Источногермански јазици

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Источногермански
Готски
Геог.
распростр.:
Источна Европа
Класификација: индоевропски
Гранки:
ISO 639-5: gme

Источногерманските јазици се група исчезнати индоевропски јазици од германското семејство. Единствениот познат пишан источногермански јазик е готскиот. Покрај овој, во источногерманските јазици спаѓаат вандалскиот, бургундскиот и кримски готски. Се сметка дека кримскиот готски се одржал сè до XVIII век.

Според Јордан, Прокопиј, Павле Ѓаконот и други летописци, но и според линвгистичките наоди (вид. Готски јазик), топонимите, и археолошките наоди, се смета дека источногерманските племиња кои ги говореле овие јазици дошле од Скандинавија и го населиле подрачјето помеѓу реките Одра и Висла во периодот околу 600 - 300 п.н.е. Впрочем, скандинавското влијание во Померанија и северна Полска од периодот III натаму било толку силно, што овој регион понекогаш се смета за дел од културата на нордиското бронзено време (Dabrowski 1989:73).

Раселувањето на германските племиња во периодот 750 п.н.е. – 1 г. н.е.
(според: Penguin Atlas of World History 1988)
 :
   Населувања пред 750 п.н.е.
   Нови населувања кон 500 п.н.е.
   Нови населувања кон 250 п.н.е.
   Нови населувања кон 1 г. н.е.

Постојат археолошки и топонимни докази дека Бургундите живееле на островот Борнхолм во Данска (нордиски: Borgundarholm).

Источногерманските племиња биле во сродство со северногермански племиња, ја напуштиле Скандинавија и се населиле источно од Елба (Вандали, Бургунди, Готи, Руги и други).[1]

Поврзано[уреди]

Белешки и наводи[уреди]

  1. The Penguin atlas of world history, Hermann Kinder and Werner Hilgemann; превел: Ernest A. Menze; картографи: Harald and Ruth Bukor. Harmondsworth: Penguin Books. ISBN 0-14-051054-0 1988. Том 1, стр. 109.

Наводи[уреди]

  • Dabrowski, J. (1989) Nordische Kreis und Kulturen Polnischer Gebiete. Die Bronzezeit im Ostseegebiet. Ein Rapport der Kgl. Schwedischen Akademie der Literatur, Geschichte und Altertumsforschung über das Julita-Symposium 1986. Ed Ambrosiani, B. Kungl. Vitterhets Historie och Antikvitets Akademien. Konferenser 22. Stockholm. ISBN 91-7402-203-2
  • Demougeot, E. La formation de l'Europe et les invasions barbares, Paris: Editions Montaigne, 1969–74.
  • Kaliff, Anders. 2001. Gothic Connections. Contacts between eastern Scandinavia and the southern Baltic coast 1000 BCE – 500 CE.
  • Musset, L. Les invasions: les vagues germanique, Paris: Presses universitaires de France, 1965.
  • Nordgren, I. 2004. Well Spring of The Goths. About the Gothic Peoples in the Nordic Countries and on the Continent.