Шенгенски договор

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
null


Обединетото Кралство
Ирска
Бугарија
Кипар
Лихт.
Романија
Швајц.
Ватикан
  Шенгенска зона
  Ќе се приклучат подоцна
  Само полициска и судска соработка
  Изјавиле интерес

Шенгенскиот договор е договор помеѓу европските држави склучен во 1985. и проширен во 1990. кој овозможува напуштање на граничните контроли помеѓу земјите потписнички. Шенгенските одредби се однесуваат на најголемиот дел од европските земји, односно на околу 400 милиони жители и вкупна површина од 4.268.633 км², кои се нарекуваат Шенген-зона. Одредбите на договорот вклучуваат заедничка политика за влез (вклучувајќи и политика за издавање на единствена Шенген-виза), хармонизација на контролата на надворешните граници, координација преку агенцијата Фронтекс, прекугранична полициска и судска соработка.

Вкупно 29 земји, вклучувајќи 25 членки на ЕУ и уште четири други - Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија се потписнички на Шенгенскиот договор.

Договорот го добил името по гратчето Шенген во Луксембург.