Конрад Аденауер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Конрад Аденауер

Конрад Херман Јозеф Аденауер (5 јануари 187619 април 1967) бил германски државник.

Иако неговата политичка кариера траеше 60 години тој е најзабележителен по неговата улога како првиот канцелар на Западна Германија од 1949-1963 и претседател на Христијанската Демократска Унија (CDU) од 1950 до 1966. Тој е најстариот Канцелар кој некогаш и служел на Германија, почнувајќи ја својата служба на 73 годишна возраст и напуштајќи ја на 83 години. Само Хелмут Кол ја извршуваше подолго функцијата Канцелар на Сојузна Република Германија (1982-1998) или 16 години, додека Ото фон Бизмарк ја извршуваше подолг период функцијата Канцелар но како Канцелар на обединета Германија (1871-1890 во Вториот Рајх или Германската империја под Прусија, која траеше од 1871 до 1918).

Биографија[уреди]

Ран живот[уреди]

Конрад Аденауер беше роден како трето дете од петте деца на Јохан Конрад Аденауер (1833-1906) и неговата жена Хелена (1849-1919) во Келн, Рајнска Прусија. Негови браќа и сестри беа август (1879-1952), Јоханес (1873-1937), Лили (1879-1950) и Елизабет, која умре набргу по раѓањето во 1880 год. Во 1894 год. матурираше и ги започна студиите по право и политика на универзитетите во Фрајбург, Минхен и Бон. Беше член на неколку римско-католички студентски здруженија како на пр. K.St.V Арминија Бон во Бон. Ги заврши студиите во 1901 год. После тоа работеше како адвокат во судот во Келн.


Почеток на политичката кариера[уреди]

Како побожен римокатолик, во 1906 год. и се приклучи на Централната партија и истата година беше избран во Советот на градот Келн. Во 1909 год. стана заменик градоначалник на Келн. Од 1917 до 1933 год. ја извршуваше функцијата на градоначалник на Келн. Тој имаше непријатна задача да го води Келн во периодот на британската окупација по Првата светска војна со 1926 год. Успеа да воспостави вистински односи со британските воени авторитети и заговараше со Рајнскиот сепаратизам (Рајна, држава како дел од Германија, но надвор од Прусија). За време на Вајмарската Република беше претседател на Прускиот Државен Совет ( Preußischer Staatsrat ) од 1922 до 1933 год., кој беше репрезентативен Совет на пруските градови и покраини.

Кога нацистите дојдоа на власт во 1933 год., Централната партија ги изгуби изборите во Келн и Аденауер побегнал во манастирот Марија Лаах (Maria Laach), бидејќи му се закануваше новата влада откако одби да се ракува со локалниот нацистички лидер. Неговиот престој во овој манастир, кој траеше една година беше наведен по војната од игуменот на манастирот, кога беше обвинет од Хајнрих Бел и други за соработка со нацистите.

Кратко беше затворен по Ноќта на Долгите Ножеви во средината на 1834 год. Во следните две години често го менуваше местото на живеење поради стравот од репресалии против него од страна на нацистите. Во 1937 год. беше успешен во добивањето некаква компензација за неговата некогаш запленета куќа и успеа да живее во изолација неколку години.

Според Алберт Шпир во неговата книга Шпандау: “Тајните дневници”, Хитлер му се восхитуваше на Аденауер. Но и Хитлер и Спир чувствуваа дека политичките погледи и принципи на Аденауер му оневозможија да има улога во нацистичкото движење или да биде од помош на нацистичката партија.

По неуспешниот обид за убиство на Хитлер во 1944 год., тој беше затворен по втор пат како противник на режимот. Гестапо не можеше да ја докаже неговата поврзаност во заверата и беше пуштен неколку недели подоцна. Набргу по завршувањето на војната Американците повторно го поставија за градоначалник на Келн, но британскиот раководител на воената управа во Германија, Џералд Темплер, го отпушти поради како што вели тој наводна неспособност.

По Втората Светска Војна и основањето на CDU[уреди]

Bundesarchiv B 145 Bild-F019968-0025, Düsseldorf, CDU-Bundesparteitag, Adenauer.jpg

По неговото отпуштање како градоначалник на Келн, Аденауер се посвети на создавање нова политичка партија, Христијанско Демократската Унија (германски:Christlich Demokratische Union Deutschlands - CDU), за која се надеваше дека ќе ги опфати и протестантите и римокатолиците во една партија. Во јануари 1946 год. Аденауер иницираше политичка средба на идната CDU во британската зона во улога на доајен ( најстариот присутен маж, Alterpräsident ) и неформално беше назначен за нејзин лидер.

Аденауер работеше неуморно за развивање на контактите и подршката за CDU во следните неколку години и со успех што варираше се обиде да ја наметне својата посебна идеологија на партијата. Неговата идеологија беше во предност од некои на CDU, кои сакаа да ги спојат социјализмот и христијанството. За Аденауер приоритетно беше нагласувањето на достоинството на индивидуата и ги зеде во обзир погледите кон материјалниот свет на комунизмот и на нацизмот кои го повредуваат човековото достоинство.

Улогата на водач на CDU во британската зона му донесе на Аденауер позиција во парламентарното Собрание во 1948 год., поканет од западните Сојузници да создадат устав за трите западни зони во Германија. Тој беше претседател на уставната конвенција и прескокнувајќи ја оваа позиција беше избран за претседател на владата кога новиот “Основен закон” беше донесен во мај 1949 год. Аденауер ја критикуваше католичката хиерархија за недоволно критикување на нацистите, за ова тој е цитиран во книгата “Мечот на Константин” од Џон Корнвел.[1]


Канцелар на Западна Германија[уреди]

На федералните избори во Западна Германија во 1949 год., Аденауер стана првиот Канцелар на Сојузна Република Германија (германски: Bundeskanzelar) по Втората светска војна на 73 годишна возраст.[2] На оваа позиција беше од 1949 и 1963 год., период кој покрива голем дел од почетната фаза на Студената војна. За време на овој период, повоената дивизија на Германија беше зајакната со создавањето на две одделни држави, Сојузна Република Германија (Западна Германија) и Демократска Република Германија (Источна Германија). Првите избори за Собранието (Bundestag) на Западна Германија беа одржани на 15 август 1949 год. по што се покажало дека Христијанско Демократската Партија е најјака. Теодор Хојс беше избран за прв претседател на Републиката, а Аденауер за прв Канцелар на 16 септември 1949 год. Тој ја создаде исто така новата “привремена” престолнина на Сојузна Република Германија во Бон, која беше само 15 километри оддалечена од неговиот роден град, наместо во Франкфурт на Мајна.


Кога беше задушен бунтот во секторот на Советскиот Сојуз во Германија во јуни 1953 год., Аденауер лесно беше повторно избран по вторпат за Канцелар со најголемо мнозинство за коалицијата на CDU/CSU можеше и без FDP како партнер во владата. Бруталното задушување на револуцијата во Унгарија во 1956 год. му овозможи да добие трет мандат како Канцелар во 1957 год. со уште поголемо мнозинство. Но изградувањето на Берлинскиот ѕид и затворањето на границите со Источна Германија придонесе неговата влада да изгледа слаба. Кога на изборите во 1961 год. CDU/CSU мораше повторно да коалицира со ФДП по губењето на мнозинството што го имаше, Аденауер мораше да вети дека ќе се откаже од функцијата Канцелар пред завршувањето на новиот мандат.

Достигнувањата на Аденауер го вклучуваат воспоставувањето на стабилна демократија во поразена Германија, трајно помирување со Франција, генерално политичко преориентирање кон Западот, обновувајќи го ограничениот но далекусежен суверенитет на Западна Германија цврсто интегрирајќи го со појавувањето на Евроатлантската заедница (НАТО и Организацијата за европска економска соработка). Аденауер е поврзан со создавањето на успешен пензиски систем, кој им обезбеди непаралелна благосостојба на пензионираните луѓе и кој со неговиот министер за економија и наследник Лудвиг Ерхарт со западногерманскиот модел на “социјална пазарна економија” (комбинирана економија со капитализам, ублажена со елементи на социјална благосостојба и католичко социјално учење), кој го овозможи успешниот период познат како Wirschaftswunder (“економско чудо”) и создаде потполна благосостојба. На овој начин, Аденауер осигура потполно слободно и демократско општество кое речиси беше непознато за Германците и покрај повеќе или помалку безнадежниот обид од 1919 до 1933 год. (Вајмарската Република) и кој денес не само што е нормален туку и е длабоко интегриран во модерното германско општество. На тој начин ги постави темелите за повторно Западот да има доверба во Германија. Токму поради поранешната политика на Аденауер, подоцна се овозможи обединување на двете германски држави. Обединета Германија остана дел од Европската Унија и НАТО.

Сепак, современите критичари го обвинуваат Аденауер за цементирање на Германската дивизија, жртвувајќи го обединувањето и враќањето на териториите изгубени од Полска и Советскиот Сојуз поради брзо интегрирање кон Западот. За време на Студената војна се зазеде за повторно вооружување на Западна Германија и задолжителна воена обврска како одговор на сличен процес во Источна Германија. Сталиновата порака во 1952 год. понуди обединување на двете германски држави во една, неутрална, разоружана Германија што ќе влијае за повлекување на суперсилата од Централна Европа. Според едно мислење Аденауер се сомневаше како и западните Сојузници во искреноста на таа понуда и ги поддржа Сојузниците во нивните внимателни одговори, според другото мислење пак тој направил така бидејќи понудената неутралност и забраната за разоружување му ги растури плановите да ги припои териториите што подоцна се отцепија од Полска. Критичарите на Аденауер, особено на национален план го оптужија дека ја пропуштил можноста за обединување на Германија. Истомислениците на Аденауер тврдеа и стојат зад тоа дека фактите од Студената војна, обединувањето и враќањето на изгубените територии не беа реални цели. И двете пораки на Сталин го опишуваа задржувањето на постоечките “Потсдамски” граници на Германија.

Други ја критикуваа неговата доба како културно и политичко конзервативна, која бараше целиот социјален и политички состав на Западна Германија да се базира на индивидуалните погледи на една личност, која има одредена доза на недоверба во сопствениот народ. Неговата реизборна кампања ја концентрираше на слоганот “Без експерименти”.[2]

Западногерманското студентско движење во 1960 год. всушност беше протест против конзерватизмот што го застапуваше Аденауер. Друг предмет на критика беше Аденауеровиот чин на помирување со Франција кој беше во потполн контраст со извесната индиферентност кон комунистичка Полска. Како и сите други поголеми западногермански политички партии на времето, ЦДУ одби да го признае приспојувањето на поранешните германски територии што и ги даде Советскиот Сојуз на Полска и отворено зборуваше за враќање на овие територии по зајакнувањето на позицијата што ја има Западна Германија во Европа.

Гледајќи наназад, во голем дел позитивните проценки за време на неговиот мандат, не само германската јавност која во 2003 год. на телевизиска анкета го избра за “Најголемиот Германец на сите времиња”, дури и некои денешни левоориентирани интелектуалци, кои го величеа неговото безусловно дело како западен стил на демократија и европска интеграција.


Дополнителни акции како Канцелар[уреди]

Аденауер со мајката на германски воен затвореник донесен дома во 1955 од Советскиот Сојуз, поради Аденауеровата посета на Москва.
  • Во септември 1955 год. одржува историски говор во Будестагот во кој тој ја признава должноста на германската влада да му надомести на Израел како главен претставник на Евреите за Холокаустот. Ова започна процес кој доведе до тоа Бундестагот да одобри договор помеѓу Израел и Германија во 1953 год. давајќи ги во кратки црти оштетите кои Германија би ги платила на Израел.
  • Помогна во безбедно ослободување на последните германски затвореници од војната во 1955 год., декада по завршувањето на војната.
  • Отвори дипломатски односи со СССР и останатите народи на Источниот блок, но одби да ја признае Источна Германија.
  • Постигна договор со САД во 1957 год. што и овозможи на Западна Германија да добие оружје способно за пренесување на нуклеарни глави. Освен тоа, Аденауер ја продолжи нуклеарната соработка со други земји со цел Германија да стане способна да произведува свое сопствено нуклеарно оружје, кое сепак никогаш нема да биде дозволено од поранешните сојузници на кој било германски наследник на државата сè до денес ( 2009 ).
  • Ја надгледуваше интеграцијата на Саарланд во Западна Германија во 1957 год.
  • Накратко се размислуваше да се кандидира за претседател во 1959 год. Сепак наместо тоа избра кандидат (Хајнрих Либке) за кој веруваше дека нема да му пречи во неговите работи како Канцелар на Западна Германија.

За целиот негов труд како лидер на Западна Германија, Аденауер беше именуван како Човек на годината во 1953 год. од магазинот Тајм. Во 1954 год. ја доби Karlspreis (англиски: Charlemagne Award), награда што ја доделува германскиот град Ахен на луѓето кои придонеле за развој на европската идеја, европската соработка и европскиот мир.

Во последните години од неговиот мандат, Аденауер имаше навика по ручекот да дремне и кога патуваше надвор од земјата и одеше на јавни церемонии, тој понекогаш бараше да има кревет во соба која е близу до таму каде што би требало да одржува говор, за да може накратко да се одмори пред да се појави.[3]

Аденауер се релаксираше и наоѓаше големо задоволство во ителијанската игра bocce и голем дел од неговата постполитичка кариера ја помина играјќи ја оваа игра. Негово омилено место каде што ја играше оваа игра беше во Каденабија, Италија, во изнајмена вила што има поглед на езерото Комо, која потоа стекна статус на конференциски центар од фондацијата Конрад Аденауер ( Konrad Adenauer Stiftung ), германска политичка фондација основана од државата.

Кога во 1967 год., по неговата смрт на 91 годишна возраст, Германците беа прашани на што најмногу му се восхитуваа на Аденауер, мнозинството одговори на тоа што тој ги врати дома последните германски затвореници од војната од СССР, враќањето познато како “Враќање на 10 000”.


Обид за атентат[уреди]

На 27 март 1952 год. експлодира пакет адресиран до Канцеларот Аденауер во Командата на минхенската полиција, убивајќи еден баварски полицаец. Две момчиња кои беа платени да го испратат овој пакет преку пошта и го привлекоа вниманието на полицијата. Истрагите доведоа до луѓе тесно поврзани со партијата на Херут и поранешната вооружена организација Иргун. Западногерманската влада сите докази ги држеше под печат со цел да се заштити од антисемитски реакции од народот. На петмината осомничени Израелци идентификувани од француски и германски истражувачи им беше дозволено да се вратат во Израел.

Еден од учесниците, Елезиер Судит, подоцна откри дека наводниот мозок кој стои позади овој обид за убиство беше Менахем Бегин кој подоцна ќе стане премиер на Израел.[4] Бегин беше поранешен командир на Иргун и во тоа време го водеше Херут и беше член на Кнесет. Неговата цел беше да ги ослабне обидите на германската влада да воспостави пријателски односи со Израел.[5]

Дејвид Бен-Гарион, премиерот на Израел, го ценеше обидот на Аденауер за ублажување на аферата и тоа што не продолжил со истрагата, за да не го влоши односот помеѓу двете нови држави.

Во јуни 2006 год. малку поинаква верзија на оваа приказна се појави во еден водечки германски весник, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (Frankfurter Allgemeine Zeitung), цитиран од Д Гардијан (The Guardian) Бегин го понудил својот златен часовник на продажба кога заговорниците останаа без пари. Бомбата беше скриена во енциклопедија и уби експерт за детонација на бомби, притоа повреди други двајца. Аденауер бил мета бидејќи и испраќал одштети за Холокаустот на официјалната израелска влада, додека Бегин сметал дека треба да бидат наменети за Евреите жртви ( само оние кои се наоѓаат во Израел ). Судит, изворот на приказната објасни дека:” Целта не била да се убие Аденауер, туку да се разбудат меѓународните медиуми. На сите ни беше јасно дека нема шанси пакетот да стигне до Аденауер. ” Петмината заговорници беа уапсени од француската полиција во Париз. Тие “беа поранешни членови на ... Иргун” (организацијата беше расформирана во 1948 год., 4 години порано).[6]


Политички скандал[уреди]

Во 1962 год. изби скандал кога полицијата по наредба на кабинетот уапси пет новинари на весникот Дер Шпигел (Der Spiegel) оптужувајќи ги за велепредавство, особено за издавање меморандум опишувајќи ја наводната слабост на западногерманските вооружени сили. Членовите на кабинетот, кои и припаѓаа на Слободната Демократска Партија (FDP), дадоа оставки во ноември 1962 год., министерот за одбрана Франц Јозеф Штраус, лидер на Христијанската Социјална Унија самиот се разреши од функцијата, следен од останатите членови на владата на Христијанската Демократска Унија. Иако Аденауер успеа да остане на функција речиси уште една година, овој скандал го зголеми притисокот врз него да го исполни ветувањето да даде оставка пред крајот на мандатот и го наследи Лудвиг Ерхарт во октомври 1963 год. Тој остана лидер на CDU се до неговата оставка од позицијата во декември 1966 год.


Смрт[уреди]

Аденауер умре на 19 април 1967 год., во неговата родна куќа во Рендорф. Според неговата керќа, неговите последни зборови биле “Da jitt et nix zo kriesche!” (келнски дијалект “Нема за што да плачам!”)

На неговиот државен погреб во Келнската катедрала присуствувале голем број на светски лидери, меѓу нив претседателот на САД Линдон Џонсон, неговата единствена посета на европска држава. По богослужбата, неговото тело беше вратено во Рендорф на Рајна со бродот Кондор, Јагуар класа брод за брз напад на германската воена морнарица. Закопан е на Валдфридхоф гробиштата.


Наследство[уреди]

Аденауер остави позади себе такво богатство, така што тој беше главен мотив за една од најсовремените и најпознати златни монети: трите белгиски комеморативни монети ''Пионери на Европското Обединувањето'', искована во 2002 год. Предната страна претставува портрет со имињата на Роберт Шуман, Пол-Хенри Шпак и Конрад Аденауер.


Влади на Аденауер[уреди]

Прва Влада[уреди]

  • Конрад Аденауер (CDU) - Канцелар
  • Франц Блихер (ФДП) – Вице Канцелар и министер за работи на Маршаловиот план
  • Густав Хајнеман (CDU) – Министер за надворешни работи
  • Фриц Шефер (CDU) – Министер за финансии
  • Томас Делер (FDP) – Министер за правда
  • Лудвиг Ерхарт (CDU) – Министер за економија
  • Антон Шторх (CDU) – Министер за труд и социјални работи
  • Вилхелм Никлас (CSU) – Министер за храна, земјоделство и шумарство
  • Ханс-Христоф Зебом (DP) – Министер за транспорт
  • Еберхарт Вилдермут (FDP) – Министер за градежништво
  • Ханс Шуберт (CSU) – Министер за пошта и комуникации
  • Ханс Лукашек (CDU) – Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви
  • Јакоб Кајзер (CDU) – Министер за германски прашања
  • Хајнрих Хелвеге (DP) – Министер за работи во Бундесрат

Измени

  • 13 октомври 1950 – Роберт Лер (CDU) го наследи Хајнеман како Министер за внатрешни работи.
  • 15 март 1951 – Конрад Аденауер станува Министер за надворешни работи исто така и Канцелар кога Сојузниците дозволија оваа функција да оживее.
  • 19 јули 1952 – Фриц Нојмаер (FDP) го наследи Вилдермут (9 март) како Министер за градежништво.

Втора Влада[уреди]

  • Конрад Аденауер (CDU) – Канцелар и Министер за надворешни работи
  • Франц Блихер (FDP) – Вице Канцелар и Министер за економска соработка
  • Герхарт Шредер (CDU) – Министер за внатрешни работи
  • Фриц Шефер (CSU) – Министер за финансии
  • Фриц Нојмар (FDP) – Министер за правда
  • Лудвиг Ерхарт (CDU) – Министер за економија
  • Антон Шторх (CDU) – Министер за труд и социјални работи
  • Хајнрих Либке (CDU) – Министер за храна, земјоделство и шумарство
  • Ханс-Христоф Зебом (DP) – Министер за транспорт
  • Виктор-Емануел Пројскер (FDP) – Министер за градежништво
  • Франц-Јозеф Вурмелинг (CDU) – Министер за семејни работи
  • Франц Јозеф Штраус (CSU) – Министер за специјални задачи
  • Роберт Тилманс (CDU) – Министер за специјални задачи
  • Валдемар Крафт (GB/BHE) – Министер за специјални задачи
  • Херман Шефер (FDP) – Министер за специјални задачи
  • Зигфрид Балке (CSU) – Министер за пошта и комуникации
  • Теодор Оберлендер (GB/BHE) – Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви
  • Јакоб Кајзер (CDU) – Министер за германски прашања
  • Хајнрих Хелвеге (DP) – Министер за работи во Бундесратот

Измени

  • 7 јуни 1955 – Теодор Бланк (CDU) станува Министер за одбрана кога таа функција е оживеана.
  • 8 јуни 1955 – Хајрих фон Бретано (CDU) го наследува Аденауер како Министер за надворешни работи. Ханс-Јоахим фон Меркац (DP) го наследува Хелвеге како Министер за работи во Бундесратот.
  • 19 октомври 1955 – Франц Јозеф Штраус (CSU) станува Министер за атомски работи.
  • 12 ноември 1955 – Тилманс ја напушта владата.
  • 16 октомври 1956 – Франц Јозеф Штраус (CSU) го наследува Бланк како Министер за одбрана. Ханс-Јоахим фон Меркац го наследува Нојмар како Министер за правда. Крафт и Шефер ја напуштаат владата. Зигфрид Балке (CSU) го наследува Штраус како Министер за атомски работи.
  • 15 ноември 1956 – Ернст Лемер (CDU) го наследува Балке како Министер за пошта и комуникации

Трета Влада[уреди]

  • Конрад Аденауер (CDU) – Канцелар
  • Лудвиг Ерхарт (CDU) – Вице Канцелар и Министер за економија
  • Хајнрих фон Бретано (CDU) – Министер за надворешни работи
  • Франц Јозеф Штраус (CSU) – Министер за одбрана
  • Герхарт Шредер (CDU) – Министер за внатрешни работи
  • Франц Етцел (CDU) – Министер за финансии
  • Фриц Шефер (CSU) – Министер за правда
  • Теодор Бланк (CDU) – Министер за труд и социјални работи
  • Хајнрих Либке (CDU) – Министер за храна, земјоделство и шумарство
  • Ханс-Христоф Зебом (DP) – Министер за транспорт
  • Пол Лике (CDU) – Министер за градежништво
  • Франц-Јозеф Вурмелинг (CDU) – Министер за семејни и младински прашања
  • Рихард Штиклен (CSU) – Министер за пошта и комуникации
  • Теодор Оберлендер (CDU) – Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви
  • Ернст Лемер (CDU) – Министер за германски прашања
  • Ханс-Јоахим фон Меркац (DP) – Министер за Бундесратот и државни работи
  • Зигфрид Балке (CSU) – Министер за нуклеарна енергија и вода
  • Херман Линдрат (CDU) – Министер за федерална економска сопственост

Измени

  • 13 септември 1959 – Вернер Шварц (CDU) го наследува Либке како Министер за храна, земјоделство и шумарство.
  • 5 април 1960 – Оберлендер дава оставка како Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви.
  • 4 мај 1960 – Ханс Вилхелми (CDU) го наследува Линдрат (27 фебруари) како Министер за федерална економска сопственост.
  • 27 октомври 1960 – Ханс-Јоахим фон Меркац (CDU) станува Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви.

Четврта Влада[уреди]

  • Конрад Аденауер (CDU) – Канцелар
  • Лудвиг Ерхарт (CDU) – Вице Канцелар и Министер за економија
  • Герхарт Шредер (CDU) – Министер за надворешни работи
  • Франц Јозеф Штраус (CSU) – Министер за одбрана
  • Херман Хехерл (CSU) – Министер за внатрешни работи
  • Хајнц Штарке (FDP) – Министер за финансии
  • Волфганг Штамбергер (FDP) – Министер за правда
  • Теодор Бланк (CDU) – Министер за труд и социјални работи
  • Вернер Шварц (CDU) – Министер за храна, земјоделство и шумарство
  • Ханс-Христоф Зебом (CDU) – Министер за транспорт
  • Пол Лике (CDU) – Министер за градежништво
  • Франц-Јозеф Вурмелинг (CDU) – Министер за семејни и младински прашања
  • Елизабет Шварцхаупт (CDU) – Министер за здравство
  • Валтер Шел (FDP) – Министер за економска соработка
  • Хајрих Кроне (CDU) – Министер за специјални задачи
  • Рихард Штиклен (CSU) – Министер за пошта и комуникации
  • Волфганг Мишник (FDP) – Министер за раселени лица, бегалци и воени жртви
  • Ернст Лемер (CDU) – Министер за германски прашања
  • Ханс-Јоахим фон Меркац (CDU) – Министер за Бундесратот и државни работи
  • Зигфрид Балке (CSU) – Министер за нуклеарна енергија и вода
  • Ханс Ленц (FDP) – Министер за национално богатство

Измени

  • 19 ноември 1962 - Евалд Бухер (FDP) го наследува Штамбергер како Министер за правда. Бернер Долингер (CSU) го наследува Ленц како Министер за национално богатство.
  • 14 декември 1962 – Ролф Далгрин (FDP) го наследува Штарке како Министер за финансии. Бруно Хек (CDU) го наследува Вурмелинг како Министер за семејни и младински прашања. Ханс Ленц (FDP) и пристапува на владата како Министер за научно истражување. Рајнер Барцел (CDU) го наследува Лемер како Министер за германски прашања. Алојз Нидералт (CSU) го наследува Меркац како Министер за Бундесратот и државни работи. Министерството за нуклеарна енергија и вода се укинува, и Балке си заминува од владата.
  • 9 јануари 1963 – Кај-Уве фон Хасел (CDU) го наследува Штраус како Министер за одбрана


Наводи[уреди]

Енцикопедија Britannica (Macropedia) © 1989, статии за конрад Аденауер, Хелмут Кол и Ото фон Бизмарк.

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  1. CORNWELL,John. Constantine's Sword, p. 515
  2. 2,0 2,1 Frum, David (2000). „How We Got Here: The '70s“. New York, New York: Basic Books. стр. 8. ISBN 0465041957. 
  3. John Gunther: Inside Europe Today, Harper and Brothers, New York, 1961; Library of Congress catalog card number: 61-9706
  4. Интервју со H. Sietz, иследник (Германски)
  5. Позадинска историја на обидот за атентат (германски)
  6. Менахем Бегин 'планираше да убие германски канцелар' | Special reports | Guardian Unlimited


Политички функции - претходници и наследници[уреди]

Политички функции
Претходник
Гроф Лутц Шверин фон Кросигк
(како Водечки Министер)
Канцелар на Германија
1949–1963
Наследник
Лудвиг Ерхард
Претходник
Гроф Лутц Шверин фон Кросигк
Сојузен министер за надворешни работи
1951–1955
Наследник
Хајнрих фон Брентано ди Тремецо