Алесандро Скарлати

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алесандро Скарлати
италијански барокен композитор
италијански барокен композитор
Основни податоци
Роден(а) 2 мај, 1660
Сицилија, Италија
Потекло Италија
Умрел(а) 24 октомври, 1725
Неапол, Италија
Жанр(ови) барокна опера
Занимање/ња капелмајстор во Рим и Неапол

Алесандро Скарлати (2 мај 1660 - 24 октомври 1725) е италијански барокен композитор. Работел како капелмајстор во Рим и Неапол. Автор е на 115 опери од типот на италијанската „опера сериа“ (сериозна опера), составени од последователно нижење на лирски арии и речитативи. Попознати дела: „Розуара“, „Пир и Деметриј“, „Митрадат Евпатор“ и др. Ја утврдува триделната арија да капо, го установува типот на италијанската оперска увертира, којашто се состои од три дела: брз, бавен, брз. Автор е на околу 700 кантати, 200 меси, 20 оратории и други музички творби. Татко е на двајца други композитори, Доменико Скарлати и Пјетро Филипо Скарлати.