Покраини во Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Царството Франција било поделено на покраини сè до 4 март 1790 година, кога се воспоставил систем на департмани. Француските провинции биле речиси еднакви на историските грофовии на Англија. Тие се оформиле во текот на многу илјадници години, односно со територијалниот развиток на Франција. Поради случајниот начин на кој се развивале провинциите, секоја од нив поседувала свои правила на феудални традиции, закони, системи на такси, судови и сл., при што овој систем ја забавувал ефикасната администрација на целата земја од Париз. За време на раните години од Француската револуција, во обид да се централизира администрацијата на целата земја, како и да се отстрани влијанието на француското благородништво на земјата, системот на провинции бил напуштен и заменет со систем на департмани, кој постои и денес.

Во одделни случаи, неколку современи региони или департмани ги имаат истите имиња како и историските провинции, а нивните граници грубо ја покриваат истата територија.

Список на поранешни покраини во Франција[уреди]

Списокот кој следува ги прикажува главните провинции на Франција во времето на нивното растурање за време на Француската револуција. Главните градови се прикажани во наводници. Задебелените градови укажуваат на тоа дека градот бил седиште на парламентот или суверениот конзулат, кои биле легислативни и правни тела. Во некои случаи, легислатурата се среќава во друг град од традиционалниот главен град. Некои од провинциите кои подоцна биле вклучени во рамките на Франција за време на револуцијата претходно не биле дел од Царството Франција.

Провинции во Франција во однос на современите граници на Франција. Некои од овие провинции не биле дел од Царството Франција, а особено околу границите имале различно протегање од она прикажано на картата.
  1. Ил де Франс (Париз)
  2. Бери (Бурж)
  3. Орлеане (Орлеан)
  4. Нормандија (Руан)
  5. Лангдок (Тулуз)
  6. Лионе (Лион)
  7. Дофине (Гренобл)
  8. Шампања (Троа)
  9. Они (Ла Рошел)
  10. Сентонг (Сент)
  11. Поато (Поатје)
  12. Гајена и Гаскоња (Бордо)
  13. Бургундија (Дижон)
  14. Пикардија (Амјен)
  15. Анжу (Ангер)
  16. Прованса (Екс ан Прованс)
  17. Ангумуа (Ангулем)
  18. Бурбона (Мулен)
  19. Марш (Герет)
  20. Бретања (Рен)
  21. Мен (Ле Ман)
  22. Турена (Тур)
  23. Лимузен (Лимож)
  24. Фуа (Фуа)
  25. Оверњ (Клермон Феран)
  26. Беарн (Пау)
  27. Елзас (Стразбур, cons. souv. во Колмар)
  28. Артуа (Арас)
  29. Русијон (Перпињан)
  30. Фландрија и Аино (Лил парламент во Дуа)
  31. Франш-Конте (Безансон)
  32. Лорена (Нанси)
  33. Корзика (ја нема на картата, Ајачо, cons. souv. во Бастија)
  34. Ниверне (Невер)
  35. Конта Венесен, папска територија (Авињон)
  36. Империјален слободен град Милуз
  37. Савоја, сардиниска територија
  38. Ница, сардиниска територија
  39. Монбелијар, територија на Виртемберг
  40. Троа-Евеше(не се на карта) (Мец, Тул и Верду).