Боденско Езеро

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Боденско Езеро.

Боденското Езеро (германски: Bodensee, француски: Lac de Constance, италијански: Lago di Costanza) се наоѓа во понискиот дел на долината што се создала под дејство на рајанските глечери за време на последниот леден период. Долго 64 км и широко 13,5 км, тоа е второ по големина слатководно езеро во Централна Европа и снабдува со вода за пиење околу 4,5 милион луѓе. Мочуриштата се во непосредна близина на езерото претставуваат живеалиште на голем број езерски и крајбрежни птици. Реката Рајна се влева во езерото на неговиот југоисточен крај, на швајцарско-австриската граница. На западниот дел на езерото, каде глечерите се простираат на ниските планински падини, езерото се дели на два ракави. Рајна истекува од јужниот ракав на германско-швајацрската граница.[1]

[уреди] Наводи

  1. Gordon McLachlan. The Rough Guide to Germany. Rough Guides Ltd. London, 2004. ISBN 1-84353-293-X.

[уреди] Литература

  • Rolf Zimmermann: A look at Lake Constance. Stadler Verlagsgesellschaft mbH. Konstanz 2004. ISBN 3-7977-0507-7. (Pictures and texts of the cities around Lake Constance).

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици