Бугаризација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бугаризација се нарекува процесот на наметнување и утврдување на модерниот бугарски национален идентитет каков што постои во современата држава Бугарија: бугарска национална свест, бугарски јазик, обичаи и друго.

Бугаризацијата е последица на идеологијата на бугаризмот која се појавува во 18 век. Таа е насочена кон населението на териториjата каде покасно се формирала бугарската Егзархиjа, коjа се совпаѓа со земјите на подоцна замислената Сан-Стефанска Бугарија, а тоа се Тракија, Мизија и Македонија.

Приврзениците на бугаризмот се потпираат врз историското минато на Балканскиот Полуостров, при што културно-историското наследство од 7 век до денес, кое се спомнува како бугарско, се прогласува за наследство на денешните Бугари. Според идеологијата на бугаризмот, во времето на Првото бугарско царство (681 - 971) дошло до формирање на бугарска народност во која влегле пред се Словените и Прабугарите, а исто така и делови од другото балканско население (грцизирани и романизирани балканци, Грци, Ерменци,Траки, Власи, подоцна голем броj Кумани и мали групи од други племиња и народи), а сите територии на кои се простирало царството станале бугарски земји.

Бугаризација на Македонците[уреди]

Во Бугарија за зачетник на Бугарската преродба се смета калуѓерот Пајсиj Хиландарски со неговото божемно потекло од Банско, Пиринска Македонија. Првите појави на бугаризација кај Македонците се забележани пред средината на 19 век. Тогаш идеите за постоење на „словенска нација со бугарско име на Балканот“ ја прифатиле одреден број македонски интелектуалци кои биле под силно руско влијание (студенти во Русија) или одржувале блиски врски со бугарските национални водачи.

Бугаризацијата својот вистински замав го зема по 1871 год., кога голем дел од Македонија, бегајќи од асимилаторската политика на Цариградската патријаршија, се има ставено под јурисдикција на Бугарската егзархија, како поблиска и словенска црква.

Во матичните книги на родените, крстените, венчаните и починатите сите се запишуваат како „Бугари по род“. Во училиштата кои биле под директна егзархиска управа целата настава била насочена кон воспитување на децата во бугарски национален дух.

Некои од најпознатите македонски преродбеници, револуционери и научници, кои декларирале припадност кон бугарскиот народ пред и по 1878, се Христофор Жефаровиќ, Марко Теодоровиќ, Кирил Пејчиновиќ, Jоаким Крчовски, Неофит Рилски, Теодосиј Синаитски, Партенија Зографски, Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Димитрија и Константин Миладинови, Рајко Жинзифов, Григор Прличев, браќа Робеви, Кузман Шапкарев, Нако Станишев, Марко Цепенков, Натанаил Охридски, Димитар Поп-Георгиев Беровски, Христо Татарчев, Иван Снегаров, Тодор Александров, Љубомир Милетич, Андреј Љапчев, Димитар Талев, Венко Марковски и други.

Начини на бугаризација[уреди]

Бугаризацијата се врши насилно:

  • во времето на воените окупации на териториите надвор од границите на бугарската држава (Македонија, југоисточна Србија) вршена е насилна промена на имињата на локалното население, кое се подложува на задолжително образование во „бугарски национален дух“.
  • секојдневно во бугарските медиуми се води пробугарска кампања.

Борба против бугаризацијата[уреди]

Од самиот почеток се јавил отпор против традициите кои биле внесувани од Бугарија. Отпорот најчесто бил пасивен со тоа што Македонците барале во идниот бугарски национален идентитет да се вградат елементи и од македонските традиции и јазик. Со текот на времето отпорот станува поотворен и поагресивен, изразуван преку бунт на македонските ученици и учители против политиката на Егзархијата и на бугарската влада[се бара извор]. На крај до израз доаѓа отвореното барање за изградба на посебни македонски институции: македонска црква, македонски литературен јазик, македонски училишта.

Меѓу најистакнатите борци против бугаризацијата се Ѓорѓи Пулевски од Галичник, владиката Теодосиј Гологанов од Неврокопско, Крсте Петков Мисирков од Пелаи др.


Извори[уреди]

  • Стефан Влахов Мицов: Филозофски клуч за македонскиот идентитет [1][2][3]
  • Драган Ташковски: Кон етногенезата на македонскиот народ
  • Драган Ташковски: Раѓање на македонската нација
  • Александар Донски: Етногенетски разлики помеѓу Македонците и Бугарите
  • Георги Радуле: Историја на Македонија (апологија на македонизмот)
  • Георги Радуле: Кој ја фалсификува историјата

Надворешни врски[уреди]

  • Виртуелна библиотека со текстови од точката на гледање на македонските Бугари (односно бугаризираните Македонци) - врска.
  • Пример за бугаризација (Асимилација на Помаците во Бугарија, на бугарски јазик) [4][5]