Лорена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лорена
—  Регион на Франција  —

Знаме
Земја Франција
Префектура Мец
Департмани
Управа
 • Претседател на советот Жан Пјер Масере (PS (Социјалистичка партија))
Површина
 • Вкупна 23.547 км2
Население (2007-01-01)
 • Вкупно 2.343.000 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП € 54 млрд (2006)[1]
БДП/жит € 23,300 (2006)[1]
NUTS FR4
Портал lorraine.eu

Лорена (француски: Lorraine; лоренски: Louréne; лоренски франконски: Lottringe; германски: Lothringen) е еден од 27-те региони на Франција. Тоа е административен регион со два града со еднакво значење, Мец и Нанси. Мец се смета за официјален главен град и во него се наоѓа регионалниот парламент. Името на регионот е дериват на средновековниот назив „Лотарингија“.

Регионот се состои од четири департмани: Мерт и Мозел, Меза, Мозел и Вогези и содржи 2.337 општини.

Историја на регионот[уреди]

Границите на областа наречена Лорена многу се менувале во текот на историјата. Во 843 г, Карло Велики умрел а Светото римско царство било поделено меѓу тројцата негови внуци. Едниот од нив Лотар, и неговото кралство, територија која се протегала од Фризија до Рим, било наречено Лотарингија. Во 870, било одлучено ова кралство да стане грофовија во рамките на Источна Франкија. Во 962, кога Ото Велики го возобновил царството (restauratio imperii), Лорена останала грофовија во рамки на Светото римско царство сé до 1766.

Катедралата Свети Стефан во Мец, главниот град на Лорена.

Лотарингија доживеала голем просперитет во текот на XII и XIII век во тек на владеењето на царевите од семејството Хоенстауфен но овој просперитет завршил во XIV век кога регионот бил зафатен од низа сурови зими, лоши приноси и болести како чумата. Во текот на Ренесансата, во Лотарингија повторно настапил период на просперитет во власта на Хабсбурговците, сé до Триесетгодишната војна Од 1766 до 1871 Лорена останала дел на Франција, и била причина на голем реваншизам. Населението било мешано, но сепак во голем дел луѓето зборувале на германски јазик. Национализмот бил во зародиш и како отпор против француската окупација на оваа територија посилно почнале да го чувствуваат својот германски идентитет иако порано се делеле на Баварци, Саксонци, Фризи и многу други. Од 1871, Германското царство освоило дел од регионот на Лорена (регион што одговара на денешниот департман Мозел). Овој регион бил наречен царска покраина Алзас-Лотарингија (Elsaß-Lothringen), што пак создало реваншистичко движење и во Франција. Во 1918, со Версајскиот договор, Германското царство претрпело големи територијални и друг вид загуби, вклучително и регионот Алзас-Лорен. Со ислкучок на периодот на Втората светска војна од 1939-1945, областа останала дел од Франција и властите силно го поттикнувале наметнувањето на францускиот јазик и култура за сметка на германскиот. Францускиот станал службен јазик и единствен јазик кој се изучувал во училиштата. Сепак, сé уште многу имиња на места, градови и улици носат германски имиња.

Развојот на границите на Лорена во модерната историја[уреди]

Лорена во 1870: Боите ги покажуваат оригиналните територии на департманите.

Регионот на Лорена е поширок од историската грофовија на Лорена, која постепено потпаѓала под француска власт меѓу 1737 и 1766. Денешниот регион вклучува покраини и области кои историски биле одвоени од самата грофовија Лорена. Тие се:

Случајот со Бароа бил најкомплициран: западниот дел на Бароа (западно од реката Меза), бил одвоен од остатокот на Бароа уште на почетокот на XIV век и потпаднал под француска власт. Од друга страна, поголемиот дел од Бароа (источно од реката Меза) бил војводството Бар, како дел од Светото римско царство кое било соединето со војводството Лорена во XV век со бракот на војводата од Бар, Рене I Неаполски, со ќерката на војводата од Лорена, Изабела. Оттука Лорена и Бар биле соединети преку личен сојуз под ист војвода, иако формално тие останале посебни сé до нивното приклучување кон Франција во 1766. Во тек на Француската револуција, биле создадени четири департмани на поголемиот дел на териториите на Бароа, Трите Бискупии и војводството Лорена: Меза, Мерт, Мозел и Вогези. По 1870 некои делови на Мозел и Мерт станале германски а деловите кои останале француски го оформиле новиот департман Мерт и Мозел. По 1918 Мозел повторно станал француски. Кога францускиоте региони биле создадени во средината на XX век, било одлучено Мерт и Мозел, Меза, Мозел и Вогези да се соберат во еден единствен регион, кој просто ќе се нарекува "Лорена".

Географија[уреди]

Долината Шажу

Лорена е единствениот француски регион кој се граничи со три држави: Белгија (Валонија), Луксембург, и Германија (Сарланд, Рајнска област-Пфалц). Таа исто така се граничи и со француските региони Франш-Конте, Алзас, и Шампања-Ардени. Местоположбата на Лорена се смета за стратешка бидејќи преставува крстосница на четири народа и имала мошне важна улога во креирањето на политиката во Европа. Поголемиот дел од регионот географски припаѓа на Парискиот басен. Источниот дел е повисок и таму се протега планинскиот масив Вогези. Повеќе реки течат по долината на Лорена меѓу кои: Мозел, Мерт, и Меза. Повеќето се притоки на Рајна. Лорена се карактеризира со океанска клима со континентални климатски влијанија.

Јазик и култура[уреди]

Тврдината во Лонгви, впишана како дел од Светското културно наследство на УНЕСКО како дел од Вобановите тврдини

Поголемиот дел на Лорена има јасен француски идентитет. Бизмарк припоил околу трретина од денешната Лорена кон Германското царство после Франко-Пруската војна. Областа позната како Мозел, имала култура која не е лесно да се класифицира дали е француска или германска, поседувајќи како романска така и германски дијалекти. Исто како и многу други погранични региони, така и во Лорена се испреплетуваат разни етникуми и дијалекти, кои понекогаш не се знае дали се повеќе француски или германски. И покрај што францускиот е единствениот службен јазик, локалните германски дијалекти преживеале во северниот дел на регионот. Тие како целина се познати како лоренски франконски дијалект (на француски се нарекува: francique или platt (lorrain)) и овој не треба да се меша со лоренскиот, романскиот дијалект кој се зборува во регионот. Овие дијалекти се разликуваат од соседниот алзашки јазик, на југ, иако честопати двата дијалекта лесно се мешаат. Историски, постојат две дијалектални семејства зборувани во германска Лорена. Во регионот се зборува како на мозелски така и на лоренски франконски дијалект. Тие се слични на соседните западни средногермански дијалекти кои се зборуваат во Луксембург и Германија. Како поголемиот дел на регионалните јазици на Франција (како бретонскиот, каталонскиот, провансалскиот и алзашкиот), така и лоренскофранконскиот мозелски дијалект нашироко бил заменет со францускиот јазик, особено кога францускиот како службен јазик бил воведен во рамки на училиштата во XIX и XX век. Сепак, постојат напори да се зачуваат овие дијалекти и денес некои од постарите луѓе сé уште ги користат.

Гастрономија[уреди]

Храна[уреди]

Употребата на компирот во Лорена е забележана уште во 1665 и тој се користи во многу јадења кои традиционално се готват во регионот. Чаденото месо (сланина, шунка, пршута) исто така традиционално се користи во голем број лоренски специјалитети, вклучително и лоренскиот киш. Специфична овошка на овој регион е сливата Мирабел (слива) која што е вид на бела слива и карактеристична за Лорена. Сливата се користи во пити и други десерти како и за производство на алкохолни пијалоци. Традиционални јадења на регионот се:

  • Quiche Lorraine
  • Pâté lorrain (Лоренска паштета, приготвена од свинско месо)
  • Potée lorraine (Лоренска чорба приготвена од чадено месо и колбаси, со зелка и друг зеленчук (компир, морков и други корени))
  • Andouille (вид чаден колбас од свинско месо)

Некои видови сирења исто така потекнуваат од Лорена како на пример: Carré de l'Est, Brouère, Munster-géromé... Десертите вклучуваат: Мадлен, Макарон, Рум-баба и разноразни пити (од боровинки, сливи и сл.)

Пијалоци[уреди]

  • Вино: Најпознатото лоренско вино е Côtes de Toul. Има виногради во долината на Мозел, долината на Сеј, долината на Мец, и долината на Сирк.
  • Пиво: Историски, Лорена поседувала многу пивници, вклучително и пивницата Шампињел, која датира од 20 јуни 1897.

Традиции[уреди]

Лорена има старо католично наследство и речиси секое село си има своја црква. Црковните ѕвона, кои го означуваат времето на ангелот господов – и обично одѕвонуваат на секој минат час – престануваат да ѕвонат во текот на Светата седмица. Тие се заменети со деца кои користат рачни ѕвонца додека изговараат C'est l'Angélus! (Тоа е Ангелот Господов). После Велигден, децата одат од куќа на куќа за да собираат ситни подароци. Во Лорена се прославува Синтерклаас, празник посветен на Свети Никола и кој традиционално се прославува на 5 декември а во некои области (Белгија), утрото на 6 декември.

Економија[уреди]

Со 44 милијарди евра, Лорена генерира 3.4% од францускиот БДП, и се наоѓа на 8 место меѓу 26 региони на Франција. Поледните години поголем растеж во економијата е забележан кај услужниот сектор додека традиционалните индустрии (текстил, рударство, металургија) беа во опаѓање и согласно тоа регионот доживеа поголема тешкотија во однос на порастот на стапката на невработеност која е приближна со онаа на национално ниво. Во 1997 последниот рудник за железо во Лорена, кој некогаш произведувал над 50 милиони тони железо, беше затворен.[2]

Лорена Франција
БДП 2000 44,3 милијарди евра 1,816 трилиони евра
Земјоделство 2,5% 2,8%
Индустрија 30,7% 25,6%
Услуги 66,8% 71,6%
Невработеност во јуни 2002 8,4% 9%

Поголеми градови[уреди]

Познати луѓе што потекнуваат од Лорен[уреди]

Уметност и литература[уреди]

Музичари, актери, спортисти[уреди]

Историски личности[уреди]

Види исто така[уреди]


Понатамошни четива[уреди]

  • Putnam, Ruth. Alsace and Lorraine: From Cæsar to Kaiser, 58 B.C.-1871 A.D. New York: 1915.

Надворешни врски[уреди]


Наводи[уреди]