстава и обид за да се извлече сочувство и корист од нешто што треба да биде приватна трагедија. Тоа било наследството на неразбирањето, истото наследство што не им дозволувало на Ева и Перон да го разберат емоционалниот интезитет на реакцијата на светот и одземањето на Ла Пренса или другите потиснувања на Перонато. Како резултат на тоа Ева живееше и умре како мотив за светот да се прашува и како споменик за неспосбноста да се разберат другите.

Исчезнување и враќање на трупот[уреди]

Кратко по нејзината смрт, биле направени планови за да се изгради споменик во чест на Ева. Споменикот, што требало да биде статуа на маж што ги претставува „descamisados“, бил планиран да биде поголем од „Статуата на слободата“. Телото на Ева требало да се чува во основата на споменикот и според традицијата на трупот на Ленин да биде изложена за јавноста. Чекајќи споменикот да биде изграден, балсамираното тело на Евита било изложено во поранешната канцеларија на зградата на музичката компанија скоро две години. Пред да биде завршен споменикот на Евита, Хуан Перон бил соборен во воен државен удар, Ослободителната револуција, во 1955 година. Перон набргу избегал од државата и не направил планови за обезбедување на телото на Евита.

Воената диктатура ја презела власта во Аргентина. Новите власти го отстраниле телото на Ева, да не биде изложено, а местото каде што се наоѓало телото останало мистерија цели 16 години. Од 1955 година до 1971 година, военото диктаторство на Аргентина издало забрана за перонизмот. Не само поседувањето на слики во домовите од Ева и Хуан Перон што станало нелегално, туку и изговарањето на нивните имиња. По 16 години, војската конечно го открила местото каде што било телото на Ева Перон. Таа била закопана во гробница во Милано, Италија, под името „Марија Меги“. Во 1995 година, Томас Елој Мартинез ја објавил „Света Евита“, која ги наведува сите претходни непознати приказни за авантурите на трупот на Евита, како што се многуте восочни копии на трупот кои биле направени. Мартинез тврдел дека трупот бил оштетн со чекан и дека дури еден офицер извршил сексуално дело врз копиите на трупот.

Конечно место на мирување[уреди]

Во 1971 година, телото на Евита било откопано и испратено во Шпанија, каде Хуан Перон го чувал во својот дом. Хуан и неговата трета сопруга, Изабел, одлучиле да го чуваат трупот на масата во трпезаријата. Во 1973 година, Хуан Перон го завршил бегството и се вратил во Аргентина, каде тој станал претседател по трет пат. Перон починал во својата канцеларијата во 1974 година. Неговата трета сопруга, Изабел Перон, со која се оженил на 15 ноември 1961 година и која била избрана за потретседател, го наследила него и со тоа станала првата жена претседател на западната хемисфера. Изабел била таа која телото на Евита го вратила во Аргентина и (кратко) го изложила покрај Хуан Перон. Подоцна телото било закопано во фамилијарната гробница Ла Реколета, во Буенос Аирес. Владата во Аргентина презела големи мерки за обезбедување на гробот на Евита. Има врата на мермерниот под на гробот, која води до одделот во кој има два сандаци. Под првиот оддел има втора врата и втор оддел. Тоа е местото каде што лежи сандакот на Евита. Биографите Фрејзер и Наваро пишуваат дека гробот на Евита е толку безбеден што би можел да издржи нуклеарен напад. Тие пишуваат : „тоа одржува страв, страв дека телото ќе исчезне од гробот и таа жена или повеќе митот за жената, повторно ќе заживее“. Во гробницата, која се наоѓа на северниот дел на сиромашниот кварт Реколета, исто така се наоѓаат остатоци на многу славни генерали, претседатели, научници, поети и други богаташи на Аргентина. Во Аргентина се вели дека таму чини повеќе да умреш отколку да живееш.

Наследство и критика[уреди]

Аргентина и Латинска Америка[уреди]

„Во цела Латинска Америка, само една друга жена предизвика чувство, преданост и верба што може да се спореде со Девицата Гвадалупе. Во многу домови сликата на Евита стои на ѕидот веднаш до Девицата“.

Во неговиот есеј со наслов „Латинска Америка“, објавен во илустрираната историја на христијанството на Оксфорд, Џон Мекменрс исто така тврди дека повикот и успехот на Ева Перон може да се поврзе со митологијата на Латинска Америка и идеите за теологијата. Дури Мекменрс тврди дека Ева Перон намерно ги присвојувала аспектите на митологијата за Девицата и Марија Магдалена во нејзината јавна личност. Историчарот Хуберт Херинг ја опиша Ева Перон како„ најмудрата жена што треба да се појави во јавниот живот на Латинска Америка“ Во 1996 година, во интервјуто на Томас елој Мартинез тој ја спомнува Ева како „Пепелашка на тангото и заспаната убавица на Латинска Америка”. Мартинез претпоставува дека Ева Перон остана важна икона во културата од истите причини како и Че Гевара.

„Латинските митови се поотпорни отколку што изгледаат. Дури ниту големата масовна преселба на луѓето со сплав од Куба или брзото распаѓање и режимот на изолација на Фидел Кастро не го уништија триумфалниот мит за Че Гевара, кој остана жив во многу сонови на илјадници млади луѓе во Латинска Америка, Африка и Европа. Че Гевара како и Евита се симболи на искреноста, понижените, сиромашните на земјата. Тие се митови кои на некој начин ја создаваат сликата на Христос.“

Иако денот на смртта на Ева Перон не е официјален неработен ден, тој ден аргентинците го одбележуваат секоја година. Покрај тоа, ликот на Ева Перон е истакнат на аргентинската монета и еден вид на аргентинската валута е наречен Евита во нејзина чест. Ciudad Evita (градот Евита), кој бил основан од фондацијата на Ева Перон во 1947 година, се наоѓа надвор од Буенос Аирес. Кристина Кирхнер, првата избрана жена претседателка во историјата на Аргентина, припаѓа на Перонови и повремено се нарекува „новата Евита“. Кирхер вели таа не сака да се споредува со Евита, тврдејќи дека Евита била единствен феномен во историјата на Аргентина. Сепак Кирхнер вели дека жените на нејзината генерација во 1970тите за време на воената диктатура во Аргентина на Ева ѝ должат за тоа што им послужи како пример за страст и борбеност. На 26 јули 2002 година, на 50 годишнината од смртта на Ева Перон во нејзина чест отворен е музеј, кој бил наречен „музејот Евита“. Во музејот, кој го отворила нејзината правнука Кристина Алварез Родригез, се наоѓа облеката на Ева, портретите и уметничките нацрти од нејзиниот живот. Музејот стана популарна туристичка атракација. Музејот бил отворен во зграда која некогаш ја користела фондацијата на Ева Перон. Во книгата за Ева Перон: „Митовите на една жена“ , културниот антрополог Џули М. Тејлор тврди дека тоа што Евита остана запаметена во Аргентина се должи на комбинацијата од три еднакви фактори: „Во разгледуваните слики, трите елементи, се постојано поврзани: женственоста, мистичноста или духовната сила и револуционерното лидерство кој е приказ за основната заедничка тема. Идентификацијата со еден од овие елементи го вклопува човекот или групата во просторот на едно утврдено општество и во границите на иституционалните власти. Секој што може да се идентификува со сите три слики поставува надмоќно и призвучно право на доминантност низ сликите кои не препознаваат контрола во општеството или неговите права. Само жена може да ги отелотвори сите 3 елементи на оваа моќ.“

Тејлор расправа дека четвртиот фактор што ја продлжува важноста на Евита е поврзан со нејзиното реноме како мртва жена и силата што смртта ја поседува во фантазијата на јавноста. Понатаму, Тејлор тврди дека балсамираното тело на Евита е слично со неподмитливоста на различни католички светци како што е Бернадете Соубирос и како резултат на тоа силен симболизам постои во католичката култура на Латинска Америка.

„До некоја мера нејзината важност и популарност им се припишуваат не само на нејзината моќ додека била жива туку и на моќта како мртва.“ Сепак, гледиштето на општеството за живот по смртта може да конструира извор на немир и безредие, смртта по самата природа останува мистериозна се додека општеството официјално не ја смири вознемиреноста што ја создава таа. Жените и мртвите – смртта и женственоста- се во тесна врска со структурните социјални форми: надворешните јавни институции, неограничени со службени правила и надвор од формалните категории. Кога во женскиот труп се повторуваат симболичките теми и на жена и на маченик, Ева Перон стои тогаш цврсто зад духовното лидерство.