Елена (кралица на Романија)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Кралица Елена | |
|---|---|
| Кралица на Романија | |
| Сопруг | Карол II |
| Потомци | |
| Михаел I | |
| Татко | Константин I |
| Мајка | Принцеза Софија |
| Раѓање | 2 мај 1896 Атина, Грција |
| Смрт | 28 ноември 1982 (возраст: 86 г.) Лозана, Швајцарија |
Принцеза Елена (грчки: Πριγκίπισσα Ελένη της Ελλάδας και Δανίας, 2 мај 1896 во Атина– 28 ноември 1982 во Лозана) била принцеза на Грција и Данска и кралица на Романија, како втора сопруга на романскиот крал Карол II. Од бракот со романскиот крал, елена добила син, идниот Михаил I.
Таа била најголемата ќерка на грчкиот крал Константин I и германската принцеза Софија. Таа е сестра на трите грчки кралеви: Александар, Георги II и Павле.