Национален парк Долна долина на Одра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Долна долина на Одра
Nationalpark Unteres Odertal
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк Долна долина на Одра
Местоположба на Национален парк Долна долина на Одра
Местоположба во Бранденбург
МестоБранденбург,  Германија
Најблизок градШвет
ПовршинаВкупно 165 км2
Германија 105 км2
Полска 60 км2
Воспоставен(а)1997
Управно телоNationalparkverwaltung Unteres Odertal
Park 2
16303 Швет

Меѓународниот парк Долна долина на Одра е природен резерват кој се протега во Германија и Полска. Се протега на западните брегови на реката Одра во рамките на округот Укермарк во германската сојузна покраина Бранденбург, како и стрмните источни брегови во Грифинскиот и Полицкиот округ во Западнопоморското Војводство понасевер.

Германскиот дел од областа е Националниот парк Долна долина на Одра (Nationalpark Unteres Odertal). Постои информативен центар во Кривен, градска единица во Швет. Полскиот дел од областа е „Пејзажен парк Долна долина на Одра“ (Park Krajobrazowy Dolina Dolnej Odry).

Областа зафаќа 165 км2 (Германија 105 км2, Полска 60 км2); заедно со блиските природни резервати во Германија и Полска, вкупната област е 1.172 км2. Со одлука на германско-полскиот Совет за животна средина во 1992 министрите за животна средина на Германија, Полска и Бранденбург, како и војводата на Шчеќин го создале Меѓународниот парк Долна долина на Одра.

Поглед од Крајник Долни на полската страна од границата

На рамниот западен брег на Одра постојат неколку насипи, кои имаат за цел контролирање на нивото на водата и заштитуваат од поплави кои обично се можни во текот на зимата и пролетта. Водата тече слободно низ широките подрачја за поплавување до април, кога повторно се затвораат браните, а преостанатата вода се исушува.

Фауна[уреди | уреди извор]

Постои специјална заштитна област за птици.[1] Овие површини се живеалишта на птиците црн штрк, водно шаварче и косац. Постојат и животни како видри и дабари.

Флора[уреди | уреди извор]

Постојат растенија како субмедитеранскиот даб.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012) Important Bird Areas factsheet: Lower Oder valley. Downloaded from http://www.birdlife.org on 27/11/2012

Надворешни врски[уреди | уреди извор]