Минстер (административен округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Минстер
Münster
—  Административен округ  —
Карта на North Rhine-Westphalia со округот Минстер
Земја Германија
Сој. покраина Северна Рајна-Вестфалија
Админ. центар Минстер
Површина
 • Вкупна 6.904,93 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 2.574.148 жит.
Портал bezreg-muenster.nrw.de

Минстер е еден од петте административни окрузи во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, кој се наоѓа на северот на покраината и е наречен по градот Минстер. Тој ја вклучува територијата, која во средновековието била позната како Драјнгау.

Округот Минстер ги опфаќа главно руралните земји од Минстерланд, кој е позната по неговите замоци, на пример: Замок Нордкирхен и Замок Ахаус. Округот нуди повеќе од 100 замоци, сите поврзани со велосипедска патека (100 Шлесер Рут/100 Schlösser Route).

Всушност, наједноставниот пат да го откриете Минстерланд е со велосипед. Најголемиот рамен предел со неговите архитектонски и културни богатства повикува на велосипедизам, за амбициозните патно возење (на пример:Минстерланд Џиро-трка) и релаксирани тури на земјени рурални патишта, Pättkes (мали патеки). Создадени се над 4.500 км долга мрежа на велосипедски патеки не се единствените најпопуларни рути, туку исто така има и мали и горени кружни тури низ округот. Софистицираната инфраструктура за велосипедистите со фарми Бед & Бајк, навигациони системи и сервис-станици го прават Минстерланд велосипедски рај.

Историјата на округот датира од 1815, кога еден од првичните 25 окрузи замислени како поделба на покраините на Прусија. Најголемата реорганизација на окрузите била направена во 1975, кога бројот на окрузи бил намален од 10 на 5 и бројот на слободните градови од шест на три.

Окрузи
Kreise
Слободни градови
Kreisfreie Städte
  1. Боркен
  2. Кесфелд
  3. Реклингхаузен
  4. Штајнфурт
  5. Варендорф
  1. Ботроп
  2. Гелзенкирхен
  3. Минстер

Клима[уреди]

Климата е главно морска, под влијание на Голфската струја. Температурите над 30°C за време на летото се ретки. Но, исто така, температурите во зима под нула се ретки.

Знаменитости[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  1. „Населеност на местата“. „Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија“. 6 Септември 2014. http://www.it.nrw.de/statistik/a/daten/bevoelkerungszahlen_zensus/index.html.  (германски)