Катерина II (Русија)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Катерина II | |
| Император на Русија | |
| Роден | 2 мај 1729 Штетин, денеска Полска |
|---|---|
| Починал | 17 ноември 1796 Царское село, Русија |
Катерина II Велика (руски: Екатерина II Великая), родена Софија Фредерика Августа фон Анхалт-Цербст, (2 мај 1729 - 17 ноември 1796) била императорка на Русија во периодот од 1762 година до 1796. Таа всушност е и императорот кој најдолго се задржал на тронот на Руската империја, а периодот од нејзиното владеење многу често се нарекува “Златен век“. Таа водела успешни освојувачки војни. По војната со Османлиското Царство од 1766 до 1774 кон Русија го приклучила Кримскиот Полуостров.Ја проширила и на запад, на сметка на Полска.Како резултат на овие освојувања Русија станала најголема и најсилна европска држава во XVIII век, меѓутоа на општествен и стопански поглед заостанувала зад западноевропските држави.
[уреди] Животот пред доаѓањето на власт
Софија Аугуста Фредерика од Анхалт-Зербста, е родена во Штетин во Прусија (денес Полска), од Кристин Аугуст - татко и Јохане Елизабете - мајка. Родена е како германка, во сродство со идните кралеви Густав III од Шведска и Карло XIII од Шведска.
Во 1744 година, царицата Елизабета од Русија ја одбрала Софија за жена на својот внук Петар III од Русија, својот избран наследник. Софија го променила името во Катерина кога била преобразена во руската православна религија. Нивниот брак бил прогласен за пропаст поради нејзините неверства. Набрзо станала популарна кај политичките групи кои биле против нејзиниот маж.
Секогаш била во тек со новостите и случувањата, а контактирала со големите умови во тој период како Волтер и Дидро. Во 1762 година откако се преселила во новиот Зимски Дворец во Санкт Петербург, Петар дошол на власт како Петар III од Русија, но неговата ексцентрична политика ја отуѓила групата која Катерина ја добила. Григориј Орлов, љубовникот на Катарина, бил еден од водачите на заговорниците кои ја прокламирале Катерина како владетелка. Петар е убиен за помалку од шест месеци од доаѓањето на власт, 17 јули 1762 година. Постоел сомнеж дека Катерина била вмешана во убиството, но не се најдени докази.
[уреди] Владеење 1762-1796
Во периодот на владеењето на Катерина II Велика, Русија најмногу добила во поглед на територијалното проширување, вклучувајќи ги Полуостровот Крим, Кавказ, Белорусија, Литванија. Овој период е и познат како „Златен век“, поради нејзиното успешно владеење. Територијално, Русија, се здобила со проширување од 518 000 км2.
Никита Ивановиќ, нејзин министер за надворешни работи, имал значајно влијание врз почетокот на нејзиното владеење. Катерина од Русија направила доминантна сила на Блискиот Исток, особено со Руско-Турските војни. Во Првата руско-турска војна (1768-1774) се обидела да направи поделба на европскиот дел на та Империја по Полскиот модел, но постигнала мал успех. Го анектирала Крим во 1783 година, за помалку од девет години станал самостален како резултат на првата руско-турска војна. Втората руско-турска војна (1787-1792) се завршила со Мировен договор меѓу Русија и Османлиската Империја, а притоа Рурсија го добила Кримскиот Полуостров.
На европски план Катерина имала значајна улога како посредник во војната за Баварија (1778-1779) меѓу Прусија и Австрија. Од 1788 до 1790 година била во војна со Шведска против Густав III. Оваа војна ја започнал со цел да ги поврати балтичките територии кои биле освоени во 1720 година од Русија. Очекувајќи лесно да ја совладаат Русија, се соочиле со потешкотии, територијални и човечки загуби. Контраофанзива од Шведска била организирана во 1790, каде конечната битка се водела на Свенскуда на 9 и 10 јули. На 14 август, бил потпишан мир, со кој се повратиле сите претходно освоени територии.
Катерина ја презела и водечката улога во делбата на Полска, користејќи ја нејзината децентралицазиона и немоќна влада, да ја подели меѓу Прусија и Австрија. Оваа поделба и овозможила на Русија да ја одржи рамнотежата во Источна Европа во XVIII век.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Екатерина II Велика“ |