Вандалски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Вандалски
Зборуван во Шпанија, Северна Африка
Исчезнување VI век
Семејство Индоевропски
Јазични кодови
ISO 639-1 нема
ISO 639-2 gem
ISO 639-3 xvn

Вандалскиот јазик е исчезнат германски јазик, веројатно близок на готскиот. Вандалите, Хаздинзите и Силинзите се населиле во Галеција (северна Португалија и Галиција) и во јужна Шпанија, по примерот на другите негермански народи (Визиготите, Аланите и Свевите), пред да се населат во Северна Африка во 429 г.

За вандалскиот јазик имаме многу оскудни податоци кои главно се состојат од мал број на лични имиња од вандалско потекло во шпанскиот јазик. Името на покраината Андалузија води потекло од Вандалите, а под маварска власт (VI-XV век) регионот се нарекувал „Ел-Андалус“.

Во XVI, XVIII и XIX век се верувало дека Словенците во Прекумурје, Шомоѓ и Ваш се потомци на Вандалите. Во документите на унгарски, латински и други јазици, прекумурскиот јазик (дијалектот на унгарските Словенци и Прекумурјето) се нарекувал „вандалски јазик“.[1]

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

  1. Francek Mukič - Marija Kozar: Slovensko Porabje, Mohorjeva družba, Цеље 1982.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици