Кралство Велика Британија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за историското кралство, пред Актите на унијата со Ирска од 1800 год. За современата земја, види Обединето Кралство. За островот, види Велика Британија.
Кралство Велика Британија

 

1707–1800
Знаме Кралски грб на Велика Британија
Местоположбата на  Велика Британија  (зелена)

in 1789 Европа  (зелена и темно сива)

Главен град Лондон
51°30′ СГШ 0°07′ ЗГД / 
Јазици Англиски (официјален), Корнски, Шкотски, Норн, Велшик
Уредување Унитарна парламентарна уставна монархија
Монарх
 -  1707–1714 Ан
 -  1714–1727 Џорџ I
 -  1727–1760 Џорџ II
 -  1760–1800 Џорџ III
Премиер
 -  1721–1742 Роберт Валпол
 -  1742–1743 Спенсер Комптон
 -  1757–1762 Војвода од Њукасл
 -  1766–1768 Вилијам Пит Постариот
 -  1770–1782 Лорд Норт
 -  1783–1800 Вилијам Пит Помладиот
Законодавство Парламент
 -  Горен дом Домот на лордовите
 -  Долен дом Долeн дом
Историски период XVIII век
 -  Акти на Унијата 1707 1 мај 1707
 -  Воспоставена унија со Ирска 1 јануари 1801
Површина
 -  1707–1800 230977 км²
Население
 -  1707 7000000 
     Густина 30.3 жит/км²
 -  1800 10500000 
     Густина 45.5 жит/км²
Валута Британска фунта
Денес во  Велика Британија
 Англија
 Шкотска
 Велс

Кралство Велика Британија познато и како Обединетото Кралство на Велика Британијанезависна држава во северозападна Европа, од 1707 до 1801 год. Независноста ја добил на 1 мај 1707 год., со политичко сојузништво со Кралството на Шкотска и Кралството на Англија (вклучувајќи го и Велс). Со Договорот за Унијата во 1706 год., (ратификуван во 1707 год. како Акти на унијата), се создало единствено, обединето кралство, кое го опфатило целиот остров и неговите помали оделени острови, при што ја отфрлил Ирска која останала оделено кралство под ново формираната британска круна. Новото кралство било контролирано од посебен парламент и влада сместени во Вестминстер. Поранешните кралства веќе ја имле поделено монархијата, откако Џејмс VI, Крал на Шкотите ја наследил Кралицата Елизабета I по нејзината смрт во 1603год. и станал Крал на Англија, со што ја придобил „Унијата на Круните“.

Новото кралство на Велика Британија било наследено од Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска на 1 јануари 1802 год., кога Велика Британија била обединета со Кралството на Ирска според Актот на унијата од 1800 год., по што следувало прикривање на Ирскиот бунт од 1798 год. Во 1922 год. поголем дел од Ирска ја напуштил Унијата, водејќи се со друго име на земјата во 1927 год., - Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Подоцнежните Британски земји, иако се со територијални промени, биле земени во предвид со директни продолжувања од Велика Британија отколку од успешните земји.

Име[уреди]

Во Договорот на унијата и подоцнежниот Акт на унијата јасно било истакнато дека Англија и Шкотска требало да бидат „Обединети во едно кралство под името на Велика Британија“. Тие исто така ја разгледувале новата земја под имињата „Едно кралство“, „Обединетото Кралство на Велика Британија“ и „Обединетото Кралство“. Веб локациите на парламентот на Обединетото Кралство, шкотскиот парламент, ББЦ и други кои вклучувале историски конотации, се повикувале на земјата создадена на 1 мај 1707 год., под името „Обединетото Кралство на Велика Британија“. Сепак, државата основана од унијата на Англија и Шкотска во 1707 год., се однесувала на кралството на Велика Британија.

Терминот обединето кралство се употребувал неформално за време на 18 век да се опише ново обединетата нација од Англија и Шкотска, но официјално станал дел од името после Актот на унијата од 1800 год. кога било назначено како име на земјата по обединувањето со Кралството на Ирска. Во 2006 год., историските конотации за Тајмс изјавиле дека Обединетото Кралство не постоело сè до 1800 год, до Актот на унијата со Ирска, иако една статија на нивната веб-локација се однесувала на Основањето на Обединетото Кралство на Велика Британија од 1707 год. Во 1927 год., пет години пред да се смени Британската независност, оддел во Јужна Ирска од Обединетото Кралство го отстранил треминот Обединето Кралство. Сè до 1953 год., ова не било обновено.

Политичка структура[уреди]

Кралствата на Англија и на Шкотска, кои датираат од 9 век, биле одделени држави сè до Актот на унијата од 1707 год. Меѓутоа, во 1603 год. тие се соединиле, кога Џејмс VI од Шкотска ја наследил неговата роднина Елизабета I и стана крал на Англија (под името Џејмс I). Според Стјуартската династија, посебна монархија владеела во Унијата на круните, односно на целиот остров на Велика Британија, која под влијание на англиската круна владеела и над Кралството во Ирска. Секое кралство имало свој парламент и закони (и покрај тоа што имало обид за обединување за време на меѓулвластието во средината на 17 век).

Поделбата се сменила драматично, кога на сила стапил Актот на унијата во 1707 год., со посебно обединето кралство и посебно обединет парламент. (Сепак, Ирска останала официјално одделена сè до Актот на унијата од 1801 год.) Успехот на британското кралство (и на Ирска) бил одреден со Англискиот акт за спогодба. Шкотскиот акт за безбедност, кој тема за расправа со Англија, завршил исто така со успех. Актот за спогодбата наведувал наследникот на англиското кралство треба да биде протестантски потомок на Избраничката Софија од Хановер (ова било главната причина за успехот на Хановер само неколку години по Унијата). Парламентот на Велика Британија, кој официјално ги застапувал парламентот на Англија и парламентот на Шкотска, ја овластувал законодавната власт. Меѓутоа, новото тело било продолжение на Англискиот парламент, со иста локација во Вестминстер, но сепак проширено за да го вклучи и претставништвото од Шкотска.

Како поранешен парламент на Англија и современ парламент на Обединетото Кралство, парламентот на Велика Британија бил составен од три елементи: Долен дом, Горен дом и Крал. Правото на англиската аристократија да седи во Горниот дом останало непороменето, додека на несразмерно големата шкотска аристократија и било дозволено да пратат шеснаесет претставници, избрани според нивниот број на претставници во секој парламент. Исто така, членовите на поранешниот Долен дом на Англија останале членови на Долниот дом на Британија, но (како резултат на поврзаниот данок заснован на две држави) бројот на шкотските претставници се намалил на четириесет и пет, споредбено со претходната бројка во Шкотскиот парламент. Новите благородници во Аристократијата на Велика Британија се стекнале со автоматско право за место во Горниот дом. И покрај крајот на парламентот во Шкотска, сепак, државата ги задржала своите закони заедно со судскиот систем по Унијата.

Односот со Ирска[уреди]

Како резултат на Законот на Поининг од 1495 год., парламентот на Ирска бил зависен од парламентот на Англија , а по 1707 год. од парламентот на Велика Британија. Исто така, во Актот за независноста на Ирска во Велика Британија од 1719 год., било наведено дека Горниот дом на Ирска неодамна ги присвоила власта и судството за да ,,се прегледуваат, поправаат и дополнуваат” пресудите на ирските судови. Во актот било објаснето како што кралството на Ирска било подредено и зависно од Британското Кралство, така Кралот преку Парламентот на Велика Британија ја имал ,,цела сила и авторитет да донесува закони и статути со целосна полноважност за да ги поврзи луѓето од Ирска со Кралството на Велика Британија”. Актот бил отповикан со укинувањето на Актот за безбедна независност во однос на Актот во Ирска од 1782 год. Истата година, ирскиот Устав од 1782 год. создал период на законодавна слобода. Сепак, Ирскиот бунт од 1798 год. ја нарушил таа слобода и бил еден од главните фактори за соединување на кралствата на Велика Британија и Ирска во 1801 год.

Велика Британија во 18 век[уреди]

Во 18 век, Англија, а од 1707год. Велика Британија, станала доминантна колонијална сила во светот, со Франција, која и станал главен ривал на владеачката сцена.

Обединување[уреди]

Политичкото обединување на Британија било главна цел на кралицата Ана, последната монархиња на Стјуартовата династија во Англија и Шкотска и првата монархиња на Велика Британија. Под заштита на Кралицата и нејзините советодавачи, Договорот за унијата бил составен и преговарањата помеѓу Англија и Шкотска почнале во 1706 год. Актот на унијата бил одобрен во 1707 год., обединувајќи ги парламентот и кралството на Англија со парламентот и кралството на Шкотска, со што било формирано Кралството на Велика Британија. Ана официјално станала првиот окупатор на обединетото британско кралство и според член 22 од Договорот на унијата, Шкотска испратила 45 членови во новиот Долен дом на Велика Британија.

Империја[уреди]

Смртта на Чарлс II од Шпанија, на 1 ноември 1700 год., неговиот наследник од Шпанија и неговото колонијално владеење до Филип од Анџои, внук на фракцускиот крал, ја зголемила можноста за обединување на Франција, Шпанија и нивните колонии, што претставувало неприфатлива можност за другите сили од Европа. Во 1701 год., Англија, Португалија и Холандија застанале на страната на Светата Римска Империја против Шпанија и Франција за време на Војната за шпанското наследство. Конфликтот траел сè до 1714 год., кога Франција и Шпанија изгубиле од новата земја Велика Британија. На заклучокот во Договорот од Утрехт, Филип и неговите потомци се откажале од наследството на француско кралство. Шпанија го загубила нејзиното кралство во Европа и иако го чувала кралството во Америка и Филипините, била непоправливо ослабната за една таква голема сила. Новата Британска Империја, според оние англиски колонии од 1707 год., била територијално проширена: Британија од Франција ги доби Њуфаундленд и Акадиа, а од Шпанија, Гибралтар и Минорка. Гибралтар, кој до денешен ден е британска прекуморска територија, станал поморска база и ѝ овозможува на Британија да ги контролира Атлантските влезни и излезни точки на Медитеранот.

Седумгодишната војна која почнала во 1756 год., била првата војна која доведе глобално подобрување и го виде британскиот однос со Европа, Индија, Северна Америка, Карибите и крајбрежјето на Африка. Потпишувањето на Договорот од Парис од 1763 год., имал важни последици за Британија и нејзината империја. Во Северна Америка, иднината на Франција како колонизациска сила била завршена со отстапувањето на територијата на Нова Франција на Британија, оставајќи доста голема популација на франкофони под британска контрола, и отстапување на Лузиана на Шпанија. Шпанија ѝ ја отстапила Флорида на Британија. Во Индија, Карнатската војна ја оставила Франција под контрола на нејзините енклави, но под воени рестрикции и обврска да ги поддржува Британските земји, препуштајќи ѝ ја на Британија иднината на Индија. Британската победа над Франција во Седумгодишната војна ја направиле Британија главна колонијална сила во светот.

Меркантилизам[уреди]

Меркантилизамот било главна политика наметната од страна на Британија за нејзините колонии. Меркатилизмот значел владата и трговците да се поврзат со цел да ја зголемат политичката сила и богатството, и исклучување на други империи. Владата ги заштитувала своите трговци и ги чувала од трговски бариери, одлуки и субвенции во домашната индустрија се со цел да ги зголеми извозите и да ги намали увозите во Кралството. Владата се борела со шверцувањето кое станало главна американска техника во 18 век за ограничување на тргувањето со французите, шпанците и холанѓаните. Целта на меркантилизмот била намалување на вишокот од тргувањето, при што злато и сребро ќе грга во Лондон. Владата започнала со такси и даноци. Владиниот приход бил наменет за врвната Кралска морнарица, која не само што ги заштитувала британските колонии туку и им се заканувала на колониите од другите империи па понекогаш и ги запленувала. Поради тоа Кралската морнарица го зафатила Нов Амстердам (подоцна Њу Јорк) во 1664 год. Колониите биле запленети пазари за британската индустрија, а целта била да се збогати татковината.

Американска Револуција[уреди]

Во времето на 1760-те и 1770-те, односите помеѓу Тринаесетте колонии и Британија биле прилично затегнати, најпрво поради гневот на Британскиот Парламент да ги оданочува американските колонии без нивна согласност. Несогласувањето се претворило во насилство и во 1775 год., започнала Американската војна за независност. Следната година, колониите изјавиле независност на Обединетите Држави и со економска и поморска помош од Франција победиле во војната во 1783 год.

Втора Британска Империја[уреди]

Загубата на Обединетите Држави, во време на најпопуларните колонии на Британија, го обележува преминот помеѓу првата и втората империја , каде што Британија го насочила своето внимание од Америка кон Азија, Пацификот и подоцна кон Африка. Во ,,Богатството на народите” од Адам Смит објавена во 1776 год., се зборува дека колониите биле излишни и дека слободната трговија требало да се замени со старите политики на трговците со што се карактеризира првиот период на колониското проширување, кое го датира протекционизмот на Шпанија и Португалија. Порастот на трговија помеѓу новите независни Обединети држави и Британија по 1783 год., го потврдуваат ставот на Смит дека политичката контрола била неопходна за економски успех.

Индија[уреди]

За време на првиот век на операции, друштвата во источна Индија се фокусирале на трговијата, а не на градење империја во Индија. Интересот на друштвата од трговија преминал во територија во 18 век кога силата на Кралството на Мигал се намалила и кога друштвата од источна Индија се бореле со својот француски двојник и француското друштво од источна Индија (Compagnie française des Indes orientales) за време на Карнатските војни од 1740-тите до 1750-тите години. Битката на Пласеј која ја пресече Британија, предводена од Роберт Клив, ги поразил французите и нивните сојузници, го оставил друштвото под контрола на Бенгал и на поголемата воена и политичка сила во Индија. Во следните децении, проширувањето на териториите се зголемио, владеејќи директно или индиректно преку локалните владетели под закана од нивните претседателски армии, од кои повеќето биле составени од тамошните индиски сепои.

Австралија[уреди]

Во 1770 год., Џејмс Кук го открил источниот брег на Автралија за време на истражувачкото патување кон јужниот Пацифик. Во 1778 год., Џозеф Бенкс, ботаничар на патувањето, изнел доказ пред владата за соодветноста на Ботаничкиот залив за основањето на строгата колонизација и во 1787 год., запловила првата испорака на докази, која пристигнаа во 1788 год.

Војување со Франција[уреди]

На прагот на 19 век Франција под Наполеон ја предизвикал Британија во битка, која за разлика од другите војни, претставувала натпревар на идеологии помеѓу овие две нации. Не била загрозена само позицијата на Британија на светската сцена: Наполеон се заканувал со напад врз самата Британија, а со тоа им препишал слична судбина и на земјите од континентална Европа дека неговите армии ќе ги окупираат. Во војните со Наполеон, Британија инвестирала големи суми на капитал и средства за да победи. Кралската морнарица ги блокирала француските порти.

Француската револуција ги заживеала религиозните и политички проблеми во Кралството на Ирска, под владеење на Кралот од Велика Британија. Во 1798 год., Ирските националисти почнаа Ирски бунт и верувале дека Франција ќе им помогне да ја поразат Британија. Вилијам Пит – помладиот, премиер на Британија, цврсто верувал дека единствено решение на проблемот е обединување на Велика Британија и Ирска. Тој го искажал овој став по поразот на Ирците со мала помош од Франција. Унијата била обединета со Договорот на унијата од 1800 год. а поддршката од Ирскиот парламент се обезбедила со компензацијата и заштитата. На 1 јануари 1801 год., Велика Британија и Ирска официјално се обединиле во едно кралство – Обединето кралство на Велика Британија и Ирска.

Монархија[уреди]

Ана (1707- 1714год.), претходно кралица на Англија, кралица на Шкотска и кралица на Ирска од 1702 год. Џорџ I (1714–1727год.) Џорџ II (1727–1760год.) Џорџ III (1760–1801год.), остана Крал на Обединетото кралство на Велика Британија и Ирска сè до неговата смрт во 1820 год.

Парламентот на Велика Британија[уреди]

Парламентот на Велика Британија се состоел од Горен дом, составен од негови членови и свештеници, и Долен дом, кој се избирал на неколку години. Во Англија и во Велс парламентарците останале непроменети сè до постоењето на Парламентот. За време на 18 век британскиот Устав значително се подобрил.

Аристократијата на Велика Британија[уреди]

Како резултат на Унијата од 1707 год., немало нови аристократи во Англија или Ирска. Англиските аристократи продолжиле да го бараат правото за влез во Горниот дом во Вестминстер, додека шкотските аристократи избирале претставници според нивниот дозволен број за во Горниот дом. Кралицата продолжила да ги бира аристократите, дали во новата аристократија на Велика Британија или во аристократијата на Ирска, но аристократските претставници имале право на место само во Ирскиот Горен дом.