Сикамбри

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сикамбрите (Sicambers, Sicambres, Sugambri или Sicambrians) биле германско племе кои живееле на област која денес се нарекува Холандија на почетокот на првиот милениум. По потекло од германско-келтската зона (cf. Северозападен блок), регионот во кој живееле станал франкиски до кај 3 век, поврзан со долнофранконските Салијци.

Историја[уреди]

Сикамбрите се појавиле во историјата околу 55 пне, за време на освојувањето на Галија од Гај Јулиј Цезар и неговото ширење на Римската империја. Цезар напишал во неговата книга Коментари за Галската војна дека на местото каде се спојуваат двете реки Рајна и Меза се случила битка на територијата на Менапиите со Тенктерите и Узипетите. Кога двете племиња ги нападнал тие со коњи побегнале и нашле прибежиште северно од реката со Сикамбрите. Цезар тогаш изградил мост преку реката за да ги казни Сикамбрите.

Клавдиј Птоломеј вели дека Сикамбрите, заедно со Бруктерите, биле на најсеверниот дел на Рајна и јужно од Фризија и го населувале северниот брег на реката. Страбон ги лоцира Сикамбрите веднаш до Менапиите, “на двете страни од реката Рајна близуб устието. Веднаш спротивно на овие Менапии се наоѓале Сикамбрите". Значи Сикамбрите мора да живееле подолу по Рајна на територијата што денес се нарекува Холандија.

Кога Цезар ги поразил Ебуроните, ги поканил сите народи кои биле заинтересирани да се уништат остатоците по нив. Сикамбрите одговориле на повикот. Тие оттука земале голем дел од добитокот, робови и друг вид плен. Цезар коментирал дека "овие луѓе се родени за војни", "Нив не ги сопирало ни мочуриштето ни калта ". Откако ги ограбиле Ебуроните тие се кренале против Римјаните. Уништиле неколку воени единици на Цезар, како одмазда за неговиот поход против нив и кога остатокот од легијата се повлекол во градот Атуатука Сикамбрите повторно поминале на другата страна на Рајна.

Во 16 пне. Нивниот водач Мело, брат на Беторикс, организирал напад и поразил една римска војска под команда на Марк Лолиј, што предизвикало реакција од страна на Римјаните а со тоа и ја поттикнало серијата на Германски војни. Подоцна Сикамбрите под водство на Дудорикс, синот на Беторикс, се придружиле на бунтот на Арминиј со кого ја докрајќиле Третата римска легија на Публиј Квинктилиј Вар.

Во 11 пне, дел од ова племе било натерано од страна на Нерон Клаудиј Друс да се премести на јужната страна на долна Рајна каде тие очигледно им се приклучиле и станале составен дел на Тунгрите пред да станат Франки.

Марцијал, во неговата книга Liber De Spectaculis, серија епиграми напишани за слава на игрите во Колосеумот за време на Тит или Домицијан, забележал дека таму учествувале многу народи, вклучувајќи и Сикамбри.

Сикамбрите во франкиската митологија[уреди]

Едно анонимно дело од 727 наречено Liber Historiae Francorum тврди дека после падот на Троја, 12,000 Тројанци предводени од водачите Приам и Антенор се преселиле кај реката Танаис (Дон), се населиле во Панонија близу до Азовското море и основале град наречен Сикамбрија. За само 2 генерации по падот на Троја (што модерните историчари го лоцираат во периодот на Доцно бронзено доба) тие стигнале кон крајот на 4 век пне. До реката Рајна. Варијација на оваа приказна исто така може да се прочита и кај Фредегарr, а воедно слични такви легенди продолжиле да се среќаваат постојано макар нејасно, низ средновековната европаска литература.

Овие приказни не се потврдени. Историчари, вклучувајќи и сведоци како Цезар, тврдат дека местото каде што биле населени Сикамбрите било устието на Рајна а археолозите потврдиле дека на посочените места имало човечко присуство во минатото. Освен тоа, оваа легенда не потекнува од самите Сикамбри, туку потекнува од подоцнежните Франки и вклучува неточна географија. Затоа повеќето од овие приказни се "чиста бесмислица" (Вуд). Поради овие причини, и бидејќи за Сикамбрите се знае дека биле Германи, а не Scythian како што тврди приказната, модерните историчари овие тврдења ги отфрлаат како неисториски легенди. На пример, Валас-Хадрил тврди дека "во оваа легенда нема историска суштина". Јан Вуд (Ian Wood) вели дека "овие приказни се обични легенди" и "бесмислени", "впрочем нема никаква причина да се верува во тоа дека Франките биле дел од некаква толку далечна преселба ".

Литература[уреди]

  • Johannes Heinrich: Sugambrer. In: Heinrich Beck, Dieter Geuenich, Heiko Steuer (Hrsg.), Reallexikon der germanischen Altertumskunde. Bd. 30. de Gruyter, Berlin – New York 2005, ISBN 3-11-018385-4.
  • Bruno Krüger (Hrsg.), Die Germanen – Geschichte und Kultur der germanischen Stämme in Mitteleuropa. Ein Handbuch in zwei Bänden. Bd. 1, 4. Auflage, Akademie-Verlag, Berlin 1983 (Publications of the Central Institute for Ancient History and Archaeology of the Academy of Sciences of the GDR, Bd. 4).
  • Alexander Sitzmann, Friedrich E. Grünzweig, Hermann Reichert (Hrsg.): Die altgermanischen Ethnonyme. Fassbaender, Wien 2008, ISBN 978-3-902575-07-4.
  • Reinhard Wolters, Die Schlacht im Teutoburger Wald. Arminius, Varus und das römische Germanien. Beck, München 2008, ISBN 978-3-406-57674-4.

Поврзано[уреди]

Надворешни извори[уреди]

Извори[уреди]

  • Јулиј Цезар - Коментари за Галската војна, особено Книга 6, поглавје 35
  • Martial - Liber De Spectaculis, 3
  • Тацит - Анали
  • Strabo - Geography
  • Птоломеј - Географија
  • Fredegar - The 4th book of the chronicle of Fredegar with its continuations, translated by J. M. Wallace-Hadrill. Books on Demand, reprint 2005.
  • Јан Вуд - Меровиншките кралства (Ian Wood - The Merovingian Kingdoms. Pearson Education, 1994).