Список на премиери на Обединетото Кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дејвид Камерон, премиер на Обединетото Кралство од 11 мај 2010

Премиерот (англиски: Prime Minister) е политичкиот водач на Обединетото Кралство и шеф на британската влада. Има задача да ги одбере сите други членови на владата, да претседава на состаноците на кабинетот и да решава дали да се свикаат нови парламентарни избори for the Домот на општините (долниот дом).[1][2] Премиерот исто така има право да назначува лица на високи функции во Англиканската црква, да назначува судии и да предлага прогласување на нови доживотни перства.[3]

Не се знае точниот датум на прогласувањето на првиот премиер на земјата, бидејќи оваа функција не е создадена, туку еволуирала низ извесен временски период.[4] Денешните исТориевцичари за прв премиер го сметаат Роберт Волпол, кој ја предводел земјата 21 година (1721-1742).[5][6] Волпол се задржал на функцијата најголго од сите досегашни премиери.[7]

Моментален премиер на државата е Дејвид Камерон кој стапил на функцијата на 11 мај 2010 со победата на Конзервативците на парламентарните избори во 2010 г.[8]


Боја Партија Боја Партија
Виговци Либерали
Националлабуристи Пилити
Лабуристи Ториевци / Конзервативци
 


Премиери од XVIII век[уреди]

Премиерите од XVIII век биле Премиер на Англија, Велс и Шкотска (Кралство Велика Британија, формирано со законот „Закон за Унијата 1707“.

Име Портрет Стапил на должност Отстапил должност Политичка партија Белешки и важни настани
Роберт Волпол
(од 1742 како Ерл од Орфорд)
Robertwalpole.jpg 4 април 1721 11 февруари 1742 Виговци Прв премиер во современа смисла; Јужноморска Компанија; ја критикувал слабо извршената задача на Британија во Војната на Џенкинсовото уво.
Ерлот од Вилмингтон Earl of wilmington.png 16 февруари 1742 2 јули 1743 Виговци Го зголемил данокот на алкохолни пијалоци; со лошо здравје додека бил на должност, и така владата де факто ја водел Џон Картерет.
Хенри Пелхем Henry Pelham.jpg 27 август 1743 6 март 1754 Виговци Реорганизација на Кралската морнарица; прифаќање на Грегоријанскиот календар; Брачен Акт 1753; помогнал да се заврши Војната за австриското наследство.
Војводата од Њукасл
(прв мандат)
ThomasPelham-Holles.jpg 16 март 1754 16 ноември 1756 Виговци Ја предводел Велика Британија во Седумгодишната војна со Франција и Северна Америка.
Војводата од Девоншир William Cavendish, 4th Duke of Devonshire.JPG 16 ноември 1756 25 јуни 1757 Виговци Владата воглавно ја водел Вилијам Пит Постариот.
Војводата од Њукасл
(втор мандат)
ThomasPelham-Holles.jpg 2 јули 1757 26 мај 1762 Виговец Велика Британија се стекнала со повеќе влијание во странство во Седумгодишната војна; војната главно била под истрага на Пит Постариот како Државен Секретар.
Ерлот од Бјут JohnStuartBute.jpg 26 мај 1762 16 април 1763 Ториевци Крај на превласта на Виговците и Седумгодишната војна.
Џорџ Гренвил George Grenville.png 16 април 1763 13 јули 1765 Виговци Го намалил данокот во земјата за сметка на колониите; го вовел Актот за таскени марки 1765 (кој на крај довел до Американската револуција).
Маркизот од Рокингем
(прв мандат)
60px 13 јули 1765 30 јули 1766 Виговци Го отфрлил контроверзниот Акт за таскени марки, под притисокот на протестите во колонииите.
Ерлот од Четем, „Вилијам Пит Постариот“ Elderpitt.jpg 30 јули 1766 14 октомври 1768 Виговци Првиот вистински Империјалист; ја зачнал Британската империја; индиректно одговорен за Француската револуција (заради победата над Франција во Канада).
Војводата од Графтон 14 октомври 1768 28 јануари 1770 Виговци Се обидел да се помири со американските колонии.
Лорд Норт Nathaniel Dance Lord North.jpg 28 јануари 1770 22 март 1782 Ториевци Ја предводел Британија во Американската револуција, правејќи ред тактички грешки; Гордонова буна; дал оставка по изгласување недоверба.
Маркизот од Рокингем
(втор мандат)
60px 27 март 1782 1 јули 1782 Виговци Ја признал независноста на САД; почнал процедура за политичка реформа (меѓутоа починал).
Ерлот од Шелбурн Shelburne.jpg 4 јули 1782 2 април 1783 Виговци Планирал политичка реформа; обезбедил мир со САД, Франција и Шпанија.
Војводата од Портленд
(прв мандат)
W h cavendish-bentinck.jpg 2 април 1783 19 декември 1783 Виговци Титуларен водач на Фокс-Нортовата коалиција. Се обидел да ја реформира Британската Источноиндиска Компанија, но бил спречен од Џорџ III.
Вилијам Пит Помладиот
(прв мандат)
Pitt the Younger.jpg 19 декември 1783 14 март 1801 Ториевци Индиски Акт 1784; се обидел да се ослободи од гнилите општини; лично спротиставен на трговијата со робови; го намалил државниот долг создаден заради востанијата во северноамериканските колонии; formed the Тројниот сојуз; Уставен Акт 1791; војна со Франција започнувајќи со 1793; го вовел првиот данок на приход; Закон за Унијата 1800.

Премиери од XIX век[уреди]

Премиерите за време на XIX век биле Премиер на Англија, Велс, Шкотска и Ирска, по Законот за Унијата 1800 (со кој Кралството Ирска се присоединило кон Кралството Велика Британија, така создавајќи ја државата Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска, почнувајќи од 1 јануари, 1801).

Име Портрет Стапил на должност Отстапил должност Политичка партија Белешки и важни настани
Хенри Адингтон Henry Addington.jpg 17 март 1801 10 мај 1804 Ториевци Го рпеговарал Амијенскиот мировен договор со Франција во 1802.
Вилијам Пит Помладиот
(втор мандат)
Pitt the Younger.jpg 10 мај 1804 23 јануари 1806 Ториевци Сојуз со Русија, Австрија и Шведска против Франција (Третата коалиција); Битка кај Трафалгар; Битка кај Улм; Битка кај Австерлиц.
Лордот Гренвил Epmis05Wyndham.jpg 11 февруари 1806 31 март 1807 Виговци Укинување на трговијата со робови.
Војводата од Портленд
(втор мандат)
W h cavendish-bentinck.jpg 31 март 1807 4 октомври 1809 Ториевци Шеф на Ториевци влада; бил стар и болен, го напуштил Кабинетот да се снаоѓа (главно под водство на Спенсер Персевал).
Спенсер Персевал Spencerperceval.jpg 4 октомври 1809 11 мај 1812 Ториевци Индустриска револуција; Џорџ III во лудило; неговата администрација немала старешински политичари (бил и Канцелар на Ризницата т.е. Министер за финансии); Полуостровска војна, дел од Наполеонските војни; по податок од 2007, единствениот премиер врз кого е извршен атентат.
Ерлот од Ливерпул Earl jenkinson.jpg 8 јуни 1812 9 април 1827 Ториевци Ја осугурал победата на Велика Британија во Наполеонските војни; Виенски конгрес; рецесија во 1817; Војна од 1812 (Британско-американска војна од 1812 до 1815); Питерлу масакр во 1819; Завера од Като Стрит за атентат врз Ливерпул; враќање на златниот стандард во 1819.
Џорџ Кенинг Canning.jpg 10 април 1827 8 август 1827 Ториевци Умрел набргу по стапување на функција.
Виконтот Годрич FrederickJohnRobinson.jpg 31 август 1827 21 јануари 1828 Ториевци Немал поддршка од колегите; дал оставка.
Војводата од Велингтон
(прв мандат)
Arthur Wellesley, 1st Duke of Wellington by Robert Home cropped.jpg 22 јануари 1828 16 ноември 1830 Ториевци Нацрт Закон за Католичка еманципација (за кој бил на двобој).
Ерлот Греј Charlesgrey2.jpg 22 ноември 1830 9 јули 1834 Виговци Реформен Акт 1832; ограничување на вработувањето на деца; укинување на ропството ширум сета Британска империја. Познат по создавањето на чајот „Ерл Греј“.
Виконтот Мелбурн
(прв мандат)
2nd V Melbourne.jpg 16 јули 1834 14 ноември 1834 Виговци Вилијам IV се противел и бил присилен да даде оставка.
Војводата од Велингтон
(втор мандат)
Arthur Wellesley, 1st Duke of Wellington by Robert Home cropped.jpg 14 ноември 1834 10 декември 1834 Ториевци Чувар на владата додека Роберт Пил не бил најден и вратен во Лондон.
Роберт Пил
(прв мандат)
Robert Peel.jpg 10 декември 1834 8 април 1835 Конзервативци Неможел да состави мнозинство во парламентот, па затоа дал оставка.
Виконтот Мелбурн
(втор мандат)
2nd V Melbourne.jpg 18 април 1835 30 август 1841 Виговци Перјеста фигура на кралицата ВикТориевција; Општински Реформен Акт 1835.
Роберт Пил
(втор мандат)
Robert Peel.jpg 30 август 1841 29 јуни 1846 Конзервативци Рударски Акт 1842; Фабрички Акт 1844; отповикување на Пченкарните закони (поттикнат од Големиот ирски глад);
Лордот Џон Расел
(прв мандат)
(отоа премиер како Ерл Расел)
Lord john russell.jpg 30 јуни 1846 21 февруари 1852 Виговци Образовен Акт 1847; Акт за Австралиските колонии 1850; го подобрил Законот за бедните; последниот премиер кој имал дете во следните 150 години, сѐ до Тони Блер во 2000 год.
Ерлот од Дерби
(прв мандат)
14th Earl of Derby.jpg 23 февруари 1852 17 декември 1852 Конзервативци Владата паднала кога бил поразен буџетот на неговиот канцелар.
Ерлот од Абердин George Hamilton Gordon, 4th Earl of Aberdeen by John Partridge.jpg 19 декември 1852 30 јануари 1855 Пилити Ја впушта земјата во Кримската војна; дал оставка заради формирање на истрага за водењето на војната.
Виконтот Палмерстон
(прв мандат)
Palmerston.jpg 6 февруари 1855 19 февруари 1858 Виговци Реагирал на Индискиот бунт 1857; донел Нацрт закон за Индија 1858.
Ерлот од Дерби
(втор мандат)
14th Earl of Derby.jpg 20 февруари 1858 11 јуни 1859 Конзервативци Нацрт закон за Индија 1858, пренос на сопственост Инсточноиндиската Компанија во рацете на Круната; Акт за Олеснување на Евреите, давајќи им на евреите право да станат премиери.
Виконтот Палмерстон
(втор мандат)
Palmerston.jpg 12 јуни 1859 18 октомври 1865 Либерали Помеѓу двата мандата ја основал Либералната Партија; умрел на должност.
Ерлот Расел
(втор мандат)
(претходно премиер како Лорд Џон Расел)
Lord john russell.jpg 29 октомври 1865 26 јуни 1866 Либерали се обидел да донесе и уште еден Реформен Нацрт закон, но Кабинетот му се спротивставил.
Ерлот од Дерби
(трет мандат)
14th Earl of Derby.jpg 28 јуни 1866 25 февруари 1868 Конзервативци Реформен Акт 1867; татко на современата Конзервативна Партија.
Бнеџамин Дизраели
(прв мандат)
27 февруари 1868 1 декември 1868 Конзервативци Првиот и (по податок од 2006), единствениот, британски премиер од еврејско потекло; го растурил парламентот бидејќи конзервативците немале мнозинство.
Вилијам Еварт Гладстон
(прв мандат)
Gladstone.jpg 3 декември 1868 17 февруари 1874 Либерали Ја реформирал Британската Армија, чиновништвото и локалните власти; со закон го забранил камшикувањето во мирно време; Акт за Тајно Гласање 1872; не успеал да ја спречи Франко-пруската војна.
Бнеџамин Дизраели
(втор мандат)
(од 1876 како Ерл од Биконсфилд)
20 февруари 1874 21 април 1880 Конзервативци Разни реформи меѓу кои Акт за Искачувањето на Момците 1875, Акт за Јавно Здравство 1875 и Акт за Работодавачите и Работиците 1878; Берлински конгрес; распад на Лигата на трите цара.
Вилијам Еварт Гладстон
(втор мандат)
Gladstone.jpg 23 април 1880 9 јуни 1885 Либерали Прва Бурска војна; Акт за Принуда на Ирците; Акт за Редистрибуција на Пратенички Места 1885; Реформен Акт 1884; не успеал да го спаси генералот Гордон во Хартум, Судан.
Маркизот од Солсбери
(прв мандат)
3rd Marquess of Salisbury.jpg 23 јуни 1885 28 јануари 1886 Конзервативци Законодавање за станбени услови на работничката класа.
Вилијам Еварт Гладстон
(трет мандат)
Gladstone.jpg 1 февруари 1886 20 јули 1886 Либерали Прво донесување на Нацрт законот за Деволуција за Ирска, кој ја поделил Либералната Партија, резултирајќи со крај на Гладстоновата влада.
Маркизот од Солсбери
(втор мандат)
3rd Marquess of Salisbury.jpg 25 јули 1886 11 август 1892 Конзервативци Се противелна ирската деволуција; Акт за Локална Управа 1888; Подлеба на Африка; Акт за Бесплатно Образование 1891; создавање на Родезија (денес Зимбабве).
Вилијам Еварт Гладстон
(четврт мандат)
Gladstone.jpg 15 август 1892 2 март 1894 Либерали Враќање на Нацрт законот за Деволуција, донесен од народниот Дом но отфрлен од Домот на лордовите, што довело до негова оставка.
Ерлот од Роузбери Archibaldprimrose1847.jpg 5 март 1894 22 јуни 1895 Либерали Империјалист; планови за проширување на Кралската Морнарица кои предизвикале несогласувања во рамките на Либералната Партија; дал оставка откако се изгласала цензура на воени набавки.
Маркизот од Солсбери
(трет мандат)
3rd Marquess of Salisbury.jpg 25 јуни 1895 11 јули 1902 Конзервативци Акт за Надомест на Работниците 1897; Втора Бурска војна; Англо-јапонски сојуз.

Премиери од XX век[уреди]

Немало промени на јурисдикцијата на Парламентот (и затоа премиерот бил Премиер на териТориевциите каде бил) сѐ до 1922, кога по Англо-ирската војна, 26 грофовии во Ирска се отцепиле од Обединетото Кралство и ја формирале Ирската Слободна Држава. Останатите 6 грофовии на североистокот од Ирска останале, формирајќи ја Северна Ирска. Официјаното име на Обединетото Кралство сега било Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Име Портрет Стапил ма должност Отстапил должност Политичка партија Белешки и значајни настани
Артур Балфур Arthur Balfour, photo portrait facing left.jpg 11 јули 1902 5 декември 1905 Конзервативци Не бил во добри односи со Едвард VII; неговиот кабинет се поделил заради проблематиката на слободната трговија; основање на Комитет за империјална одбрана; Взаемно разбирање.
Хенри Кемпбел-Банерман Campbell-bannerman.jpg 5 декември 1905 3 април 1908 Либерали Им ја вратил автономијата на Трансвал и Орањската Слободна Држава; Англо-руска антанта;
Х. Х. Асквит Herbert Henry Asquith.jpg 5 април 1908 5 декември 1916 Либерали Либерални социјални реформи; Парламентарен Акт 1911; Национално осигурување и пензии; Деволутивен Акт 1914; Прва Светска војна.
Дејвид Лојд Џорџ David Lloyd George.jpg 6 декември 1916 19 октомври 1922 Либерали Крај на Првата Светска војна; Париска мировна конференција; се обидел да ја вклучи и Ирска во регрутациите за време не Првата Светска војна; дал право на глас на жени над 31 год. возраст; формирање на Ирска Слободна Држава; единствениот премиер, по податок од 2006 год., чиј мајчин јазик не бил англиски (бил велшки).
Ендрју Бонар Ло Bonar law.jpg 23 октомври 1922 20 мај 1923 Конзервативци Дал оставка заради лошо здравје; умрел шест месеци потоа.
Стенли Болдвин
(прв мандат)
Stanley baldwin.jpg 23 мај 1923 16 јануари 1924 Конзервативци Свикал државни избори за да да се здобие со овластување за протекционистички давачки, но не добил мнозинство; дал оставка по изгласување недоверба.
Ремзи МекДоналд
(1st term)
22 јануари 1924 4 ноември 1924 Лабуристи Прв лабуристички премиер; немал мнозинство и затоа неможел да донесува радикални закони; ги подмирил репарациите со Германија по Првата Светска војна.
Стенли Болдвин
(2nd term)
Stanley baldwin.jpg 4 ноември 1924 5 јуни 1929 Конзервативци Локарнски договори; потписник на Келог-Бриандовиот пакт; Пензиски Акт; дал право на глас на жени со возраст над 21 год.; Генерален штрајк во Обединетото Кралство 1926.
Ремзи МекДоналд
(втор мандат)
5 јуни 1929 24 август 1931 Лабуристи Го поставил првиот министер-жена, Маргарет Бонфилд; економски кризи по Пад на Волстрит 1929.
Ремзи МекДоналд
(трет мандат)
24 август 1931 7 јуни 1935 Националлабуристи Во неможност да ја задржи поддршката на лабуристите, дал оставка и бил повторно назначен за да формира нова Национална влада со поддршка од конзервативците и либералите. Бил истеран од Лабуристичката Партија.
Стенли Болдвин
(трет мандат)
Stanley baldwin.jpg 7 јуни 1935 28 мај 1937 Конзеревативци Управувал со абдикационата криза на Едвард VIII; започнал со ренаоружување, но подоцна бил критикуван заради недоволно наоружување откако Адолф Хитлер ги прекршил обврските по Версајскиот мировен договор.
Невил Чемберлен 60px 28 мај 1937 10 мај 1940 Конзервативци Се обидел да ја спречи Втората Светска војна со умирување на Германија; многу критикуван по инвазијата на Полска; дал оставка по неуспехот во формирање на Коалициона влада.
Винстон Черчил
(прв мандат)
10 мај 1940 27 јули 1945 Конзервативци Втора Светска војна; ја предводел Коалиционата влада; основање на Обединетите Нации; дал предлог кој потоа довел до Европската Унија.
Клемент Етли Clement Attlee.PNG 27 јули 1945 26 октомври 1951 Лабуристи Дал иницијатива за повоен консензус; спровел национализација на средствата; основање на Национална Здравствена Служба; ја проширил шемата за национално осигурување; независност на Индија и крај на британската улога во Палестина; основање на НАТО.
Винстон Черчил
(втор мандат)
26 октомври 1951 7 април 1955 Конзервативци Внатрешната политика прекината заради странски проблеми (Операција Ајакс, Востание Мау Мау, Малајска војна).
Ентони Идн Anthony Eden.jpg 7 април 1955 9 јануари 1957 Конзервативци Не успеал да ја спречи египетската национализација на Суецкиот Канал; извршил инвација на Египет, што довело до Суецката криза.
Харолд Мекмилан Macmillan.jpg 11 јануари 1957 19 октомври 1963 Конзервативци Обединетото Кралство аплицирало за членоство во ЕЕЗ за прв пат, но апликацијата ги поделила конзервативците и била отфрлена од Шарл де Гол, Претседател на Франција; Профумска афера.
Ерлот од Хоум
(од 1963 како Алек Даглас-Хоум)
Alechome.jpg 19 октомври 1963 16 октомври 1964 Конзервативци Бил ерл кога станал премиер, и се откажал од перството за да стане член на Народниот Дом.
Харолд Вилсон
(1st term)
Haroldwilson.jpg 16 октомври 1964 19 јуни 1970 Лабуристи Социјални реформи како легализација на абортусот и декриминализација на хомосексуалноста; прифатена Родезиската У.Д.Н.;, потоа напуштена, Национален План за стопанството; Девалвација на фунтата; основање на Отвирениот Универзитет; спор околу реформирање на синдикатите (Наместо неслога).
Едвард Хит Tedheath.jpg 19 јуни 1970 4 март 1974 Конзервативци Се повлекол од интервенција во индустријата; преговарал влез во ЕЗ; Насилството поради 'Немирите' на Северна Ирска зема најголем замав; Санингделски договор; Тридневна недела; свикал рани избори како контранапад против рударите-штрајкувачи.
Харолд Вилсон
(втор мандат)
Haroldwilson.jpg 4 март 1974 5 април 1976 Лабуристи Му ставил крај на спорот со рударите; Општествен договор со синдикатите по тема стопанство; Акт за Здравје и Безбедност на Работното Место; Подново преговарал услови за членоство во ЕУ, потоа референдумот од 1975 го ополоважува влезот; Северноморска нафта.
Џејмс Калаган James Callaghan.jpg 5 април 1976 4 мај 1979 Лабуристи Заем од ММФ за поддршка на фунтата; Либ-Лаб пакт; прошишал деволуција за Шкотска и Велс но референдумите го сопреле ова; односите со синдикатите се расипале во Зима на незадоволството.
Маргарет Тачер Thatcher-loc.jpg 4 мај 1979 28 ноември 1990 Конзервативци Прва жена-премиер на Обединетото Кралство; Фоклендска војна; ги продава општинските станови на станарите (право на купување); рударски штрајк 1984-5; приватизација на многу државни стопански гранки; им ги намалува моќта на синдикатите; Англо-ирски договор; Член 28; укинување на Општина Голем Лондон; преговори за Британски рабат кон буџетот на Европската Заедница; пад на Берлинскиот ѕид; „данок по глава“.
Џон Мејџор John-major.jpg 28 ноември 1990 2 мај 1997 Конзервативци Глобална рецесија; Заливска војна; ратификација на Мастрихтскиот мировен договор; присилно напуштање на Европски девизен курс („Црна среда“); Граѓанска повелба; кампања „Кон основата“; Мастрихтски бунтовници; Жешка линија Конуси; Акт за Опасни Кучиња.
Тони Блер Tony Blair.jpg 2 мај 1997 27 јуни 2007 Лабуристи Независност на Банката на Англија; Белфастки договор; Акт за Човекови Права; деволуција за Шкотска и Велс; Реформа на Домот на лордовите; основна плата; Косовска војна; Мајор на Лондон and ТериТориевцијална власт на Голем Лондон; Авганистанска војна; школарини; Ирачка војна; Акт за Граѓанско Партнерство

Премиери од XXI век[уреди]

Име Портрет Стапил на должност Отстапил должност Политичка партија Други вршени функции Белешки и клучни настани
Гордон Браун Gordon Brown portrait.jpg 27 јуни 2007 11 мај 2010 Лабуристи Прв Лорд-ризничар и Министер на јавната служба Автомобили-бомби во Лондон; Напад врз глазговскиот аеродром; епидемија на шап и лигавка (2007); поплави од 2007; зафрлање на податоци за детски додаток; Доноргејт; национализација на Нортерн Рок; Лисабонски договор; 42 дена притвор; 10% даночна стапка; Финансиска криза 2007–2010; скандал за парламентарните трошоци; апсење на Демјан Грин; пандемија на грип 2009; поплави од 2009; Чилкотово иследување.
Дејвид Камерон David Cameron - World Economic Forum Annual Meeting Davos 2010.jpg 12 мај 2010 Во служба Конзервативци Прв Лорд-ризничар и Министер на јавната служба Немнозински парламент

Наводи[уреди]

  1. „Government and Opposition roles“. Парламент на Обединетото Кралство. http://www.parliament.uk/about/how/principal/government_opposition.cfm. конс. 25 октомври 2008.  (англиски)
  2. Премиер“, „БиБиСи Вести“, БиБиСи, 16 октомври 2008 (конс. 25 октомври 2008). (англиски)
  3. „Поимник — Објаснувања на парламентарниот жаргон; Премиер“. Парламент на Обединетото Кралство. http://www.parliament.uk/about/glossary.cfm?ref=primemi_9901. конс. 25 октомври 2008.  (англиски)
  4. Hennessy (2001), стр. 39–40
  5. Clarke (1993), стр. 266
  6. Hennessy (2001), стр. 39
  7. Партии и премиери“, „БиБиСи Вести“, БиБиСи, 19 мај 1998 (конс. 12 октомври 2008). (англиски)
  8. Дејвид Камерон е британски премиер, БиБиСи на македонски (македонски)

Видете исто така[уреди]