Натанаил Кучевишки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Натанаил Кучевишки
Natanail-Ohridski-Plovdivski.jpg
свештеник од Бугарија и Македонија
Роден 26 октомври 1820
Кучевиште, Македонија
Починал 1906
Пловдив, Бугарија

Натанаил Кучевишки познат и како Натанаил Охридски и Пловдивски или Натанаил Зографски (родено световно име: Нешо Стојанов Бојкикев) (26 октомври 1820 - 18 септември 1906) е егзархиски митрополит на Бугарската Егзархија[1] и помaгач на македонското револуционерно ослободително движење во времето на големата источна криза.

Биографија[уреди]

Буквар славено-българскiй, Букурешт, 1865

Роден е во село Кучевиште, Скопско во 1820 година. Првобитно се школува во Скопје, Самоков и Прилеп. По замонашувањето во Зографскиот манастир на Света Гора (1837) завршува духовна семинарија во Одеса и духовна академија во Киев. Извесно време повторно престојува на Света Гора, а потоа управува со Добровецкито манастир во Молдавија.

По формирањето на Бугарската Егзархија е ракоположен за прв егзархиски митрополит во Охрид. За време на престојот во овој град (1874-1877) доаѓа до конфликт со Григор Прличев и тамошното граѓанство. Протеран е од Охрид во Цариград на почетокот на Руско-турската војна (1877-1878) од страна на турските власти кои се сомневале во неговата лојалност. Од таму тајно се префрла во Пловдив по неговото ослободување од руските војски каде ќе престојува кратко време. Потоа преку Софија пристигнува во Ќустендил и станува еден од организаторите на Македонското (Кресненското) востание. Формира доброволечки чети и благотворителни комитети во пограничните реони на Бугарија спрема Отоманската империја и се поврзува со познатите македонски војводи Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски.

Сепак во пресудните моменти застанува на страната на софискиот комитет „Единство“ кој ги застапувал бугарските интереси во Македонија, но неговите заложби успеваат да го спасат од ликвидација и да го ослободат од ќустендилскиот затвор Димитар Поп-Георгиев Беровски. По неуспехот на востанието егзархијата го назначува за управник во Ловчанската епархија. Од 1891 до крајот на животот е на функцијата митрополит во Пловдив.

Автор е на трудови со црковно-историски и автобиографски карактер каков што е „Жизнеописание митрополита охирдско-пловдискаго Натанаила-автобиографични бележки“.

Белешки[уреди]

  1. Натанаил Охридски - „Жизнеописание Митрополита Охридо-Пловдивскаго Натанаила (Автобиографични бѣлѣжки)“, София, 1909, Държавна Печатница, стр. 4

Надворешни врски[уреди]

„Жизнеописание митрополита охридско-пловдивскаго Натанаила. Автобиографични белешки“