Алберто Корда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Алберто Дијаз Гутиерез (шпански Alberto Díaz Gutiérrez), познат како Алберто Корда или само Корда (14 септември 1928 во Хавана, Куба25 мај 2001 во Париз, Франција) бил кубански фотограф, познат по неговата фотографија "Guerrillero Heroico" на марксистичкиот револуционер Че Гевара.

Биографија[уреди]

Корда бил син на работник на железница и работел на различни места пред да започне како фотографски помошник. „Мојата главна цел беше да запознам жена“, еднаш признал. И навистина успеал да ја оствари неговата цел. Неговата втора сопруга, Наталија (Норка) Менендез, била позната кубанска манекенка.

Тој работел како фотограф за кубанскиот весник Револуција (шпански Revolución) кога на 5 март 1960 год. ја објавил култната фотографија на Че Гевара кој станал симбол на револуција и побуна. Корда никогаш не добил никакво признание ниту награда за таа фотографија бидејќи Фидел Кастро не ја признал Конвенцијата од Берн за заштита на Книжевните и Уметничките Дела (англ.Тhe Berne Convention for the Protection of Literary and Artistic Works). И покрај тоа во 2000 год. Корда ја тужел компанијата Смирноф поради употребата на култната фотографија во својата реклама. Коментирајќи ја илегалната употреба на неговата фотографија, Алберто Корда рекол: „Како поддржувач на идеалите поради кои загина Че Гевара, јас не се противам на нејзината репродукција од страна на оние кои сакаат тој да остане запомнет, како и поради социјалната правда низ светот, но категорично сум против експлоатацијата на ликот на Че Гевара за промоција на производи како што е алкохолот или пак за било која цел со која се деградира репутацијата на Че”. Парите од оштетата во износ од 50.000 долари Корда ги донирал на кубанскиот здравствен систем. Притоа рекол: „Ако Че беше жив, и самиот ќе го стореше истото“.

Вистината е таа дека Корда бесплатно му ја дал фотографијата на Џанџакомо Фелтринели, италијански издавач, кој веќе имал направено огромен успех со издавањето на книгата Доктор Живаго. Фелтринели ги имал издавачките права извесно време и токму таа фотографија го направила богат.

ФотографијатаGuerillero Heroico од Корда

По револуцијата Алберто Корда 10 години работел како личен фотограф на Фидел Кастро. Од 1968 до 1978 тој се занимавал со серија фотографии кои ги сликал под вода а во 1978 год. благодарение на интересот на јапонската публика тој станал познат низ целиот свет. Во 1999 год. тој се појавил накусо на пред-снимањето на филмот Буена Виста Соушл Клаб (англ.Buena Vista Social Club) од режисерот Вим Вендерс. Во 2005 год., четири години по неговата смрт, Алберто Корда се појавил како главен лик во документарниот филм Кордавижн, режиран од страна на Хектор Круз Сандовал.

Во 2001 год. во Париз за време на една лична изложба, Алберто Корда доживел срцев удар. Погребан е во Хавана.

Надворешни врски[уреди]