Петар Дрвингов
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Петар Дрвингов | |
![]() |
|
| офицер од Бугарија | |
| Роден/а | 25 мај 1875 Кукуш, |
|---|---|
| Починал/а | 7 март 1958 Софија, |
Петар Георгиев Дрвингов (бугарски: Петър Георгиев Дървингов) бил полковник во бугарската армија и историчар роден во Кукуш, Егејска Македонија. Го завршил своето образование во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и потоа во Военото училиште во Софија. Учесник е во Горноџумајското востание на ВМОК во 1902 година и во Илинденското востание на ВМОРО во 1903 година. За време на Балканските војни бил начелник на штабот на Македонско-одринскиот доброволен корпус. Во Првата светска воjна е началник на Штабот на Единаесетта пешадиска македонска дивизија од 1915, од мај 1916 година е командир на Први пешадиски македонски полк, а од мај 1917 година e началник на Штабот на Моравската воено-инспекционна област. По воjните како историчар пишува претежно истражувања на воената историjа и националната психологиjа како тие за Македонско-одринскиот доброволен корпус, нападот на Одрин во 1913 година, Единаесетта пешадиска македонска дивизија и моралниот лик на бугарскиот воjник.
Ордени [уреди]
- Орден „За храброст“
- Орден „Св. Александар“
- Орден „За заслуга“


