Димитар Благоев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Димитар Благоев
Dimitar Blagoev.jpg
политичар од Бугарија
Роден 14 јуни, 1856
Загоричани, Костурско
Починал 7 мај, 1924
Софија, Бугарија

Димитар Благоев (бугарски: Димитър Благоев) (Загоричани, Костурско, 14 јуни 1856 - Софија, 7 мај 1924) бил политичар од Бугарија. Благоев е основач на бугарската работничка социјалдемократска партија (БРСДП). Во 1903 приврзаниците на Благоев предизвикаа расцеп во партијата и ја преименуваа партијата во БРСДП (тесни социјалисти). Во текот на Првата Светска војна БРСДП (т.с.) ја напушти Втората интернационала. Во 1919 БРСДП (т.с.) се преименува во Бугарска комунистичка партија (тесни социјалисти).

[уреди] Димитар Благоев за Македонија и Македонците

Изјави на Димитар Благоев во Бугарскиот парламент по повод учеството на Бугарија во Балканските војни и во Првата светска војна (види: Орде Иваноски: “Искажување на Димитар Благоев за народността на Македонците пред Бугарскиот парламент во 1917“. Современост, Скопје, јануари 1967):

  • „Која историја? Таа ли, која вие ја фалсификувате? Таква историја ние не признаваме, бидејќи целите на војната не се за никакво „обединување на бугарското племе“, туку за бугарска хегемонија на Балканот, поточно да се завладеат местата што и се неопходни на бугарската буржоазија за да може да излезе на големите водни патишта и на Егејско Море.“
  • „Ако сте вие убедени дека во Добруџа живеат Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија живеат Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала се Бугари, зошто тогаш се плашите од формулата на рускиот цар, „мир без анексии, без обештетување и со право на народите на самоопределување“. Ако сте убедени дека некаде има Бугари, нека се спроведе референдум и да видиме што ќе кажат.“
  • “Зошто кревате врева? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области завладеани од вас, кои ако се подложат на референдум ќе ви се измолкнат од рацете.“

Други изјави Димитар Благоев:

  • “Роден сум во фамозното македонско село Загоричани, Костурско.“[1]

[уреди] Извори

  1. Благоев, Д. Кратки бележки из моя живот, София, 1977

[уреди] Надворешни врски

  • (бугарски) Пасус од книгата на Димитър Косев "Петко Рачев Славейков, Обществена и политическа дейност", БАН, 1986. стр.167
  • (македонски) Искажување на Димитар Благоев за народноста на Македонците пред бугарското собрание во 1917 година
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици